Европа
Сестрата на последниот шеф на Коза Ностра осудена на 14 години затвор
Сестрата на починатиот сицилијански мафијашки бос, Матео Месина Денаро, е осудена на 14 години затвор за мафијашко здружување, објавија италијанските медиуми. Росалија Месина Денаро беше уапсена во 2023 година под сомнение дека играла клучна улога во мафијата предводена од брат ѝ.
69-годишната жена, исто така сопруга на затворениот мафијаш Филипо Гутадауро, ненамерно ѝ помогнала на полицијата да го најде брат ѝ во бегство благодарение на чкртаницата што ја скрила во ногарката на алуминиумското столче во својот дом. Полицијата ја пронашла додека таму се обидувале да скријат уред за прислушкување. Белешката открива дека брат ѝ боледува од рак, објави Би-би-си.

Матео Месина Денаро беше еден од најсуровите шефови на Коза Ностра. Исчезна во летото 1993 година, а следните 30 години ги помина во бегство. Инспекторите го бараа со години прислушувајќи ги членовите на неговото семејство и неговите пријатели, а неговата одлука да побара третман за ракот доведе до негово апсење во јануари 2023 година кога ја посети здравствената клиника во Палермо. По неколку месеци, тој починал во затворскиот оддел во болницата во Аквила.
Розалија, доверливата и алтер-его на Денаро, беше единствениот член на семејството што знаеше за дијагнозата на рак на свпојот брат пред да умре. Инспекторите веруваа дека токму таа играла голема оперативна улога во Коза Ностра, особено во последните неколку години од бегството на брат ѝ.
Таа е осомничена дека управувала со финансиите на мафијата и таканаречената мрежа на pizzini – шифрирани пораки исцртани на парчиња хартија за да се обезбеди комуникација меѓу шефовите и членовите на бандата. Росалија е мајка на Лоренца Гутадауро, адвокатка што го бранеше вујко ѝ, мафијашкиот бос, по неговото апсење.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Лавров: Западот мора да разбере дека Русија има стратешка иницијатива во Украина
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интервју објавено вчера вечер изјави дека Западот мора да разбере дека Русија има стратешка иницијатива во Украина, додека разговорите за можно решение за ставање крај на војната продолжуваат.
Лавров за новинската агенција РИА изјави дека Западот мора да се помири со реалноста на теренот речиси четири години по почетокот на руската инвазија на Украина, која ја опиша како „Специјална воена операција“.
Тој рече дека Соединетите Американски Држави сега ја поддржуваат идејата, која им стана јасна на сите, дека се потребни нови избори со истекот на мандатот на украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Лавров, исто така, повтори дека решението бара крај на секоја идеја за присуство на НАТО во Украина и дека земјата мора да прифати неутрален, неврзанички статус.
Европа
Медведев: Зеленски ќе мора да се крие до крајот на животот
По нападот со беспилотни летала врз резиденцијата на рускиот претседател Владимир Путин во регионот Новгород, Володимир Зеленски ќе мора да се крие до крајот на животот, напиша Дмитриј Медведев, заменик-претседател на Рускиот совет за безбедност.
„Овој смрдлив киевски гад се обидува да го саботира решавањето на конфликтот“, напиша Медведев во објавата.
The stinking Kiev bastard is trying to derail the settlement of the conflict. He wants war. Well, now at least he’ll have to stay in hiding for the rest of his worthless life.
— Dmitry Medvedev (@MedvedevRussiaE) December 29, 2025
Медведев, исто така, напиша дека Зеленски „сака војна“ и дека сега ќе мора да се крие „до крајот на својот безвреден живот“.
Европа
(Видео) Лукашенко се судри со играч за време на натпревар во хокеј: снимката од неговото паѓање стана вирална
71-годишниот белоруски претседател Александар Лукашенко падна на мразот за време на натпревар во хокеј. Снимката од инцидентот стана вирална на социјалните мрежи.
Снимката покажува како хокеар со број 68 случајно го удира Лукашенко, кој го носеше дресот со број 01, во грбот. По судирот, Лукашенко ја изгуби рамнотежата и падна на мразот, удирајќи ја главата на лизгалиштето.
Во тимот на Лукашенко, дресот со број 68 го носеше Јарослав Чуприс, поранешен играч на белоруската репрезентација. По падот, натпреварот беше накратко прекинат, а Чуприс побрза да му помогне на Лукашенко да стане. Неколку играчи од тимот, исто така, дојдоа до него.
Lukashenko spectacular fall on the ice — like a sack of potatoes 🤣
The ageing hockey player lost his balance, dropped his stick, fell on his back and managed to get up only with the help of another player — who had a unique chance to give Belarusians a perfect New Year’s gift. pic.twitter.com/d9oeuZdseA
— NEXTA (@nexta_tv) December 28, 2025
„Типична работна ситуација: мора да ги зајакнете сопствените редови за другите да размислат двапати. Сè е во ред. Се чувствувам добро, освен истегнатиот мускул на грбот. Се подготвувам за следниот натпревар“, рече Лукашенко по натпреварот.
Канцеларијата за односи со јавноста на Лукашенко објави дека натпреварот завршил нерешено 5-5 и дека синот на Лукашенко, Николај, го израмнил резултатот со гол триесет секунди пред крајот.

