Свет
СЗО: Сите треба да бидеме загрижени поради индискиот сој на коронавирус
Светската здравствена организација (СЗО) го класифицира индискиот сој на коронавирусот, исто така познат како двоен мутант, како можност од нова глобална загриженост, пренесува Би-би-си.
Според првичните истражувања, варијантата Б.1.617 многу лесно и бргу се шири за разлика од другите соеви и бара дополнителни студии.
СЗО наведува дека овој вид веќе се проширил во повеќе од 30 земји.
Другите три вида коронавирус од Велика Британија, Јужна Африка и од Бразил беа оценети на сличен начин.
Индискиот вид покажува дека лесно и бргу се пренесува, предизвикува потешка клиничка слика, а забележлива е и намалена ефикасност на терапиите и вакцините, односно активност на антителата.
Овој сој во моментот се анализира за да се утврди дали е одговорен за огромното зголемување на случаите во Индија, каде што болниците и крематориумите се пренатрупани, пренесуваат медиумите.
Според последните податоци, во Индија се регистрирани 366.161 нов случај на заразени од коронавирус, а починале 3.754 лица.
Експертите велат дека реалните бројки се веројатно многу повисоки од регистрираните.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Еди Рама оттурна новинарка, не му се допадна прашањето што му го постави
Албанскиот премиер Еди Рама за време на прес-конференцијата ја оттурна новинарката бидејќи, според локалните медиуми, не му се допаднало прашањето што таа му го поставила.
Како што пренесува „Газета 10“, Еди Рама ја турнал репортерката на телевизијата СИРИ откога таа му поставила прашање.
Наводно новинароката го прашала премиерот „зошто парите на албанските даночни обврзници одат во новото пристаниште, а во сегашното пристаниште Драч се продаваат станови на приватни инвеститори“.
По тоа, дошло до физички контакт, а сè се случило додека бил опкружен со новинарски екипи.
A disgusting, yet no surprising gesture of #Albania PM, @ediramaal harassing a female journalist today. pic.twitter.com/0DFuUOzDwX
— Xhemajl Rexha (@xhemajl_rexha) March 19, 2024
„Ве молам, не допирајте ме повеќе“, рекла новинарката додека Рама си заминувал по инцидентот, пренесува „Блиц“.
Свет
Во Мексико нападната шефицата на полицијата на автопат, ѝ ја отсекле главата
Мексиканските власти вчера објавија дека една шефица полицајка и нејзините двајца помошници биле убиени при напад на автопат во државата Мичоакан. Агенцијата за државна безбедност на социјалните мрежи објави дека тројца полицајци биле убиени за време на должноста во неделата вечерта, пишува „Си-би-ес њуз“.
Меѓу нив беше и Кристал Гарсија Хуртадо, регионален полициски командант. Локалните медиуми јавија дека напаѓачите ѝ ја отсекле главата.
„Го осудуваме кукавичкото убиство на нашите колеги од полицијата, кои беа брутално нападнати додека ја извршуваа својата должност“, се вели во објавата на социјалните мрежи, во која се идентификувани другите две жртви како Ицел Мадеро Лареа и Давид де Хесус Еспиноза Валдез.
Нападот се случил на автопатот што ги поврзува градовите Пацкуаро и Уруапан. Државното обвинителство на Мичоакан, кое ја води истрагата, веднаш не го коментира инцидентот. Мичоакан има голем проблем со конфликтите меѓу бандите. На почетокот на овој месец тројца земјоделци беа разнесени со бомба.
Тоа се случи само неколку дена откако претседателот Андрес Мануел Лопез Обрадор призна дека импровизирана експлозивна направа убила најмалку четворица војници, во, како што рече, стапицата што веројатно ја поставил картелот Мичоакан. Во февруари двајца кандидати за градоначалник на градот Мараватио беа убиени за неколку часа еден од друг.
Свет
Лојд Остин: Нема да дозволиме Украина да пропадне
Американскиот министер за одбрана, Лојд Остин, на состанокот на контакт-групата за одбрана на Украина изјави дека Вашингтон нема да дозволи Украина да пропадне.
„САД нема да дозволат Украина да пропадне. Оваа коалиција нема да дозволи Украина да пропадне“, рече Остин на почетокот на состанокот на претставниците на 50-те земји, кои обезбедуваат воена помош за Украина, пренесува „Ројтерс“.
Средбата се одржува во американската воена база во Рајмштајн, Германија.