Свет
Силен земјотрес ја погоди Колумбија

Земјотрес со јачина од 6,6 степени ја погоди Колумбија.
Колумбискиот геолошки институт (SGC) извести дека епицентарот е регистриран во Карипското Море, на 41 километар од градот Аканди, а земјотресот се случил во 10:05 часот по локално време, на длабочина од 30 километри од земјата.
Неколку минути подоцна, земјата ја погоди и друг земјотрес со јачина од 4,6 степени со епицентар во Карипското Море, соопшти SGC.
Засега нема информации за жртви или евентуална материјална штета.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Руди Џулијани тешко повреден во сообраќајна несреќа во САД

Поранешниот градоначалник на Њујорк, Руди Џулијани (81), е повреден во сообраќајна несреќа во американската држава Њу Хемпшир, јавува Би-би-си.
Според извештајот на локалната полиција, Џулијани бил на совозачкото седиште во Форд Бронко кога нивното возило било удрено од друго возило во американскиот град Манчестер.
Неговиот телохранител Мајкл Рагуса даде изјава во која детално ја опишува сериозноста на неговите повреди: „Му беше дијагностицирана фрактура на торакален пршлен, повеќекратни посекотини и контузии, како и повреди на левата рака и долниот дел од ногата“, рече тој.
Полицијата потврди дека сите вклучени во несреќата биле однесени во болница со повреди кои не биле опасни по живот. Рагуса додаде дека несреќата се случила кратко откако Џулијани ѝ помогнал на жртва на семејно насилство која го запрела на патот.
„Градоначалникот Џулијани веднаш пружил помош и се јавил на 911“, се вели во соопштението.
Полицијата во Њу Хемпшир потврди дека нивните полицајци истражувале извештај за семејно насилство кога биле сведоци на судир на спротивната страна од патот. „Како резултат на судирот, двете возила слетале на зелениот појас и биле сериозно оштетени“, соопшти полицијата. Истражителите го идентификувале возачот кој е виновен, но не се поднесени обвиненија и истрагата е во тек.
Руди Џулијани го доби прекарот „Градоначалник на Америка“ откако го водеше Њујорк за време и по терористичките напади на 11 септември 2001 година. Подоцна стана советник, а потоа и личен адвокат на Доналд Трамп, но нивната врска оттогаш заврши.
фото: принтскрин
Свет
(Видео) Автомобил се забил во рускиот конзулат во Сиднеј

Автомобил се забил во рускиот конзулат во Сиднеј, а едно лице поврзано со судирот е уапсено, објави утрово австралискиот телевизиски канал „Скај њуз“.
A man has allegedly driven an SUV through the gates of Sydney’s Russian Consulate in Woollahra, with a police constable injured in the altercation and residents describing a sizeable police operation. Here's more: https://t.co/FFSE4uhpy7 pic.twitter.com/SdflMfXFKD
— The Australian (@australian) September 1, 2025
Телевизиските снимки покажаа напуштен автомобил со еден скршен прозорец покрај руски јарбол во она што локалните медиуми го објавија како руски конзулат во предградието Вулахра во Сиднеј, пренесуваат медиумите.
Портпаролот на полицијата изјави дека едно лице е уапсено во врска со судирот.
фото: принтскрин
Свет
Проститутка бришела мртов маж со влажни марамчиња, го облекла, па побегнала, умрел од природна смрт

56-годишен маж починал од природна смрт во гарсониера во градот Л’Аквила, Италија, каде престојувала 58-годишна проститутка. По неговата смрт, жената се обидела да го „постави“ телото, го избришала со влажни марамчиња и го облекла, а потоа замолила случаен минувач да повика брза помош и избегала.
Инцидентот се случил околу полноќ, пред две ноќи, на улицата Виа Стринела. Полицијата брзо ја лоцирала жената и ја реконструирала целата ситуација. Првичните наоди од истрагата покажуваат дека мажот починал од болест, без знаци на насилство.
Полицијата откри дека 24-годишен млад маж од Гвинеја повикал брза помош по барањето на жената, но тој нема никаква врска со смртта. Лекарите од итната помош можеле да ја потврдат смртта само по пристигнувањето на местото.
Иако првично се сомневаше на насилна смрт поради бегството на жената, обдукцијата потврди дека причината за смртта била природна. Во станот не се пронајдени дрога или други супстанции кои би предизвикале смрт. Телото му беше предадено на семејството за погреб.
Заменик-обвинителката Роберта Д’Аволио потврди дека жената нема да биде под истрага, бидејќи нејзините постапки немале влијание врз исходот. Сепак, можни се дополнителни проверки во врска со легалноста на активностите во станот.