Свет
Силувани две тинејџерки на Велигден во Британија, полицијата повикува да се инволвираат сведоци
Две тинејџерки биле силувани за време на велигденскиот викенд во Велика Британија. За ова дело е уапсено 17-годишно момче.
Двете тинејџерки биле во близина на улицата Парк, Ејлсбери, а инцидентот се случил помеѓу 21.30 и 22.10 часот во саботата.
17-годишен маж од Лејтон Базар, Бедфордшир, бил уапсен под сомнение за две точки од обвинението за силување, но е пуштен со кауција.
„Ова е загрижувачки инцидент, но би сакал да ја уверам заедницата дека спроведуваме темелна истрага. Би ги замолил сите што имаат надзорни камери да ја гледаат нивната снимка и да стапат во контакт со нас доколку видат нешто што би можело да помогне во нашите истраги“, рече детективот Томас Бут.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Адолф Хитлер води на изборите во Намибија
Политичар по име Адолф Хитлер Уунoна е пред убедлива победа на локалните избори во Намибија. Според изборната комисија, тој се очекува да го задржи мандатот на изборите на 26 ноември. На претходните избори во единицата Омпундја освои 85% од гласовите.
Уунона, член на владејачката партија SWAPO, претходно изјави дека како дете мислел дека неговото име е „нормално“ и нагласи дека нема никаква врска со нацистичката идеологија. Објасни дека татко му го дал тоа име без да знае што претставува.
Тој рече дека денес се претставува како Адолф Уунона и дека е „предоцна“ да го смени името поради службената документација. Уунона нагласи дека неговиот политички ангажман е спротивен од оној на неговиот историски имeњак — се приклучил во борбата против апартхејдот.
Намибија, поранешна германска колонија, сè уште има многу германски имиња и топоними.
Свет
САД распоредуваат војска близу Венецуела по прогласувањето на Мадуро за терорист
Администрацијата на Доналд Трамп би можела да добие проширени овластувања кон Венецуела откако САД го прогласија претседателот Николас Мадуро и неговите сојузници дел од странска терористичка организација „Cartel de los Soles“, пренесе CNN. Ова овозможува дополнителни санкции, но не и автоматско одобрување за употреба на смртоносна сила.
Американски претставници тврдат дека одлуката им дава пошироки воени опции во рамки на операцијата „Јужно копје“, во која во регионот се распоредени повеќе од десетина воени бродови и околу 15.000 војници.
Трамп добил различни предлози за дејствување, вклучувајќи удари врз воени или државни цели во Венецуела, но и опциja да не се интервенира. Во меѓувреме, високи воени претставници го посетија Порторико како поддршка на мисиите на Карибите.
Анкета на CBS News/YouGov покажува дека 70% од Американците се против воена акција во Венецуела. Според американски официјален претставник, Трамп се надева дека притисокот ќе го натера Мадуро да се повлече без директна интервенција.
Како знак на зголемени тензии, САД изведоа најголема воздушна демонстрација во близина на Венецуела, а три авиокомпании откажаа летови по предупредување на FAA за „потенцијално опасна ситуација“ над земјата.
Свет
Украинската амбасада: Нема планови за посетата на Зеленски на САД
Украинската амбасада во Вашингтон соопшти за „Kyiv Independent“ дека засега нема планови за посета на украинскиот претседател Володимир Зеленски на САД, но дека ниту една опција не е исклучена.
Одговорот следи по извештаите во американските медиуми дека Зеленски би можел да отпатува во САД оваа недела за разговори со американскиот претседател Доналд Трамп за мировните напори.
Според наведените извештаи, Зеленски и Трамп требало да разговараат за чувствителните делови од мировниот план поддржан од САД, кој предизвика негативни реакции поради условите што се смета дека ѝ одат во прилог на Русија.
Првичниот документ од 28 точки е намален на 19 точки по вчерашните консултации меѓу украинските и американските претставници во Женева.

