Европа
Синовите го скриле мртвиот татко во пештера за да му земаат месечна пензија од 3.000 евра: телото го пронашле планинари во Италија
Телото на Бруно Делнегро (81), кој почина од природна смрт, го пронајдоа двајца канадски планинари во јули минатата година во пештера на речиси 350 километри од неговиот дом во градот Трани.
Се верува дека Бруно починал неколку дена пред тоа, пишуваат италијанските медиуми.
Наместо да ја пријават неговата смрт, неговите синови Бенито, Доменико и Салваторе и девојката на еден од нив наводно го ставиле телото во вреќа за спиење и го оставиле на оддалечено место со цел да продолжат да ја собираат неговата месечна пензија од 3.000 евра, пишуваат медиумите.
Тројцата синови и девојката се под истрага под сомнение дека ги измамиле пензиските власти и незаконски користеле банкомати, пишува „Гардијан“.
Полицијата првин не можела да го утврди идентитетот на телото, па во април било одлучено мажот да биде погребан на гробиштата со ознака „непознато лице“.
Единствената трага бил имплантот на протеза пронајден за време на аутопсијата, што ѝ дал на полицијата некаква трага.
По откривањето на идентитетот на починатиот, полицијата дошла кај неговите синови. Надзорната камера снимила автомобил во сопственост на еден од синовите во областа Абруцо во моментот на смртта на Бруно. Се верува дека го користеле за да го пренесат телото на таткото на оддалечената локација.
Бруно, кој работел за локалната здравствена управа во Трани, се верува дека бил врзан за кревет некое време пред неговата смрт. Полицијата верува дека неговите синови биле мотивирани од неговата пензија, која заедно со неговите заштеди им донела повеќе од 60.000 евра минатата година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц ја откажа изборната кампања и ги посети поплавените региони во Германија
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ги посети поплавените региони во западната германска сојузна покраина Сарланд, каде обилните дождови предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето, а неколку згради беа евакуирани.
Шолц ја откажа својата изборна кампања во Сар, на границата со Франција, и наместо тоа, го обиколи делумно поплавениот пат во селото Клајнблитерсдорф заедно со регионалниот гувернер Анке Релингер.
Тој ја потврди солидарноста на сојузната влада со Сарланд.
„За жал, не е првпат да треба да се справиме со голема природна катастрофа, па ќе разгледаме што треба да се направи овде и што е неопходно“, им рече Шолц на новинарите.
Службите за итни случаи одговорија на илјадници повици за помош во главниот град на покраината, Сарбрикен.
Европа
Напаѓачот на Фицо доби мерка притвор за да не побегне и да не го повтори делото
Специјалниот кривичен суд во словачкиот град Пезинок, со силно полициско обезбедување денеска му одреди притвор на 71-годишниот Словак Јурај Цинтула, кој на 15 мај годинава во градот Хандлова со пет истрели го застрела премиерот Роберт Фицо и тешко го рани во стомакот.
Притворот за осомничениот е побаран поради опасност да не избега или да го повтори делото.
Осомничениот за нападот врз словенечкиот премиер Јурај Цинтула денеска призна вина.
Адвокатите предупредија дека признавањето на вината е спорно, бидејќи Цинтула веднаш по атентатот и апсењето бил сослушан во шок, без присуство на адвокат.
Европа
Премиерот Фицо уште е во животна опасност, напаѓачот призна вина
Осомничениот за нападот врз словенечкиот премиер Јурај Цинтула денеска пред Специјализираниот кривичен суд во градот Пежинок призна вина. Состојбата на премиерот Фицо и понатаму е сериозна.
Обвинителството вчера побара притвор за 71-годишниот Цинтула поради евентуално бегство или повторување на кривичното дело. Напаѓачот беше спроведен под силно полициско обезбедување, а ниту на новинарите им беше дозволен влез во Судот.
Премиерот на Словачка, Роберт Фицо на 15 мај беше застрелан во градот Хандалова додека се поздравуваше со насобраниот народ. Цинтула веднаш по нападот е приведен.
Тој се соочува со обвинение за обид за убиство од одмазда, за што е предвидена казна од 25 години до доживотен затвор.
Словачките политичари изјавија дека нападот врз Фицо не е политички мотивиран.