Свет
Сорос: Трамп сака да стане диктатор
Американскиот милијардер и либерален активист Џорџ Сорос е загрижен за ЕУ, за кинескиот народ, но и за намерите на претседателот на САД, Доналд Трамп.
На прашање на „Индепендент“, со оглед на тоа дека видел многу кризи, може ли пандемијата на Ковид-19 да се спореди со некои од нив, тој одговори негативно.
„Не, ова е криза на мојот живот. Дури и пред ударот на пандемијата сфатив дека сме во револуционерен момент кога дури и невозможното во нормални времиња стана не само можно, туку и веројатно целосно неопходно“, рекол Сорос, додавајќи дека тогаш сфатил дека Ковид-19 во селост ги нарушил животите на луѓето и бара навистина поинакво однесување.
Тој оценил дека е загрозен опстанокот на нашата цивилизација. Со оглед дека низ историјата имавме неколку пандемии, Сорос рекол дека е неверојатно како некои земји биле неподготвени за пандемијата.
„Дури и кога ќе се направи вакцината, ќе мораме да ја менуваме секоја година, затоа што најверојатно вирусот ќе се менува. Тоа го правиме со вакцината за грип секоја година“, вели милијардеро.
Според него, никој не знае како ќе се прилагоди капитализмот.
„Кризата може да ги зближи луѓето на долги патеки. Моментално луѓето ги води стравот. И стравот ги тера луѓето да си наштетат себеси. Тоа е вистина индивидуа, но и институција, нација и самото човештво“, објаснува тој.
Тоа што Кина и САД меѓусебно се обвинуваат, според Сорос, ги комплицира работите, бидејќи, како што вели, би требало заедно да работиме на климатските промени и развојот на вакцината.
„Изгледа дека не можеме да соработуваме, зошто веќе постои натпревар кој прв ќе ја развие и користи вакцината. Факт е дека имаме два различни системи на владеење, демократски и автократски. Многу луѓе велат дека треба да соработуваме со Кина, но јас не сум за тоа. Мораме да го заштитиме нашето демократско отворено општество. Истовремено, мораме да најдеме начин за соработка за борба против климатските промени и коронавирусот. Тоа нема да биде лесно. Се сочувствувам со кинескиот народ бидејќи е под доминација на диктатор, претседателот Шји Џјинпинг. Мислам дека поголем дел образовани Кинези се лути на тоа, особено на тоа што тој го држеше Ковид-19 во тајност сè до Кинеската нова година“,додав а Сорос.
На констатацијата на „Индепендент“ дека ни претседателот Трамп не се однесува многу репрезентативно во поглед на слободното и отворено општество, Сорос вели дека тоа е слабост за која се надева дека нема да трае долго.
„Доналд Трамп би сакал да биде диктатор. Но не може бидејќи луѓето го почитуваат Уставот на САД и тоа ќе го спречи да преземе одредени работи. Тоа не значи дека нема да се обиде, зошто тој всушност се бори за својот живот. Исто така би рекол дека се надевам дека Трамп ќе се уништи себеси и дека ги надминал моите очекувања“, порача Сорос.
Тој особено е загрижен за ЕУ, зошто е некомплетна унија и натаму во процес да биде направена и никогаш довршена и поради тоа е посебно ранлива.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Сали и Бегај разговараа за политичката состојба и европската интеграција на двете земји
Првиот заменик‑претседател на Владата, Беким Сали, оствари официјална средба со Претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, на која се дискутираше за актуелната политичка ситуација и за соработката помеѓу двете земји.
За време на средбата, двете страни разменуваа мислења за политичките случувања и за продлабочувањето на институционалната соработка помеѓу Северна Македонија и Албанија.
Првиот заменик‑претседател на Владата, Сали, истакна дека Албанците во Северна Македонија се претставени на најдобар можен начин, играјќи активна и конструктивна улога во државните институции, придонесувајќи во донесувањето одлуки и во клучните процеси кои се поврзани со стабилноста, демократскиот развој и европската перспектива на земјата.
На средбата беше нагласено дека Република Северна Македонија и Република Албанија, покрај тоа што се соседни и пријателски земји, имаат и заеднички аспирации во процесот на европска интеграција.
Свет
Две жртви во трамвајската несреќа во Милано, истрагата насочена кон возачот
Во тешка несреќа во Милано загинаа две лица, а 39 се повредени откако трамвај излета од шините и удри во зграда на улицата „Виале Виторио Венето“, во близина на „Порта Венеција“.
Една од жртвите е 60-годишен пешак кој останал приклештен под возилото, додека вториот загинат е патник кој починал во болница од здобиените повреди.
Истрагата е насочена кон возачот, кој наводно изјавил дека му се слошило непосредно пред несреќата. Се проверува можноста за ненадејна здравствена состојба, особено затоа што трамвајот ја прескокнал последната станица пред свиокот. Првичните проверки не покажале технички дефект.
Градоначалникот на Милано, Џузепе Сала, изјави дека најверојатно причината не е механички проблем и дека станува збор за ново возило управувано од искусен возач. Отворена е истрага.
Несреќата предизвика реакции од италијанските власти, кои изразија сочувство и најавија целосно утврдување на околностите.
(Видео) Трамвај излета од шините во Милано: загина пешак, речиси 40 повредени
Свет
Бил Клинтон сведочеше за Епстин: Ништо не видов и не направив ништо погрешно
Поранешниот американски претседател Бил Клинтон сведочеше пред Одборот за надзор на Претставничкиот дом во рамки на истрагата за починатиот финансиер и осуден сексуален престапник Џефри Епстин.
Во воведното обраќање, Клинтон изјави дека ништо не видел и дека не направил ништо погрешно, нагласувајќи дека неговото познанство со Епштајн било кратко и завршило години пред злосторствата да станат јавни.
„Знам што видов и, уште поважно, што не видов. Знам што направив и, уште поважно, што не направив. Не видов ништо и не направив ништо погрешно“, рече Клинтон. Тој најави дека на дел од прашањата веројатно ќе одговори со „не се сеќавам“, бидејќи од неговите контакти со Епстин поминале повеќе од 20 години.
Сведочењето се одржува зад затворени врати во Њујорк, но се снима и најавено е објавување на снимката. Претходно сведочеше и неговата сопруга Хилари Клинтон, при што расправата меѓу демократите и републиканците доби и политичка димензија.
Демократите побараа и актуелниот претседател Доналд Трамп да сведочи, тврдејќи дека неговото име често се појавува во документите поврзани со случајот. Трамп негира каква било поврзаност со злосторствата на Епштајн.
Фото: Depositphotos

