Свет
Трудо за украинскиот нацист: „Тоа што се случи во парламентот е голем срам“
Фактот дека Украинец што се борел во нацистичка единица во Втората светска војна бил поканет во канадскиот парламент е голем срам за Канада, изјави премиерот Џастин Трудо.
98-годишниот Јарослав Хунка доби овации кога претседателот на долниот дом, Ентони Рота, го нарече херој за време на посетата на украинскиот претседател, Володимир Зеленски.
Рота рече дека не знаел за нацистичките врски на Хунка и дека згрешил што го поканил на настанот. Тој се соочува со повици да поднесе оставка. Трудо вчера им призна на новинарите дека „е исклучително вознемирувачко она што се случи“.
„Ова е нешто што е голем срам за парламентот на Канада, а со тоа и за сите Канаѓани“, додаде тој.
Инцидентот се случи во петокот кога украинскиот претседател Володимир Зеленски говореше во парламентот.
Хунка седеше во галеријата на долниот дом кога Рота покажа кон него велејќи дека човекот е „украински херој, канадски херој и тие му се благодарни за целата негова услуга“. Присутните во зградата одговорија со аплауз.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

