Свет
Украинците ослободија стратешки важно место: „Ова го отвора патот кон Крим“
Неодамнешните успеси на украинските сили на јужниот фронт би можеле да го отворат патот за Русите да бидат потиснати назад во анектираниот полуостров Крим, изјави украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба. Тој рече дека тоа стана можно откога украинската армија го ослободила стратешки важното село Роботин во областа Запорожје.
Руската војска соопшти дека нејзините сили сѐ уште се држат во селото. Во голема летна контраофанзива Украина се обидува да го пресече копнениот коридор кон Крим, кој беше анектиран од Русија во 2014 година.
Со ова Киев би ја преполовил територијата окупирана од Русија во јужна Украина и со тоа значително ќе ги комплицира линиите за снабдување на руските сили. Последните тврдења и од Украина и од Русија не се независно потврдени.
Говорејќи на неодамнешниот состанок на амбасадорите во Париз, Кулеба рече:
„По консолидирањето на нашите позиции на крилата на селото Роботин, го отвораме патот кон Токмак и, на крајот, кон Мелитопол и административната граница со Крим“.
Стратешки важните градови Токмак и Мелитопол се под руска окупација и се клучни воени и логистички центри за Русија. Кулеба нагласи дека украинската контраофанзива – почната на почетокот на јуни – продолжува, но призна дека тоа е исклучително тешка задача.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Брутално претепан познатиот албански водител Елтон Тозај, може да остане слеп
Познатиот албански водител Елтон Тозај бил нападнат и брутално претепан синоќа околу 19:30 часот на автопатот Тирана-Драч, под околности кои сè уште остануваат вознемирувачки и нејасни, објавија медиумите.
Според информациите објавени од неговото семејство, на неговиот профил на социјалните мрежи, новинарот бил брутално нападнат од неколку лица. Во насилството врз Тозај му биле нанесени сериозни физички повреди.
„Семејството објави дека Елтон Тозај моментално е во сериозна здравствена состојба и е на интензивна медицинска нега. Според нив, ситуацијата е деликатна, бидејќи новинарот се бори да не го изгуби видот, што го прави овој настан уште поалармантен“, наведуваат медиумите.
Од полицијата засега нема информација околу настанот.
Свет
Бурата Јоханес ја погоди Шведска, повеќе од 40.000 домаќинства без струја
Бурата Јоханес ја погоди Шведска носејќи силни ветрови и снежни врнежи, додека повеќе од 40.000 домаќинства останаа без електрична енергија.
Според метеоролозите, бурата се шири брзо и се очекува ветровите да се зајакнат во текот на денот.
Бурата започна ноќеска од северот на земјата, со многу силни ветрови, додека жолти и портокалови временски предупредувања беа издадени за поголемиот дел од Шведска, пренесе локалниот портал Expressen.
Свет
По рускиот напад над 2.600 станбени згради, 187 градинки, 138 училишта и 22 социјални згради се без греење во Киев
Околу 600.000 потрошувачи во Киев и околниот регион останаа без електрична енергија.
Енергетските екипи се на терен и вложуваат максимални напори за што поскоро враќање на снабдувањето, објави премиерката на Украина Јулија Свириденко на социјалните мрежи.
„Работиме на решавање на последиците од ноќниот напад врз Киев и регионот. Предупредувањето за воздушна опасност во Киев беше на сила 10 часа. Една жена почина во регионот на Киев. Во главниот град досега се повредени 32 лица“, рече Свириденко.
Службите за итни случаи се на терен, кои, заедно со медицинските екипи, ги расчистуваат урнатините и им пружаат помош на жртвите. Премиерката додаде дека во нападот се оштетени цивилни и енергетски објекти.
Во моментов, над 2.600 станбени згради, 187 градинки, 138 училишта и 22 социјални згради се без централно греење“

