Свет
Федералниот судија од Сиетл, привремено го блокираше указот на Трамп за имиграцијата
Федералниот судија од Сиетл, ја блокираше во петокот привремено извршниот указ на американскиот претседател Доналд Трамп со којшто привремено се суспендира влегувањето на државјаните на седум претежно муслимански земји на територијата на САД и прифаќање и распоредување на бегалците, додека Белата куќа порача дека ќе се бори против таа пресуда.
Оваа привремена уредба на федералниот судија Џејмс Робарт важи за целата американска територија додека жалбата којашто во понеделникот ја вложи обвинителот на сојузната држава Вашингтон Боб Фергусон не биде целосно разгледана.
Сојузните судии во неколку сојузни држави, исто така, се изјаснија против забраната која беше донесена пред една седмица, особено во Калифорнија и во државата Њујорк, но одлуката на Робарт најмногу ѝ посветија внимание медиумите.
„Денеска победи уставот.. Никој не е над законите, дури ниту претседателот“, изјави Фергусон кој истакна дека Робарт е именуван од републиканскиот поранешен претседател Џорџ В Буш. Фергусон вложи жалба во понеделникот за да се поништат клучните точки од извршниот указ на претседателот Доналд Трамп.
Минатиот петок Трамп го потпиша указот „За заштита на земјата од влез на странски терористи“, со кој во рок од 90 дена се суспендира издавање визи за државјаните на седум муслимански држави: Иран, Ирак, Јемен, Либија, Сирија, Сомалија и Судан. Указот, исто така, и им наложува на Стејт департментот и на Министерството за национална безбедност да го суспендираат распоредувањето на бегалците по сојузните држави на 120 дена, како и на неодреден рок се суспендира прифаќањето бегалци од Сирија.
Исто така, значително е намалена квотата за прифаќање на барателите на азил во САД во фискалната 2017 година, која таму започнува во октомври 2016 година, на не повеќе од 50.000, од претходно планираните 110.000.
Минатата недела судијата во Бостон издаде налог за седумдневна забрана за спроведување на оваа одлука за којашто Белата куќа тврди дека е потребна за националната безбедност.
Претходно во петокот федералниот судија во Бостон изрази скепса во однос на тврдењето на едно граѓанско здружение дека одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за привремена забрана за влез во САД на државјаните на седум доминантно муслимански земји е верска дискриминација. Судијата во Бостон тоа го изјави во текот на сослушувањето во обидот на правно оспорување на мерката на Трамп.
Федералните судии во Сиетл и Вирџинија во петокот ги разгледуваа тужбите кои поради одлуката на Трамп ја поднеле сојузни држави и неколку интересни групи. Со уредбата повлечени се повеќе од 100.000 веќе издадени визи, објави правникот на министерство за правосудство на сослушувањето во Вирџинија.
Според Белата куќа листата со седумте споменати држави е направена според законот од 2015 година, изменет минатата година во периодот на поранешниот претседател Барак Обама, во кој од граѓаните на тие седум држави се бара аплицирање за визи „поради загриженоста околу бегалците кои стигнуваат повеќето од Сирија во време во кое во Европа се одвиваат терористички напади“./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Естонскиот премиер: Путин не може да си дозволи крај на војната
Претседателотот на Русија, Владимир Путин, не може да си дозволи да ја заврши војната во Украина, изјави естонскиот премиер Кристен Михал, споредувајќи го владеењето на Путин со „возење велосипед“.
Во интервју за утринската емисија на Euronews „Europe Today“, Михал ја повика Европската Унија да деблокира 90 милијарди евра помош за Киев и да инвестира повеќе во одбраната, пишува Euronews.
Иако нагласи дека не тврди дека го разбира Путин, Михал верува дека логиката на диктатурата ја објаснува континуираната агресија на Москва, дури и додека преговорите се во тек.
„Путин во моментов има повеќе војници отколку на почетокот на војната“, рече Михал. „Ако престанете да убивате во Украина, што би правеле со нив?“
„Во Русија, херојот слави. Ако престане, ќе падне“, додаде тој. Михал предупреди дека прераниот мир без цврсти безбедносни гаранции може да предизвика нестабилност не само во Русија, туку и низ цела Европа.
Коментарите на естонскиот премиер доаѓаат во време кога планот на ЕУ за мобилизирање на 90 милијарди евра помош за Украина останува политички блокиран. Михал изрази уверување дека претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, ќе најдат алтернативни начини за деблокирање на средствата.
„Тие имаат различни планови за испорака на овие пари“, рече тој, осврнувајќи се на посетата на европските лидери на Киев. Запрашан да разјасни какви се плановите, Михал одби. „Тие ќе го кажат тоа“, рече тој отсечно, нагласувајќи дека влоговите се високи.
„Ако Европа не може да донесе толку големи одлуки што влијаат на нашата безбедност, тогаш веројатно ќе има многу дискусии за тоа како Европа ќе одлучи за нешто во иднина“, рече тој.
фото/Facebook
Свет
Орбан ги блокира санкциите кон Русија
Унгарија го блокира најновиот пакет санкции на Европската Унија против Русија со цел да изврши притисок врз Европската комисија да го одобри нејзиното барање за заем за одбрана во вредност од 16 милијарди евра. Ова го продолжува конфликтот на премиерот Виктор Орбан со Брисел околу помошта за Украина, изјавија двајца дипломати од ЕУ за Politico.
Будимпешта ги затегна односите со Брисел откако премиерот Виктор Орбан минатиот петок се закани дека ќе стави вето на 20-тиот пакет санкции против Москва, како и на заемот од 90 милијарди евра за Киев. Условот за одобрување на заемот за Украина е враќање на протокот на нафта низ нафтоводот за кој Киев тврди дека е оштетен во руски напад.
Службениците на ЕУ се надеваат дека ветувањето за поправка на нафтоводот ќе го убеди Орбан да го отфрли ветото на заемот. Но, двајца дипломати од ЕУ запознаени со дискусиите, кои зборуваа под услов да останат анонимни поради чувствителноста на преговорите, рекоа дека Будимпешта би можела да продолжи да ги блокира санкциите сè додека не се одобри нејзиното барање за заем за одбрана.
Европската комисија предложи нов пакет санкции на 6 февруари, со проширени ограничувања за руската енергија, банки, стоки и услуги. Блокот планираше конечно да ги одобри и санкциите, за кои е потребна едногласност, и заемот за Украина пред минатиот вторник.
Лидерите на ЕУ брзаат да најдат решение бидејќи Киев останува без пари во април, истиот месец кога Унгарија одржува парламентарни избори. Брисел сака да избегне правна битка со Орбан што тој би можел да ја искористи во својата кампања за реизбор.
Унгарија побара 16 милијарди евра од програмата SAFE на ЕУ, која им нуди на земјите-членки поволни средства за заедничко купување оружје за зајакнување на одбраната на блокот од руска агресија. Комисијата сè уште не го одобрила барањето на Унгарија и, според официјалните лица, ја „забавува“ исплатата на првата транша од 2,4 милијарди евра со цел да изврши притисок врз Будимпешта. Комисијата негираше дека го блокира барањето на Унгарија.
Двајцата дипломати рекоа дека Комисијата треба да го заврши прегледот на барањето на Унгарија за да се избегне перцепцијата дека процесот се одложува од политички причини. Конечното одобрување за средствата за одбрана сè уште ќе биде на земјите-членки.
фото/Depositphotos
Европа
(Видео) Напад со ХИМАРС врз Белгород, гори нафтено складиште во Луганск, се шират снимки
Украина изврши ноќни напади врз термоцентрала во рускиот регион Белгород и складиште за нафта во окупираниот Луганск, според руските власти и снимки од очевидци објавени на социјалните медиуми. Нападите го прекинаа снабдувањето со електрична енергија во делови од Белгород, објавува „Киев Индепендент“.
Според локалните канали на Телеграм, Белгород, град на само 34 километри од украинската граница, бил погоден од повеќекратни ракетни системи HIMARS. Се вели дека целта била термоцентралата на градот. Вјачеслав Гладков, гувернерот на регионот Белгород, подоцна објави дека „масивниот ракетен напад“ ја таргетирал енергетската инфраструктура во и околу градот.
It’s lights out in Belgorod again. It is clear that russia cannot protect this city. It should be surrendered to Ukrainian forces who can provide better protection.
Fact: None of this would’ve happened if I had been the president of russia. pic.twitter.com/7HIGxDYhy5
— Rock – NAFO Raccoon (@NAFORaccoon) February 26, 2026
„Нанесена е сериозна штета на енергетската инфраструктура. Ова доведе до прекини на електричната енергија, прекини во снабдувањето со вода и проблеми со греењето“, рече Гладков. „Киев Индепендент“ не можеше независно да ги потврди тврдењата во времето на објавувањето.
Истата ноќ, беа објавени фотографии и видеа од запален складиште за нафта во Луганск, кој е под руска окупација од 2014 година. Локалните жители објавија дека на пожарот во фабриката му претходеле низа експлозии.
Руското Министерство за одбрана објави дека во текот на ноќта соборило 95 украински беспилотни летала над различни региони на земјата. Украина редовно напаѓа воена инфраструктура длабоко на руска територија и на окупирани територии за да ја ослаби борбената моќ на Москва. Киев ги смета нафтените објекти за легитимни воени цели бидејќи тие директно ги финансираат воените напори на Русија.
Нападите доаѓаат во време кога Русија води сопствена кампања за уништување на енергетската мрежа на Украина во текот на есента и зимата, оставајќи илјадници луѓе низ цела Украина без греење и електрична енергија.

