Свет
(Фото) Откриен кампот на Вагнер во Белорусија, шатори со дрвени кревети и подови
На социјалните мрежи се објавени фотографии на кои наводно е прикажан воен камп во Белорусија каде што треба да бидат сместени платеници од групата Вагнер на Евгениј Пригожин, објави независниот руски медиум Сирена.
Сирена пишува дека камповите се градат во областа Асиповиќи, во централниот дел на Белорусија и во југозападниот дел на регионот Махиљовск.
Објавените фотографии се направени од локален жител. На фотографиите се прикажани шатори со дрвени кревети и подови.
Белоруската воена мониторинг група Белоруски Хајун објави дека изброила околу 298 шатори на сателитските снимки од кампот и дека секој шатор може да собере до 30 луѓе.
„Со оглед на фактот дека некои од шаторите имаат комунални намени, можеме да кажеме дека кампот може да прими околу 8.000 луѓе“, пишува белоруски Хаџун.
Белорускиот претседател Александар Лукашенко рече дека Белорусија не гради кампови за Вагнер, но ќе помогне со сместување доколку е потребно.
„Сè уште не градиме кампови. Но, ако сакаат, ќе ги сместиме. Но, засега тие се во Луганск во нивните кампови. Им понудивме еден од напуштените кампови. Добредојдени се , ќе им помогнеме колку што можеме додека не одлучат што да прават, рече Лукашенко.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Четворица загинати во страшна сообраќајка во Грција, пожарникарите го сечеа возилото за да ги извадат телата (ВИДЕО)
Во сударот меѓу автобус и автомобил, што се случи денес наутро пред Токсотес Ксанти, на стариот национален пат Ксанти-Кавала во Грција, четири лица загинаа, а три се повредени.
Според првите информации, во судирот што се случил нешто по 08:00 часот, едно возило изгубило контрола и удрило во автобус што минувал.
Патниците загинале на лице место, а пожарникарите го сечеле возилото за да дојдат до телата на настраданите во автомобилот.
Регион
Црвен аларм за туристите на Јадранот: месојадни црви забележани на плажите во Будва, Црна Гора и во Италија
Месојадни црви се забележани на плажите во Будва, Црна Гора и во италијанските региони Сицилија, Калабрија и Апулија. За туристите и за жителите од овие региони издаден е црвен аларм за инвазија од месојадните црви, пишуваат денес српските и црногорските медиуми.
Невротоксинот во што го испуштаат месојадните црви предизвикува главоболка и вртоглавица. Долги се од 20 до 30 сантиметри и главно живеат на камено но и во песочното морско дно. Вообичаени се на Карибите и во тропските региони на западниот Атлантик.
Институтите за истражување на црви предупредуваат дека ваквите црви прават штета на рибарската индустрија оти се фаќаат за риболовната опрема. Многумина истражувачи работат на ограничување на ширењето на овој вид црви и на социјалните мрежи поттикнуваат секој што ќе ги забележи да пријави.
За оние кои ќе дојдат во допир со вакви црви, експертите советуваат боцките да се отстрануваат со суви прсти или леплива лента за да се избегне триење на кожата. Освен дезинфекција, препорачуваат да се измијат со ладна вода зафатените делови од телото и посета на лекар доколку се појават алергиски симптоми или покачена телесна температура.
На социјалните медиуми, минатиот месец, вакви црви првпат беа пријавени во Будва, Црна Гора.
Свет
Затворениците кои држеа затворски чувари како заложници во градот Ростов се убиени
Руските безбедносни сили влегоа во притворниот центар на југот на Русија и ликвидираа шест затвореници кои ги држеа двајцата затворски чувари како заложници, објавија руските медиуми, пренесе Бета.
Шест затвореници кои земаа двајца чувари како заложници во притворниот центар во градот Ростов на Дон се „ликвидирани“, објавија руските медиуми.
„Заложниците во притворот во Ростов на Дон се неповредени“, соопшти Федералната затворска служба на Русија.
Претходно беше објавено дека шестмината затвореници имале гумени палки, ножеви и секири, а меѓу нив има и обвинети за врски со групата Исламска држава.