Свет
Франција ќе развива бионички војници отпорни на болка и стрес

Франција ќе развива бионички војници отпорни на болка и стрес и мозокот ќе им биде подобрен со микрочип. Етичкиот комитет на Министерството за вооружени сили на земјата даде одобрение за ова истражување со цел да бидат во тек со земјите што веќе работата на слични проекти.
Како што пишува „Тајмс“, се работи и на истражувања на создавање таблети што војниците ќе ги одржуваат будни подолг период и операции за подобрување на слухот.
Имплантите со микрочипови ќе бидат дизајнирани да ослободуваат седативи и да го подобрат капацитетот на мозокот, а научниците исто така сакаат да создадат импланти што ќе им овозможат на воените штабови далечински да ги следат локациите на војниците и да се обидат да измислат лекови што ќе ги направат војниците отпорни на болка.
Извештајот предупредува дека француската војска може да заостане зад другите земји што веќе почнале со истражување слични полиња, но авторите се согласија дека какво било подобрување, кое би им ја одзело „човечноста“ на војниците, треба да се запре.
Француската министерка за вооружени сили, Флоренс Парли, изјави дека Франција не се подготвува веднаш да инсталира микрочипови во своите војници.
„Но, ние мора да бидеме јасни. Не секој има свои скрупули и тоа е иднината за која треба да бидеме подготвени“, изјави Парли за „Тајмс”.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Литванија: Путин нема да запре освен ако ние не го запреме

Кестутис Будрис, министерот за надворешни работи на Литванија, изрази солидарност со Полска. Будрис повика на зајакнување на воздушната одбрана и рече дека НАТО мора да одговори со капацитети, „не само со загриженост“.
„Реалноста е јасна: сè додека на Путин му е дозволено да ја продолжи својата крвава војна против Украина, ниедна земја – дури ни во рамките на НАТО – не е безбедна. Санкциите мора да удрат во срцето на воената економија на Кремљ. Путин нема да запре освен ако ние не го запреме“, рече тој.
Европа
Оштетен дрон пронајден на 40 км од границата на Полска со Белорусија

Локалната полиција потврди дека оштетен дрон за кој се верува дека учествувал во ноќен напад е откриен во селото Чосновка во источна Полска.
Чосновка се наоѓа на околу 40 км од границата на Полска со Белорусија.
Полската влада ги предупреди сите што ќе го пронајдат соборениот дрон да не му се приближуваат, велејќи дека „таквите предмети можат да останат опасни и мора да бидат проверени од експерти“.
Свет
ЕУ го осуди израелскиот напад врз Катар

Израелските воздушни напади врз лидерите на Хамас во Доха се кршење на меѓународното право и територијалниот интегритет на Катар, соопшти вчера вечер Европската Унија, предупредувајќи на ризиците од понатамошна ескалација на насилството во регионот.
„Изразуваме целосна солидарност со властите и народот на Катар, стратешки партнер на Европската Унија“, изјави портпаролот на шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас, на Икс.
„Секоја ескалација на војната во Газа мора да се избегне – тоа не е во ничиј интерес. Ќе продолжиме да ги поддржуваме сите напори што водат до прекин на огнот во Газа.“
Катар, кој дејствуваше како посредник заедно со Египет во разговорите за посредување за прекин на огнот во речиси двегодишната војна во Газа, го осуди нападот како „кукавички“ и го нарече флагрантно кршење на меѓународното право.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека нападот во Доха бил „целосно оправдан“ и дека бил нареден по нападот во Ерусалим во понеделникот и загинувањето на четворица израелски војници во Газа.
фото: принтскрин