Свет
Французите и денеска на улица: се очекува насилство, распоредени огромен број полицајци
Франција денеска се соочува со нови штрајкови и протести во земјата против плановите на претседателот Емануел Макрон да ја зголеми старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години, при што полицијата предупредува дека постои многу сериозен ризик од ново насилство на улиците.
Митинзите првично беа мирни, но незадоволството се зголеми кога владата го протурка законот во парламентот без гласање во средината на овој месец, а на последниот ден од националните протести во четвртокот анархистите од Црниот блок кршеа излози, демолираа автобуски постојки и ограбија ресторан на „Мекдоналд“ во Париз.
Слично насилство е забележано и во другите градови. Министерот за внатрешни работи, Џералд Дарманин, вчера предупреди дека постои многу сериозен ризик од ново насилство денеска во главниот град и пошироко, пренесува „Ројтерс“.
На митинзите ќе бидат распоредени околу 13.000 полицајци, од кои нешто помалку од половина ќе бидат во Париз.
Според Дарманин, екстремистичките организации на екстремната левица, од кои некои, како што наведе, доаѓаат од странство, сакаат да ја запалат Франција. Полицијата ги советуваше трговците во Париз во делот на градот во кој се одржува протестниот собир денеска да ги затворат продавниците.
Возовите и летовите ќе бидат во прекин, некои училишта ќе бидат затворени, а тековните штрајкови продолжуваат во енергетскиот сектор.
Најмалку шест од седумте рафинерии во Франција вчера беа затворени или работеа со намален капацитет, а терминалите за течен природен гас (LNG) беа блокирани.
Владата тврди дека законот за пензиите е од витално значење за да обезбеди функционирање на системот, а синдикатите и демонстрантите велат дека има и други начини да се направи тоа. Синдикатите бараат од Макрон да го повлече или одложи нацрт-законот, кој е усвоен, но сè уште не е објавен, додека не биде разгледан од уставниот совет, со цел да се смири ситуацијата.
Макрон рече дека е повеќе од подготвен да разговара со синдикатите, но за други теми.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Медведев до Швајцарија: Ти благодарам, земјо на сирењето и часовниците
Дмитриј Медведев, поранешен руски претседател и актуелен заменик на Советот за безбедност, рече дека конференцијата за прекин на огнот во Украина ќе биде уште еден доказ за пропаѓањето на „мировниот план“ на украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Швајцарската влада претходно објави дека Русија во моментов не е меѓу десетиците поканети земји, додавајќи дека е отворена за нејзино учество, но дека Москва не е заинтересирана. Берн го најави собирот во јануари, велејќи дека го организирал на барање на украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Медведев објави денеска на Телеграм. „Која е користа за Русија од швајцарската „мировна конференција“? Придобивката е трикратна. Прво, тоа ќе биде уште еден доказ за пропаѓањето на таканаречениот мировен план на идиотот Зеленски.
Второ, тоа ќе стане видлив доказ за целосната немоќ на сегашните западни елити, кои извршија болна самокастрација на нивната способност да го прекинат воениот конфликт. Згора на тоа, по директна наредба на група сенилни лекари од Вашингтон.
Трето, тоа ќе им овозможи на нашите вооружени сили да продолжат да ја чистат територијата на Мала Русија од неонацистите без мешање или сметка за нечии глупави „мировни иницијативи“ и сите ние да извршиме скрупулозна работа во насока на конечниот колапс на политичкиот режим на Украина и брзото враќање на нашите оригинални територии во Руската Федерација. Ти благодарам, земјо на сирењето и часовниците“, напиша Медведев.
Европа
(Видео) Голем пожар во фабрика во Берлин, жителите предупредени да го избегнуваат подрачјето
Голем пожар во фабрика во Берлин-Лихтерфелд, која произведува системи за противвоздушна одбрана што се користат на бојното поле во Украина.
Противпожарната бригада предупредува на отровен чад, пренесува „Билд“.
‼️ A defense-industrial company factory is on fire in Berlin
According to media reports, a fire with toxic smoke occurred at a metallurgical plant of the defense-industrial company Diehl. The company is the main contractor of the IRIS-T production program and ammunition for this… pic.twitter.com/jZBBXTEdSm
— NEXTA (@nexta_tv) May 3, 2024
Адријан Венцел, портпарол на берлинската противпожарна бригада, изјави за Билд:
„Целосно изгореа четири ката од зградата. Дел од неа е веќе урнат, а ја гаснеме однадвор. Пожарот повеќе не може да се стави под контрола однатре.
Дежураат околу 160 пожарникари. Спасувачите носат заштитни одела.
Можеме да потврдиме дека во зградата биле запалени и хемикалии. Таму биле складирани сулфурна киселина и бакар цијанид. Постои ризик да се формира водород цијанид и да се издигне во воздухот со чад“, додаде портпаролот.
Противпожарната бригада го информираше населението преку апликации за предупредување.
Feuer mit Explosionen in Berlin Lichterfelde am 03.05.2024 #Feuerwehr #brand pic.twitter.com/4hZG5XekU0
— Niko (@nl_an) May 3, 2024
Станува збор за фирма „Diehl Metal Applications“ која има сопствен систем за доработка на метални површини во објектот.
По проценка на временските услови и соодветниот правец на ветерот, чадот од фабриката се пресели на север. Противпожарната бригада советува избегнување на просторот околу претпријатието, затворање на прозорците и вратите и исклучување на вентилацијата и климатизацијата.
Сојузната држава Берлин издаде официјално предупредување за опасност, советувајќи ги луѓето да ја избегнуваат областа.
Учениците и наставниците од околните училишта беа испратени дома.
Во е-пошта до родителите, една гимназија испратила порака во која ги замолува учениците да останат дома.
Засега нема информации за причината за пожарот, но соопштено е дека нема повредени.
Свет
„За секој случај“: дури 75 проценти од пациентите во Ковид кризата биле лекувани со антибиотици
Иако за време на пандемијата на Ковид, само осум проценти од хоспитализираните поради оваа болест во светот страдале од бактериска инфекција која бара третман со антибиотици, дури 75 проценти од сите пациентите биле лекувани со антибиотици „за секој случај“, според новиот извештај на Светската здравствена организација.
Таквата неконтролирана употреба на антибиотици, како што се наведува, веројатно придонела за натамошно глобално ширење на антимикробната резистенција, односно отпорноста на бактериите на антибиотици.
Овие лекови прекумерно се користеле во регионот на Источниот Медитеран и Африка, каде што во периодот помеѓу 2020 и 2022 година, 83 отсто од пациентите биле третирани на овој начин, додека во регионот на Западен Пацифик, повеќе од една третина од пациентите биле третирани по принципот „за секој случај“ со користење на антибиотици.
Во исто време, во Европа и во САД, употребата на антибиотици беше поголема од вообичаеното, но со текот на времето лекарите значително го намалија препишувањето на таквите лекови.
Според извештајот на СЗО, дури 81 отсто од тешко болните од Ковид во светот биле лекувани со антибиотици, додека на пациентите кои имале поблага форма на болеста, во многу случаи, непотребно им бил препишан таков третман.
Извештајот се заснова на податоци и анализа на 450.000 хоспитализирани пациенти во 65 земји во светот, наведе СЗО, истакнувајќи дека итно е потребна промена во политиката за препишување антибиотици.
Отпорот на овој вид лекови претставува сериозна закана за понатамошниот успешен развој на здравствената заштита во светот, предизвикува потешкотии во сточарството и производството на храна и негативно влијае на глобалниот економски напредок. Според некои податоци, во 2019 година во светот се забележани повеќе од 1,27 милиони смртни случаи поради отпорност на антибиотици, а се проценува дека до средината на векот бројот на смртни случаи би можел да достигне десет милиони.