Свет
Францускиот министер за внатрешни работи вели дека ризикот од тероризам е сè уште многу висок

Министерот за внатрешни работи на Франција, Кристоф Кастанер, предупреди дека ризикот од тероризам во Франција останува висок до многу висок и денови по смртоносниот напад во Париз, што резултира со смрт на четворица полицајци, пренесува „Спутник“.
Кастанер исто така призна дека убиството на офицерите можело да се спречи, но таа можност била пропуштена. Обраќајќи ѝ се на опозицијата, која го повикува да си даде оставка, тој истакна дека нема да се повлече од функцијата.
Кастанер истакна дека од 2003 година полицијата спречила 59 терористички напади вклучувајќи три обиди од почетокот на оваа година.
Минатиот четврток софтверскиот инженер Мишел Харпон со нож уби четворица полицајци на работното место во центарот на француската престолнина. Националниот француски обвинител за борба против тероризмот, Жан Франсоа Рикар, подоцна рече дека Харпон бил радикализиран исламист.
Инцидентот ги натера француските обвинители да отворат терористичка истрага за смртоносниот напад. Покрај тоа, премиерот Едуард Филип во неделата рече дека француските специјални служби ќе подлежат на темелни процени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) „Харков моментално го доживува најсилниот напад од почетокот на војната“ – најмалку тројца загинати, 22 повредени

Русија го нападна источниот украински град Харков со беспилотни летала, ракети и бомби, при што загинаа најмалку три лица, а 22 беа повредени.
Градоначалникот на Харков, Ихор Терехов, вели дека се нападнати повеќекатници и приватни станбени згради, образовни и инфраструктурни објекти.
„Харков моментално го доживува најсилниот напад од почетокот на војната“, изјави тој.
Mentre per l’arancione Russia e Ucraina sono due bambini che litigano nel parco, il regime nazista e mafioso del Cremlino, quello che chiama “terrorista” il governo di Kyiv, continua ad uccidere. Nell’attacco di stamattina a Kharkiv sono morti 3 civili pic.twitter.com/bDRgOoiDxH
— Marco Setaccioli (@marsetac) June 7, 2025
Гувернерот на Харков, Олех Синиехубов, изјави дека еден од цивилните индустриски објекти во градот бил нападнат од 40 дронови, една ракета и четири бомби, што предизвикало пожар, додавајќи дека под урнатините можеби сè уште има луѓе.
#BreakingNews
Massive Night Assault on #Kharkiv: Over 50 explosions rocked the city in just 2 hours.
🔥 Main strike targeted the Kommunar plant—30+ hits reported.
💥 An oil depot near Maselsky metro also struck.
Locals describe it as the biggest attack yet.#UkraineWar… pic.twitter.com/rNLKnSlJsp— War Doctrine (@War_Doctrine) June 7, 2025
Украинската војска соопшти дека Русија лансирала 206 дронови, 2 балистички и 7 други ракети против Украина во текот на ноќта.
Харков, еден од најголемите градови во Украина, се наоѓа на само неколку десетици километри од руската граница и е под постојано руско гранатирање.
Свет
ЕУ се согласи да го зголеми времето на доцнење на летовите пред патниците да добијат надомест

ЕУ земјите се согласија да го зголемат времето на доцнење на авионските летови што е потребно за патниците да имаат право на надомест на штета, пишува Гардијан.
Според новите планови, патниците на кратки летови ќе треба да бидат задржани најмалку четири часа за да можат да побараат надомест. За долги летови, доцнењето ќе треба да биде најмалку шест часа. Според сегашните ЕУ правила, патниците можат да бараат надомест ако нивниот лет доцни повеќе од три часа.
Земјите од ЕУ, исто така, се согласија да го зголемат износот на надоместокот за оние што доцнат на летовите на кратки релации од 250 евра на 300 евра, но планираат да го намалат надоместокот за летовите на долги релации од 600 евра на 500 евра.
Измената на правата на патниците во воздушниот сообраќај на ЕУ првично беше предложена во 2013 година од страна на Европската комисија. Потребни беа 12 години преговори за земјите-членки да постигнат договор за промени во временската рамка за надомест, а плановите сè уште треба да се преговараат со Европскиот парламент пред да стапат во сила.
Европската организација за заштита на потрошувачите (BEUC) соопшти дека овој план ќе ги лиши „голем дел од патниците од нивното право на надомест“, бидејќи најголем дел од доцнењата се меѓу два и четири часа.
Индустриското здружение Airlines for Europe (A4E), исто така го осуди планот бидејќи тие бараа времето на доцнење за надомест да биде уште поголемо.
Првичниот план на Европската комисија предвидуваше зголемување на времето за надомест на пет часа за кратки летови и девет часа за долги летови.
Свет
(Видео) По 30 часа, заврши ерупцијата на вулканот Фуего во Гватемала

Вулканот Фуего, оддалечен околу 35 километри од главниот град на Гватемала, престана да еруптира по повеќе од 30 часа, објави Институтот за сеизмологија на Гватемала.
Во соопштението се наведува дека „активноста на вулканот Фуего значително се намалила“ и дека „ерупцијата може да се прогласи за завршена“, пренесува Анса.
За време на ерупцијата, која започна во среда навечер, чад и пепел се издигнаа од кратерот на висина од над 7.000 метри и се формираа „струи“ составени од жешки гасови, пепел и парчиња лава кои се спуштија по падините, предизвикувајќи евакуација на околу 800 луѓе.
Вулканот Фуего, со висина од 3.763 метри, е еден од најактивните во Централна Америка, а за време на неговата ерупција во 2018 година загинаа 194 лица, додека повеќе од 200 луѓе никогаш не беа пронајдени.