Свет
Холандија: Западот испраќа гранати во Украина вредни околу 350 милиони евра
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/v.jpg)
Западните сојузници ќе испратат на Украина гранати од 152 милиметри во вредност од околу 350 милиони евра, соопшти денеска холандското Министерство за одбрана, по разговорите за време на дводневниот состанок на министрите за одбрана на НАТО во Брисел.
Наредбата ќе биде извршена преку Меѓународниот фонд за Украина (IFU), механизам за финансирање кој користи финансиски придонеси од меѓународни партнери, вклучително и Холанѓаните, за набавка на воена опрема за Украина, додаде Министерството.
Во претходните испораки на муниција, Украина најмногу добиваше гранати од 155 милиметри за хаубици донирани од Западот, пренесува Ројтерс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Европа
Мртво девојче пронајдено на брегот на Рајна, полицијата веднаш ги уапси родителите: хорор во Германија
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/12/germanska-policija.jpg)
Телото на 15-годишно девојче е пронајдено на брегот на Рајна во германскиот град Вормс.
Телото било пронајдено во понеделникот околу 18 часот, пренесува „Билд“.
Според медиумите, полицијата ги привела родителите.
„Сомнежот е насочен и кај таткото (39) и кај мајката (34)“, соопштија од полицијата.
Сите три лица се Авганистанци.
Засега не се познати повеќе детали за смртта на девојчето.
Регион
Земјотрес во Грција: „Ненадејно тресење, но не траеше долго“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/Screenshot-2024-06-18-152307.jpg)
Земјотрес со јачина од 3,8 степени е регистриран нешто пред 15 часот во Грција во областа Патра.
Земјотресот е регистриран на длабочина од 14 километри.
Епицентарот на земјотресот бил на 27 километри североисточно од Патра.
„Ненадејно тресење, но не траеше долго“, „Го почувствувавме тресењето“, напишаа граѓани, кои не беа далеку од епицентарот на земјотресот.
Регион
Три лица заразени со легионела починаа во загрепската болница
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/kbc-zagreb.jpg)
Три лица во загрепската болница „Ребро“ починаа денеска по заразата со легионела, неофицијално е потврдено за хрватски „Индекс“.
Вкупно шест лица се заразиле со легионерска болест, и тоа во болница. Сите преостанати инфицирани имаат тешки коморбидитети и се имунокомпромитирани.
КБЦ – Загреб претходно потврди дека легионела се појавила во болница и дека ја изолирале во водата. Од болницата рекоа и дека во 17 часот ќе одржат прес-конференција.
„Веднаш го алармиравме Хрватскиот институт за јавно здравје, кој ги направи сите анализи и бактеријата е изолирана во водоводниот систем, во моментот во тек е пастеризацијата, односно се пушта топла вода од сите чешми во болницата“, изјави Миливој Новак, помошник-директор за квалитет.