Свет
Што не треба да правите ако ве нападне ајкула
Ако знаете што точно да правите или што да не правите во случај на приближување ајкула, тоа би можело да ви го спаси животот, велат експертите со оглед на зачестените напади на ајкули од кога било досега.
Водечки морски биолог откри што не треба да правите ако некогаш се соочите со ајкула.
Со недамнешниот пораст на нападите на ајкули, кои се актуелни во светот, пливачите во одредени делови од Земјината топка стравуваат кога ќе влезат во водата.
Тоа е кошмар за луѓето, но што треба да направите ако видите еден од океанските ѕверови како доаѓа кон вас?
Па повеќе е прашање што не смеете да правите.
Експертот Рајан Џонсон објасни дека има една работа што апсолутно не треба да ви падне на памет ако сакате да преживеете.
„Ако наидете на ајкула додека сте во вода, најлошото нешто што можете да направите е да се однесувате како плен“, рече тој.
„Ако се однесувате како плен, тие веројатно ќе ве третираат како плен. Не паничете, не тресете се, не обидувајте се да избегате. Треба да се држите до своето место и да не мрднете. Важно е секој што оди во вода да биде едуциран за ајкулите. Тогаш кога ќе почнат да се појавуваат на чудни места, знаеме како да реагираме“, додаде биологот.
Научниците велат дека недостигот на помали риби е главната причина за појавување на ајкулите. Во последно време истражувачите наидоа на ајкули со намален црн дроб, што е знак за тешка неисхранетост. Затоа бараат да се спроведат мерки за забрана на риболов за повторно да се стабилизира бројката на помалите риби.
Според тоа, извештаите кажуваат дека некои од недамнешните напади би можеле да бидат предизвикани од гладни ајкули, кои биле принудени да ловат плен што вообичаено не би го јаделе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Вулин: Голема Албанија можат да ја спречат само Србите и српскиот свет, но и Грците
Вицепремиерот на Република Србија, Александар Вулин, реагираше на собирот на албанската имиграција, одржан во Атина, на која говореше албанскиот премиер Еди Рама и покрај противењето на грчките власти, пренесуваат српските медиуми.
„Следниот пат кога Владата на Грција ќе размислува за признавање на таканареченото Косово, нека се сетат како изгледа пречекот на Еди Рама среде Атина“, напиша Вулин.
Според него, она што Рама не можеше да го доживее во Тирана, го доживеа во Атина.
„Признавањето на таканареченото Косово од грчките власти, а исто така и приемот на Приштина во Советот на Европа би бил немерлив придонес на Владата на Грција и Дора Бакојани за создавање на голема Албанија. Само Србите и српскиот свет можат да ја запрат голема Албанија, но и Грците, драги наши Грци, мислете на тоа“, рече Вулин.
Свет
Ројтерс: Украински дрон предизвика пожари на руската енергетска инфраструктура
Украински дрон предизвика пожари во магацини за нафта и далноводи во регионите Белгород и Липецк во Русија.
Во нападот е оштетена рафинеријата Осколнефтстаб во близина на градот Стари Оскол во Белгородската област, како и далноводот Лелецкаја во областа Липецк, објави Ројтерс, повикувајќи се на неименуван извор од украинската безбедност.
„Индустријата што и служи на Русија да води војна против Украина останува наша легитимна цел. Мерките за поткопување на воениот потенцијал на непријателот ќе продолжат“, рече изворот.
Европа
Италија во проблеми: младите работници бегаат во странство
Младите квалификувани Италијанци сѐ повеќе заминуваат во странство, што може скапо да ја чини италијанската економија.
Дури 40 отсто од вработените до 34 години имаат договори на определено или сезонски договори. За остатокот од работоспособното население тој процент е значително помал и изнесува 13 проценти.
Во Италија просечната годишна бруто-плата е околу 27.000 евра, што е дванаесет отсто помалку од просекот на ЕУ и 23 отсто помалку од германскиот просек. Вработените помлади од 34 години заработуваат во просек по речиси 16.000 евра. Постојаниот, добро платен договор е редок за младите луѓе во Италија.
Експертите забележуваат опасен развој за италијанската економија – сѐ повеќе добро образовани студенти емигрираат во странство, и до 20.000 годишно, а овие бројки се тројно зголемени во последните десет години.
Кристина Фрегуја раководи со секторот на пазарот на труд во агенцијата за статистика „Иста“. Таа забележува зголемени тешкотии кога станува збор за наоѓање и задржување квалификувани работници, особено на југот на земјата, кои се итно потребни за модернизација на економијата и економскиот раст.
Додека северот на Италија сè уште има корист од емигрантите од југот, овие традиционално помалку развиени делови од земјата губат десетици илјади работници секоја година.
Состојбата на италијанскиот пазар на труд е уште потешка за младите жени. Ним им се нудат договори на определено време многу почесто од нивните машки колеги. Слабата понуда на јасли и градинки, особено на југот, дополнително ги принудува младите жени да одлучуваат помеѓу семејството и кариерата.