Свет
„Турбоинститут“ ќе се бори на тендер за хидроцентралите
Владата уште размислува дали да и даде локации на словенечката фирма „Турбоинститут“ за таа да гради мали хидроцентрали (ХЕЦ) низ Македонија.
Мирче Котевски
Владата уште размислува дали да и даде локации на словенечката фирма „Турбоинститут“ за таа да гради мали хидроцентрали (ХЕЦ) низ Македонија. Најдоцна до 15 декември премиерот Бучковски треба да му одговори на тамошното раководство дали за локациите ќе се распише тендер, како што неодамна препорача Светска банка, или, пак, ќе дозволи инвестицијата вредна околу 125 милиони евра да влезе преку непосреден договор. Според информациите на „Време“, се поизвесно е дека Владата сепак ќе се одлучи транспарентно, преку јавен повик, да ги дава реките под концесија за изградба на мали ХЕЦ и ќе го покани „Турбоинститут“ да конкурира за проектот.
Бучковски на неодамнешниот деловен форум во Љубљана му порача на „Турбоинститут“ да го презентира проектот за изградба на хидроцентрали пред македонската јавност. Владата и Словенците уште во јуни годинава потпишаа протокол за изградба на хидроцентралите.
Владимир Керцан, генерален директор на фирмата, веќе навести дека им е смачено да чекаат повик од македонската влада за и официјално да се потпише договор. Тој јасно навести дека ќе се повлечат од изградбата ако до Нова година нема конкретна покана од кабинетот на Бучковски.
– Сега се е во рацете на македонската влада. Ако се договориме до крајот на годинава – добро, ако не, едноставно нема да инвестираме. Тоа значи дека со секоја промена на нашата понуда по иницијатива на македонската влада ќе има и нов договор – рече Керцан.
Словенците очекуваат да добијат концесија за користење на водите за 30 години (период во кој ќе раководат со хидроцентралите), а според нивните пресметки производствената цена на струјата од нив ќе биде 0,065 евра за еден киловат-час енергија.
Светска банка (СБ) пред еден месец и препорача на Владата да не дозволува изградба на мали хидроцентрали со непосредна спогодба. Според СБ, цената што ја нуди „Турбоинститут“ е превисока. Во препораката Светската банка објасни дека Владата треба да донесе закони што појасно ќе дефинираат под кои услови хидропотенцијалот може да се дава на концесија.
Министерството за економија планира да распише тендер за дел од локациите за изградба на мали хидроцентрали, како што препорача Светска банка. Другите локации ќе се делеле со непосредни спогодби. Во Министерството за економија веќе пристигнала и понудата на словенечката компанија „Ековат“ за изградба на уште 20 мали хидрокапацитети.
ВИСИ И СПОГОДБАТА СО МАЛЕЗИЈЦИТЕ
Малезиската корпорација „Хисниага“ нема да инвестира во изградба на станови во скопската населба Ново Лисиче ако не ја добие и локацијата Бошков Мост на Мала Река кај Дебар, каде што сака да гради голема хидроцентрала.
Договорот со Малезијците чека потпис половина година, но извори за „Време“ тврдат дека може и да пропадне доколку Владата по сугестиите од Светска банка реши изведувач да бара преку тендер. Како што тврдеа владини министри, оваа фирма била подготвена во земјава да инвестира околу 200 милиони евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Руте: Новата арктичка мисија на НАТО е многу значајна
Отфрлајќи ги критиките дека новата арктичка мисија на НАТО е само ребрендирање на постојните активности, генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, рече дека тоа е „многу значајна“ иницијатива.
НАТО предложи нова операција „Арктички стражар“ завчера, која би ги консолидирала заедничките вежби во областа под команда на алијансата.
Сепак, дипломатите и експертите веруваат дека ова е главно комуникациски потег насочен кон смирување на Доналд Трамп, како и одговор на заканата што ја оценуваат како во голема мера претерана.
Руте објасни дека мисијата ќе има „чекор-по-чекор пристап“ и ќе започне со обединување на „постојните вежби и активности“ на алијансата во регионот под една команда за да се утврди „што друго ни треба“.
Врховниот командант на сојузничките сили за трансформација, адмирал Пјер Вандиер, исто така ќе биде замолен да испита како „најновите иновативни технологии“ можат да се користат на Арктикот.
фото/Depositphotos
Свет
Макрон: Русија е значително ослабена од конфликтот
Францускиот претседател, Емануел Макрон, тврди дека Русија всушност е значително ослабена од конфликтот.
Според него, Русија влегла во рецесија, станала целосно зависна од Кина, има демографски проблем и се соочува со воен неуспех.
Макрон нагласи дека Европејците сега станаа „единствениот извор на воено финансирање“ за Киев, алудирајќи на Соединетите Американски Држави, кои побараа од Европа да ги засили своите напори.
Тој верува дека не може да се постигне мировен договор меѓу Украина и Русија без учество на Европејците.
„Ние ќе бидеме дел од решението и треба да бидеме дел од решението“, рече Макрон. Тој додаде дека токму тоа е причината зошто неговата канцеларија неодамна воспостави контакт со Москва.
foto/Depositphotos
Свет
Тројца скијачи загинаа во лавина на француските Алпи
Тројца скијачи загинаа откако беа однесени од лавина во луксузниот француски алпски скијачки центар Вал д’Изер, изјави за новинарите Седрик Боневие, задолжен за патеките на одморалиштето.
Боневие рече дека една жртва е француски државјанин, додека другите се странци.
Тој додаде дека инцидентот се истражува.
Медиумските извештаи велат дека инцидентот се случил надвор од пистата.
Се чини дека една од жртвите била зафатена од лавина високо на планинската падина, додека другите двајца биле во група од пет скијачи, вклучувајќи и професионален водич, пониско од планината каде што не можеле да ја видат катастрофата што се приближува.
Не е познато што ја предизвикало лавината, рече Боневие.
Метео Франс, националната метеоролошка служба, во четвртокот го стави подрачјето под црвена тревога поради ризик од лавини.
фото/Depositphotos

