Свет
Израел го засили полициското присуство во источен Ерусалим
Израел го засили полициското присуство во источен Ерусалим, а пристапот на Палестинците на светите места денеска е строго ограничен за да се спречат можни нереди.
Израел го засили полициското присуство во источен Ерусалим, а пристапот на Палестинците на светите места денеска е строго ограничен за да се спречат можни нереди. Истовремено, Израел им забрани на сите Палестинци од Западниот брег да влезат во Ерусалим. Петок е свет ден за муслиманите, а во „тензични времиња“, како што јавуваат медиумите, протестите се чести по пладневната молитва. Палестинците во повеќе наврати оваа недела се судрија со полицијата во источен Ерусалим. Тензиите настанаа откако неодамна Израел најави дека ќе гради уште 1.600 куќи во источен Ерусалим. Палестинците сакаат источен Ерусалим да биде престолнина на нивната нова држава, додека Израелците сметаат дека Ерусалим мора да остане обединет. /крај/б/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Пронајдена уште една црна кутија на местото на авионската несреќа во Казахстан
Втората црна кутија е пронајдена на местото на несреќата во близина на градот Актау во западен Казахстан, според окружниот сообраќаен обвинител Мангистау Абилајбек Ордабаев.
„Во авионот се пронајдени две црни кутии. Тие ќе бидат предадени на одделот за истрага на воздушни несреќи, а потоа ќе бидат прегледани“, рече тој на прес-конференцијата, пренесува Казинформ.
Според него, од повредените се земени изјави и се идентификувани сите сведоци, а се испитува и видеото од радио врската меѓу диспечерот и екипажот.
Свет
Лавров: Центрите за одлучување во Киев може да бидат цел на руски удари
Центрите за одлучување во Киев може да бидат директно цел на руски напади, во зависност од заканите кои доаѓаат, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, додавајќи дека Москва никогаш не напаѓа цивилни цели.
„Ние избираме цели за уништување на територијата на Украина само врз основа на заканите за Руската Федерација. Тоа може да бидат воени објекти, претпријатија од одбранбената индустрија, центри за одлучување во Киев, но одговорот на цивилните цели не е наше правило. Тоа се методите на нацистите кои се населиле во Киев со поддршка на Западот и на оние кои ги снабдуваат со оружје за уништување на цивилната инфраструктура и цивилите“, изјави Лавров пред домашните и странските новинари, пренесува ТАСС.
Лавров го привлече вниманието на фактот дека Киев секојдневно напаѓа „очигледно цивилни цели“ со беспилотни летала и западни проектили.
Свет
НАТО повика на целосна истрага за причините за авионската несреќа
НАТО во Брисел повика на целосна истрага за причините за авионската несреќа во Казахстан.
„Нашите мисли и молитви се со семејствата и жртвите на летот Ј28243 на Азербејџан ерлајнс“, рече портпаролката на НАТО, Фарах Дахлалах.
На повредените во несреќата им посакуваме брзо закрепнување и повикуваме на целосна истрага“, додаде таа.
Our thoughts and prayers are with the families and victims of #AzerbaijanAirlines flight #J28243. We wish those injured in the crash a speedy recovery and call for a full investigation.
— NATO Spokesperson Farah Dakhlallah (@NATOpress) December 26, 2024