Свет
„Дел“ и „Го деди“ ќе го следат Гугл и ќе ја напуштат Кина
Двете огромни американски компании за технологија, „Дел“ (Dell) и „ Го деди“ (Go Daddy), се заканија дека ќе ја напуштат Кина, во време кога „Гугл“ си оди од земјата.
Двете огромни американски компании за технологија, „Дел“ (Dell) и „ Го деди“ (Go Daddy), се заканија дека ќе ја напуштат Кина, во време кога „Гугл“ си оди од земјата.„Го деди“ Групацијата, што продава интернет домејн имиња, рече дека ќе престане да ги нуди новите „cn” домејн регистрации во Кина, поради претставување на нови правила.Кинеската влада изјави дека секој кој сака да купи веб сајт во Кина ќе мора да обезбеди целосна фото идентификација.Кристин Џоунс, потпретседателот на „Го деди“, изјави пред комитетот дека компанијата била „загрижена за безбедноста на индивидуалците“ и дека новите регулации ќе имаат „кулинг ефект“ на новите домејн регистрации на имиња.Крис Смит, Републикански конгресмен во Њу Џерси изјавил дека „Гугл “испукал истрел“ што се слушнал низ светот и сега втора американска компанија започнала да ги брани правата на кинескиот народ“.Во меѓувреме, „Дел“, третата најголема компјутерска компанија (по продажба) во светот, најави дека ја разгледува можноста да ги префрли своите операции од Кина во Индија.Михаел Дел, основачот и главен извршен директор на компанијата, дал предлог да се состане со Премиерот на Индија, Манмохан Синг.„Утрово се сретнав со директорот на „Дел“ корпорацијата и тој ме информираше дека тие купуваат опрема која вреди 25 билиони долари од Кина. Тие би сакале да се преместат во побезбедна средина, со клима што е погодна за претпријатието односно онаму каде има издржан правен систем,“ изјавил Премиерот на Индија, Манмохан Синг, за “Хиндустиан Тајмс“.Вестите за напуштање на кинескиот пазар од страна на двете огромни американски гиганти дојде во време кога „Гугл“ си оди од земјата. Оваа компанија не можеше да изнајде решение со комунистичката влада на Кина, која ги блокираше корисниците на интернет да гледаат „search“ резултати од одредени „забранети“ содржини, како на пример про-демократското движење. /крај/тгф/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Нови снимки од Бејрут: Хотел тешко оштетен во израелски напад
Нови снимки од либанската престолнина Бејрут покажуваат сериозни оштетувања на хотел во населбата Хазмие, источно од центарот на градот, додека израелските напади продолжуваат.
На снимките се гледа тешко оштетена фасада на хотелската зграда по нападот.
Hazmieh now pic.twitter.com/Q1lN9MoKlC
— Pheebs (@galpalpheebs) March 4, 2026
Фото: ЕПА
Свет
Мерц: Трамп ме увери дека американската војска ќе остане во Германија
Американскиот претседател Доналд Трамп потврдил дека САД планираат да ја задржат својата воена присутност во Германија, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц по средбата со него во Белата куќа.
„Трамп уште еднаш ме увери дека САД имаат намера да ја задржат својата воена присутност во Германија“, изјави Мерц во Вашингтон, додавајќи дека тоа се добри вести.
Во последните месеци се шпекулираше дека, поради критичкиот став на Трамп кон Европа, би можело да дојде до повлекување на американските трупи од Германија.
Мерц рече дека со Трамп разговарале и за подобра организација на заедничкото одвраќање пред самитот на НАТО во Анкара во јули.
Тој додаде дека Трамп признал дека Германија презела водечка улога во зајакнувањето на европскиот столб на НАТО и дека САД го почитуваат германското вложување во војската.
Свет
Израел погодил станбена зграда во Либан, најмалку четворица загинати
Најмалку четири лица загинале, а шест се ранети во израелски напад врз четирикатна станбена зграда во источниот либански град Баалбек, јави либанската државна агенција ННА.
Спасувачките екипи работат на извлекување луѓе од под урнатините.
Нападот доаѓа по ескалацијата на борбите долж либанско-израелската граница, откако Хезболах испалил дронови и ракети кон Израел. Од тогаш групата продолжила со ракетни напади, а Израел извршил низа воздушни удари низ Либан и испратил војници на југот.
Хезболах соопштил дека неговите борци испалиле голем број ракети кон израелски сили во близина на градот Метулa, како одговор на израелските напади врз десетици либански градови.
Израелската војска во средата ги предупредила жителите на 16 села во Либан да се евакуираат.
Според либанското министерство за здравство, од почетокот на последната ескалација во израелските напади загинале најмалку 50 луѓе, а 335 се ранети.
Фото: ЕПА

