Свет
Продолжуваат масовните протести во Бангкок

Пратениците на тајландската опозицијата денеска им се приклучија на анти-владините протести на улиците на Бангкок, повикувајќи на „историски протести“ за време на викендот.
Пратениците на тајландската опозицијата денеска им се приклучија на анти-владините протести на улиците на Бангкок, повикувајќи на „историски протести“ за време на викендот.
Целта на протестите во Тајланд, кои траат веќе две седмици, е симнување од власт на премиерот Абхисит Веџаџива.
Илјадници демонстранти облечени во црвени маици и предводени од поддржувачи на поранешниот премиер Таксин Шинаватра, го повикаа Веџаџива да го распушти парламентот и да распише избори.
„Го повикуваме секој, кој не ја поддржува владата утре да излезе на протести “, изјави лидерот на протестите Натавут Саикуа и повика на „најмасовни протести во историјата на Тајланд“.
Освен неколку експлозии на гранати, што поминаа без жртви и поголема материјална штета, протестите во Тајланд засега се мирни, но тензијата постојано расте.
„Парламентот повеќе не е место каде се практикува демократија, па ние ќе ја продолжиме дебатата на улиците на Бангкок заедно со демонстрантите“, изјави Анудит Накорнтап, пратеник на опозицијата.
Сепак, експертите сметаат дека Веџаџива ќе успее да ја преброди кризата во земјата со поддршката од своите коалициони партнери, како и со помош на војската и припадниците на елитата.
„Иако „црвените маици“ жестоко протестираат и не планираат да се откажат од своите барања, не постојат знаци на слабеење на власта на Веџаџива“, смета Пичај Лертсупонкит, челник на Таначарт Секјуритис./крај/reuters/иа
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Ултиматумот на Европската Унија до Путин и Русија истече

Украина и европските лидери се согласија на безусловно примирје во траење од 30 дена, почнувајќи од 12 мај, со поддршка на американскиот претседател Доналд Трамп. Во исто време, тие му се заканија на претседателот Владимир Путин со нови „масивни“ санкции доколку не се придржува до договорот.
ЕУ му постави ултиматум на Путин да се согласи на 30-дневен прекин на огнот од полноќ или да се соочи со значително построги санкции. Кина, исто така, го поддржа планот.
Русија не се огласи по ова прашање до полноќ.
Свет
(Видео) Телескоп на НАСА ја сними поларната светлина на Јупитер

Впечатливите поларни светлини на Јупитер се стотици пати посветли од оние на Земјата, откриваат нови слики од вселенскиот телескоп Џејмс Веб, објави Асошиејтед Прес.
На најголемата планета во Сончевиот систем, се гледа импресивен светлосен феномен како „танцува“ кога честички со висока енергија од вселената се судираат со атоми на гас во атмосферата во близина на магнетните полови на планетата.
Аурорите на северната и јужната светлина на Јупитер и Земјата (aurora borealis и aurora australis) се движат од истиот механизам – честички со висока енергија што Сонцето ги исфрла за време на сончевите бури. Но, аурорите на Јупитер се уште поинтензивни бидејќи силното магнетно поле на планетата, исто така, ги заробува честичките исфрлени во вселената од џиновските вулкани на нејзината месечина Ио.
Телескопот Веб претходно го сними сјајот на аурорите на Нептун со највисока резолуција досега, децении откако тие беа првпат слабо видливи за време на прелетот на Војаџер 2.
Телескопот го снимил феноменот на аурора користејќи специјална камера во близок инфрацрвен спектар. Набљудувањето на Јупитер беше спроведено на 25 декември 2023 година, а го водеше тим научници предводен од Џонатан Николс од Универзитетот во Лестер во Обединетото Кралство. Резултатите од истражувањето беа објавени денес во научното списание „Nature Communications“.
Свет
Хамас го ослободи последниот американски заложник од Газа

Палестинската милитантна група Хамас објави дека го ослободила израелско-американскиот заложник Едан Александар и го предала на Меѓународниот комитет на Црвениот крст.
Израел потврди дека 21-годишниот Александар е ослободен.
Александар бил член на воена единица стационирана на границата со Газа кога бил заробен од милитантите на Хамас за време на нападот врз јужен Израел на 7 октомври 2023 година.
Хамас изјави дека ослободувањето на Александар е „гест на добра волја“ насочен кон оживување на разговорите за ставање крај на 19-месечната војна меѓу Израел и Хамас.
Објавувањето доаѓа пред посетата на американскиот претседател Доналд Трамп на Блискиот Исток, која започнува утре.