Свет
Пронајден задниот дел на јужнокорејскиот воен брод
Спасувачки екипи вчера го пронајдоа задниот дел на јужнокорејскиот воен брод кој во петокот потона во водите на Жолтото море, објави денеска јужнокорејската војска.
Спасувачки екипи вчера го пронајдоа задниот дел на јужнокорејскиот воен брод кој во петокот потона во водите на Жолтото море, објави денеска јужнокорејската војска.
Спасувачките екипи успеаа да пронајдат 58 морнари, додека останатите 46 сè уште се водат како исчезнати, при потонувањето на бродот „Чеонан“ во близина на границата со Северна Кореја.
Иако се претпоставуваше дека бродот бил погоден од севернокорејско торпедо, сепак висок претставник на јужнокорејската влада изјави дека Северна Кореја најверојатно не е вмешана во инцидентот.
Нуркачки екипи успеаа да го пронајдат кормилото и средниот дел на бродот тежок 1200 тони, на 40 метри длабочина приближно 230 метри од местото каде се претпоставува дека потонал.
Портпаролот на јужнокорејската војска во саботата изјави дека најверојатно голем број од исчезнатите морнари останале заробени во внатрешноста на бродот кога тој потонал./крај/хи/иа
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Дачиќ: Србија не е експериментално тело па на неа постојано да се крши меѓународното право
Министерот за надворешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија, Ивица Дачиќ денеска изјави дека е срамно што Комитетот за политички прашања на Советот на Европа (СЕ) ја прифати препораката дека Косово ќе биде примено во Советот на Европа, и дека е спротивно на сите принципи на кои почива таа организација и посочи дека Србија не е „експериментално тело“ па на неа постојано да се крши меѓународното право.
„Првпат се препорачува членство на територија која не е меѓународно признаена, која не е членка на ОН. За да се постигне тоа се обидуваат да најдат оправдување и да кажат дека тоа не го прејудицира статусот, а потоа во втората реченица велат дека тогаш ставот на СЕ престанува да биде статусно неутрален“, рече Дачиќ.
Регион
Откриено кој го возел „пунтото“ во моментот на исчезнувањето на Данка
Кој го управувал автомобилот „пунто“ е откриено од видеото во случајот со исчезнувањето на девојчето Данка.
Преземено е видео од надзорната камера лоцирана во дворот на куќата на сосетката Јасмин Стојадиновиќ од Бањско Поле, која била прегледана од полицијата во текот на истрагата за исчезнувањето на Данка Илиќ (2) од Бор.
На видеото се гледа зелен автомобил „пунто“, кој во моментот на исчезнувањето на девојчето се движел по улицата со голема брзина. Возилото наводно било управувано од маж. Сепак, оваа информација не го олесни пребарувањето многу. Познато е дека бил сослушан во полиција.
Утврдено е дека се работи за сосед што живее недалеку од местото на кое исчезна Данка Илиќ. Според информациите, мажот бил во алкохолизирана состојба и возел со голема брзина.
Девојчето исчезна на 26 март во 13.45 часот.
Свет
„Њујорк тајмс“: Американските разузнавачки служби не ги споделиле со своите руски колеги сите информации што ги имале за заканата од терористички напад
Американските разузнавачки служби не ги споделиле со своите руски колеги сите информации што ги имале за заканата од терористички напад во градското собрание Крокус поради страв да не ги откријат нивните извори, пишува „Њујорк тајмс“ повикувајќи се на претставници на европската и американската безбедност, пренесува „РИА новости“.
„Непријателските односи меѓу Москва и Вашингтон ги спречија американските официјални лица да споделат повеќе информации за терористичкиот заговор поради страв дека руските власти би можеле да дознаат за нивните разузнавачки извори или методи“, се вели во написот.
Како што изјави директорот на ФСБ, Александар Бортников, Вашингтон на почетокот на март пренел информации за подготовка на терористички напад во Русија, но тој бил од општа природа. Тој истакна дека таквите податоци од САД не се секогаш конкретни.