Свет
Најмалку девет загинати при напад во Дагестан

Најмалку девет лица загинаа, во две експлозии во руската северно-кавкаска република Дагестан, објави портпаролот на локалната полиција.
Најмалку девет лица загинаа, во две експлозии во руската северно-кавкаска република Дагестан, објави портпаролот на локалната полиција. „Според првичните информации, имаше две експлозии во градот Кизљар“, изјави портпаролот. „Засега имаме потврда за девет загинати“, дополни тој, наведувајќи дека поголемиот дел од загинатите се полицајци. Меѓу жртвите е и Виталиј Ведерников, началник на локалната полиција. Според првичните сознанија, втората експлозија е причинета од бомбаш-самоубиец, облечен во полициска униформа. Нападот се случува два дена по нападот во московското метро, кога во две одделни експлозии загинаа 39 лица. Властите нападот го поврзаа со бунтовниците во северен Кавказ. /крај/бгнес/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Убиецот по атентатот испраќал пораки: Јас сум Чарли Кирк, ја лажирав смртта за да живеам во Канзас

Њујорк тајмс објави детали за тоа како осомничениот за убиството на конзервативниот активист Чарли Кирк, 22-годишниот Тајлер Робинсон, се однесувал по атентатот.
Пред да биде уапсен, тој испраќал пораки во групен чет на платформата „Дискорд“, шегувајќи се дека самиот е Чарли Кирк и дека ја лажирал смртта за да живее во Канзас.
Еден ден по убиството, пријател во четот го тагирал Робинсон и му испратил фотографии објавени од ФБИ со молба јавноста да помогне во идентификација на осомничениот. Робинсон одговорил за помалку од минута, тврдејќи дека „двојникот“ сака да го вовлече во неволја. Други учесници во групата се пошегувале: „Тајлер го уби Чарли!!!“
Во следните часови, Робинсон продолжил со иронични пораки – се шегувал за наградата од 100.000 долари што ја нудеше ФБИ, дека треба „да го скрие манифестот и пушката“, па дури и дека е „вистинскиот Кирк кој сакал да избега од политиката“.
Во групата коментирал и дека чул дека на куршумите имало пораки за „трансродна идеологија“, иако тогаш тоа сè уште не било јавно потврдено. Подоцна се откри дека на чаурите имало антиидеолошки пораки, стихови од песната „Бела чао“ и мемови поврзани со видео-игри.
Пораките ги споделил со Њујорк тајмс поранешен соученик на Робинсон, кој изразил шок и побарал анонимност. „Дискорд“ не потврдил дали корисничкото име е навистина негово, но се совпаѓа со други негови профили.
Робинсон бил уапсен 34 часа по атентатот, откако неговиот татко и семеен пастор го убедиле да се предаде. Според полицијата, тој дошол на кампусот пред дебатата на Кирк, се качил на покрив околу 120 метри од местото и испукал еден куршум кој го усмртил Кирк.
Членовите на групниот чет подоцна изразиле неверување: „Нашиот гувернер сака да му даде смртна казна“, напишал еден. Друг додал: „Не можам да сфатам дали ова навистина се случува.“
Свет
(Видео) Украинците потврдија напад: Срушени руски железници, загинати гардисти

Украинската Главна разузнавачка управа (ГУР) и Специјалните операции изведоа координирани напади врз две клучни руски железнички линии – Орел-Курск и Санкт Петербург-Псков – со цел да ја нарушат логистиката на Кремљ.
Just now – a passenger train derails in Russia’s Volgograd region after colliding with a truck. The locomotive is completely smashed up. pic.twitter.com/Ilm79vzdd6
— WarTranslated (@wartranslated) July 29, 2024
Во експлозија во регионот Орел, при обид за деминирање на пругата Малоархангељск-Глазуновка, загинале двајца припадници на Руската гарда, а трет останал без нозе. Поради тоа бил запрен федералниот железнички сообраќај, а повеќе од 15 возови каснеле.
Вториот напад се случил ноќта на 14 септември, кога на пругата Санкт Петербург-Псков бил дигнат во воздух воз – локомотивата излетала од шините, а уништени биле 15 цистерни со гориво.
Од ГУР нагласуваат дека овие линии се од стратешко значење за снабдување на руските сили кај Харков и Суми и дека уништувањето ќе предизвика сериозни логистички проблеми за Москва.
Свет
Гувернерот на Јута: Убиецот на Кирк бил во врска со трансродна цимерка

Истрагата за убиството на конзервативниот активист Чарли Кирк продолжува, а гувернерот на Јута, Спенсер Кокс, потврди дека осомничениот Тајлер Робинсон бил во романтична врска со својата цимерка која е во процес на транзиција од машки во женски пол. Кокс изјави дека таа целосно соработува со ФБИ и не знаела ништо за нападот.
Истражителите проверуваат и порака што Робинсон наводно ја оставил пред атентатот. Според гувернерот, осомничениот бил радикализиран преку „мрачната интернет култура“ и видеоигри, а не преку семејството.
Робинсон (22) доаѓа од конзервативно мормонско семејство во Јута, но последните години неговите ставови се менувале. На чаурите од оружјето биле пронајдени антиидеолошки пораки и мемови од видеоигри, што дополнително ја усложнува сликата за можниот мотив.
Иако бил израснат во републиканско семејство, останува нејасно дали убиството имало политичка позадина. Робинсон е во притвор и очекува официјално обвинение наредната недела.