Контакт

Свет

Почна повлекувањето и на сириските разузнавачки служби од Либан

Објавено пред

Припадниците на сириските разузнавачки служби денеска започнаа да се повлекуваат од досегашните позиции во Бејрут, јави израелското радио.

Припадниците на сириските разузнавачки служби денеска започнаа да се повлекуваат од досегашните позиции во Бејрут, јави израелското радио. Сириските тајни служби ќе се иселат од три локации во главниот либански град. Тие ќе се повлечат од главниот штаб што беше сместен во две згради во близина на касарната каде што се наоѓаат либанските војници, од зградата на пристаништето, како и од главните канцеларии во трговската улица Хамра.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Над пет тони кокаин пронајдени во Костарика

Објавено пред

Властите во Костарика соопштија дека заплениле над пет тони кокаин, што е најголема таква заплена во оваа централноамериканска земја.

Министерството за јавна безбедност на Костарика соопшти дека 5.048 килограми кокаин се пронајдени синоќа во контејнер во карипското пристаниште Моин.

Контејнерот во кој наводно биле украсни билки, требало да оди со брод за холандскиот град Ротердам.

Уапсен е еден човек, 46-годишен Костариканец, кој го донел контејнерот во пристаништето.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Вооружени крадци во Хонгконг украле стотина ролни со тоалетна хартија

Објавено пред

Вооружени крадци утрово украле стотина ролни тоалетна хартија во вредност од околу 130 долари во Хонгконг, каде поради коронавирусот има недостиг од основни работи.

Тројца мажи вооружени со ножеви ги пресретнале доставувачите утрото во населбата Монг Кок, позната по немири меѓу вооружени банди.

Полицијата успеала да ги фати. Според нивниот извештај крадците им се заканиле на доставувачите, кои веднаш им ги дале ролните со тоалетна хартија. Крадците зеле 600 ролни во вредност од околу 130 долари.

Во Хонгконг мментално недостига тоалетна хартија поради паничното купување на залихи предизвикано од страв од коронавирусот. Низ Хонгконг луѓето чекаат во редици пред продавниците откако ќе пристигне стоката на полиците.

Слична паника владее и во Сингапур, каде се потврдени 75 случаи на заразени со коронавирусот.

Прикажи повеќе...

Свет

Орбан: Унгарија е иднината на Европа

Објавено пред

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, синоќа во обраќањето пред нацијата рече дека Будимпешта научила дека не мора да ѝ се допаѓа на, како што кажа, уморната бриселска елита, истакнувајќи дека Унгарија е иднината на Европа.

„Во последните десет години научивме дека Европа не е во Брисел“, рече тој.

„Европа сме ние и не мора да ѝ се допаѓаме на уморната бриселска елита … Во минатото мислевме дека Европа е нашата иднина, но денес знаеме дека ние сме иднината на Европа“, рече Орбан.

Тој изрази задоволство за тоа што Унгарија нашла „заеднички темели“ со соседните земји, Хрватска, Словачка, Словенија и Србија, и е во позиција да влезе во поширока соработка со нив и да формира сојузи.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет10 минути

Над пет тони кокаин пронајдени во Костарика

Властите во Костарика соопштија дека заплениле над пет тони кокаин, што е најголема таква заплена во оваа централноамериканска земја. Министерството...

Свет19 минути

(Видео) Вооружени крадци во Хонгконг украле стотина ролни со тоалетна хартија

Вооружени крадци утрово украле стотина ролни тоалетна хартија во вредност од околу 130 долари во Хонгконг, каде поради коронавирусот има...

Македонија13 часа

Рот: Законот за ЈО е клучен чекор за европската иднина, останува ЕУ да испорача

Законот за Јавното обвинителство е клучен чекор за владеењето на правото и европската иднина на Северна Македонија, напиша на „Твитер“,...

Македонија14 часа

Митрески: Законот за Советoт на јавни обвинители не се носи со двојно мнозинство

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески на социјалните мрежи сподели листа на закони кои се носат со двојно...

Македонија15 часа

(Видео) Мицкоски: Изгласувањето на Законот за ЈО е спротивно на процедурите

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на прес-конференција изјави дека изгласувањето на Законот за јавно обвинителство било „се, само не правда,...

Македонија16 часа

Пендаровски ги потпиша Законите за ЈО и за Советот на јавни обвинители

Претседателот Стево Пендаровски, попладнево ги потпиша Указите за прогласување на повеќе закони кои беа усвоени во Собранието. Потпишани за законите...

Македонија16 часа

Димовски: Законот за Советот на јавни обвинители не е донесен, немаше бадентер

Законот за Советот за јавни обвинители не е донесен, истакна пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски и рече дека...

Македонија17 часа

Се распушти Собранието

Со 108 гласа „за“, без против или воздржани Собранието се распушти, што значи дека предвремените парламентарни избори ќе се одржат...

Македонија18 часа

Заев: Со Законот за ЈО гарантирана е разрешница на сите судски процеси почнати од СЈО

Им честитам на сите 80 пратеници, кои презедоа одговорност, го препознаа овој момент како клучен за владеењето на правото и...

Македонија19 часа

Спасовски ја повика ВМРО-ДПМНЕ да предложи нов министер за труд и социјална политика

Техничкиот премиер Оливер Спасовски упати јавен апел до ВМРО-ДПМНЕ да даде предлог за избор на министер за труд и социјална...

Македонија19 часа

Независната пратеничка група: Го поддржуваме законот за ЈО со чиста совест

Независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата соопшти дека законот за ЈО е од исклучително значење за нашата земја на...

Македонија20 часа

Изгласани законите за Совет на јавни обвинители и за одбрана без присуство на ВМРО-ДПМНЕ

Собранието ги донесе и другите два закони предвидени за денешната седница. Законот за Совет на јавни обвинители беше донесен со...

Македонија20 часа

Мицевски: Го повикуваме Пендаровски да не го потпишува законот за ЈО донесен на нелегален начин

Слугите на Зоран Заев денеска се надминаа себеси. Законот за амнесија на криминалите на Заев не помина. Го донесоа на...

Македонија21 час

Изгласан законот за јавно обвинителство

Собранието го донесе законот за јавно обвинителство со 80 гласови за и 6 против. На гласањето беа присутни 116 пратеници....

Топ23 часа

Тројца повредени во судир на три возила на патот Струмица-Ново Село

На магистралниот пат Струмица – Ново Село, кај „Робовска крстосница“, вчера се случила сообраќајна незгода помеѓу три возила – „тојота...

Свет23 часа

Цукерберг повика на построга регулација на штетните содржини на интернет

Сопсвтеникот на Фејсбук, Марк Цукерберг повика на поголема регулација на штетната содржина на Интернет, нагласувајќи дека не е на компаниите,...

Свет24 часа

Бројот на заразени надмина 68.000, 70 нови случаи на крузерот во Јапонија

Бројот на заболени од коронавирусот на крузерот во Јапонија, од вчера порасна за 70. Министерот за здравство на Кина, Кацунобу...

Македонија1 ден

Владата ги поништи распоредувањата во МВР од министерот Чулев

На деветтата седница на техничката влада, што се одржа доцна синоќа, Владата донесе неколку одлуки, меѓу кои и за поништување...

Свет1 ден

Водителката која го истепа својот дечко пронајдена мртва

Каролин Флек, поранешната водителка на британското риалити шоу „Лав Ајланд“, е пронајдена мртва во нејзиниот стан во Лондон. Таа имаше...

Македонија1 ден

Пратениците ќе гласаат за законот за ЈО, одбрана и Совет на јавни обвинители

Пратениците денеска треба да гласаат за законот за јавно обвинителство, законот за одбрана и за законот за Советот на јавни...

Досие