Свет
„Дискавери“ успешно се поврза со МВС

Американскиот вселенски брод „Дискавери“ се спои со меѓународната вселенска станица (МВС).Два часа по завршувањето на сите неопходни проверки ќе бидат отворени портите и ке се одржи состанокот на екипажите на двата вселенски апарати.
Американскиот вселенски брод „Дискавери“ се спои со меѓународната вселенска станица (МВС).Два часа по завршувањето на сите неопходни проверки ќе бидат отворени портите и ке се одржи состанокот на екипажите на двата вселенски апарати.
Со пристигнувањето на 7-те нови космонаути во одборот на „Дискавери“ , бројот на екипажот на вселенската станица ќе се зголеми на 13 лица.
Поврзувањето било извршено во рачен режим од страна на командантот на екипажот на вселенскиот брод, 48 – годишниот Алан Поинтдекстер./крај/фокус/ми
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Папата Франциско утре ќе биде отпуштен од болница, но треба да се навикне пак да зборува

Папата Франциско утре ќе биде отпуштен од болница по повеќе од пет недели, велат лекарите, јави ДПА.
Кардиналот Виктор Мануел Фернандез вчера изјави дека папата добро реагира на лекувањето за пневмонија, но треба повторно да се навикне да зборува.
Осумдесет и осумгодишниот поглавар на Римокатоличката црква беше хоспитализиран во болницата „Џемели“ во Рим од 14 февруари, откако му беше дијагностицирана двојна пневмонија.
Регион
Драма во Белград на Сава: Пријавиле дека виделе тело во реката

Полициски патроли и екипи на Итна помош денеска се упатиле кон кејот на Сава откако добиле дојава дека во реката Сава во Белград е забележано безживотно тело.
Нешто по 16:00 часот е добиена дојава дека на водата во близина на познат белградски ресторан е забележано безживотно тело. На лице место е полициска патрола.
Свет
343 лица се приведени на протестите во Турција

Турските власти привеле 343 лица на протестите што се одржаа синоќа во повеќе градови во Турција поради апсењето на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, главен ривал на претседателот Реџеп Тајип Ердоган, пренесува ДПА.
Демонстрации се одржаа во десетина градови, вклучувајќи ги Истанбул и престолнината Анкара.
Турското Министерство за внатрешни работи соопшти дека приведувањата се направени за да се спречат „нарушувања на јавниот ред“ и предупреди дека властите нема да толерираат „хаос и провокации“.
Десетици илјади Турци учествуваат во главно мирни демонстрации од средата, кога Имамоглу беше приведен под обвинение за корупција и помагање на терористичка група, заедно со уште 103 други осомничени.