Свет
Тајланд: Изборната комисија бара распуштање на партијата на Абхисит
Тајландската изборна комисија побара распуштање на владејачката демократска партија на премиерот Абхисит Веџаџив бидејќи е обвинета за незаконско користење на донации .
Тајландската изборна комисија побара распуштање на владејачката демократска партија на премиерот Абхисит Веџаџив бидејќи е обвинета за незаконско користење на донации .Комисијата тврди дека во 2005 година повеќето членови од владејачката партија добиле противзаконски подароци, вредни над 258 милиони бахти или 5, 9 милиони евра.Таквите податоци комисијата неодамна ги предала на адвокати да ги разгледаат пред да ги предадат на уставен суд. Информирани сме за одлуката на комисијата но сеуште треба да се чека одлуката на уставниот суд, рече портпаролот на партијата Буранаџ Смутаракс./крај/хи/ин
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Заплови „Фуџијан“, најновиот и најмоќен кинески носач на авиони
Најновиот кинески носач на авиони „Фуџијан“ официјално е пуштен во служба, што претставува значаен чекор во напорите на Пекинг да ја достигне поморската моќ на САД, јави кинеската државна телевизија CCTV. На церемонијата на островот Хаинан присуствувал и претседателот Шји Џинпинг, кој симболично го активирал катапултот на палубата.
„Фуџијан“ е трет и технолошки најнапреден носач на авиони во кинеската флота, прв опремен со електромагнетни катапулти (EMALS) – технологија што досега ја поседува само американскиот „USS Gerald R. Ford“. Со тоа се овозможува полетување на авиони со поголем товар и поголем дострел.
President Xi Jinping on Wednesday attended the commissioning and flag-presenting ceremony of the Fujian, China's first aircraft carrier equipped with electromagnetic catapults, in south China's Hainan Province, according to Xinhua.
Xi, also general secretary of the Communist… pic.twitter.com/uTKFz6n1pD
— Global Times (@globaltimesnews) November 7, 2025
Иако користи конвенционален погон, за разлика од американските нуклеарни носачи, „Фуџијан“ со истиснина од 80.000 тони се смета за најмоќниот кинески брод досега и извор на национална гордост. Во Кина веќе се гради и четврти носач, познат како „Тип 004“, кој се очекува да има и нуклеарен погон.
Свет
Захарова му одговори на Руте: Објавете го списокот на „глобални правила“ што наводно ги кршиме
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, реагираше на изјавата на шефот на НАТО, Марк Руте, на тема Русија и кршењата на глобалните правила. Таа му наложи да го објави целосниот список на таканаречените правила, чие кршење неосновано ѝ се припишува на Москва.
„Прво, за какви „глобални правила“ зборуваме? Барам нивниот целосен список да биде објавен на веб-страницата на НАТО. Досега никој не знае за какви правила зборува Руте“, напиша дипломатката на својот Телеграм канал.
Второ, Русија, Кина, како и поголемиот дел од светот, отсекогаш изјавувале посветеност на меѓународното право, додека НАТО постојано го крши тој закон со своите агресивни дејствија и нелегитимни коалиции, изјави таа, потсетувајќи на нападите врз Ирак, бомбардирањето на Југославија и другите воени интервенции.
„Трето, не се сеќавам дека некоја од земјите-членки на НАТО изјавила дека ја суспендира соработката, на пример, како што изјави Руте, со Кина. Неодамна се одржа самитот САД-Кина – не слушнав дека Руте го критикувал американскиот претседател за тоа“, изјави таа.
Порано, Руте изјави дека Русија не е сама во намерата да ги прекрши глобалните правила, истакнувајќи дека оваа земја соработува со Кина, Северна Кореја, Иран и други земји.
Кремљ изјави дека Русија не претставува закана за никого, но дека нема да ги игнорира дејствијата што се потенцијално опасни за нејзините интереси.
Фото: принтскрин
Свет
Порака до Трамп?; Северна Кореја лансираше балистичка ракета
Северна Кореја денес лансираше балистичка ракета која падна во близина на ексклузивната економска зона на Јапонија, изјави јапонската премиерка Санае Такаичи.
Како што е наведено, досега не се пријавени штети на авиони или бродови, пренесува Кјодо.
Во Токио, Такаичи изјави дека им наредила на надлежните владини агенции брзо да ги достават потребните информации до јавноста и да обезбедат безбедност низ целата земја.
Агенцијата потсетува дека лансирањето се случи само еден ден откако Пјонгјанг ги осуди најновите санкции на САД против осум севернокорејски поединци и два субјекта за перење пари поврзани со сајбер криминал.
Фото: принтскрин

