Свет
Трет напад на деца во Кина за три дена
Кинески селанец нападнал пет деца во градинка во провинцијата Шандонг, а потоа се самозапалил. Ова е трет напад на деца во Кина во последните три дена.
Кинески селанец нападнал пет деца во градинка во провинцијата Шандонг, а потоа се самозапалил. Ова е трет напад на деца во Кина во последните три дена.
Напаѓачот кој е идентификуван како Ванг Јонглаи грабнал две деца и држејќи ги се полил себеси со бензин и се запалил. Воспитувачките од градинката успеале да ги оттргнат децата и да ги спасат.
Повредените деца се вон животна опасност, јавија кинеските медиуми.
Ова е трет напад на деца во последните три дена. Вчера во градот Таиксинг четириесет и седумгодишник повреди 29 деца во градинка од кои пет се во тешка состојба.
Во средата триесет и тригодишниот Чен Кангбинг влезе во основно училиште и со нож рани 15 ученици и еден наставник.
Минатиот месец во напад на основно училиште во Нанпинг на југоистокот на Кина Женг Миншенг уби осум деца.
Миншенг беше осуден на смрт а казната беше извршена на 28 април, еден месец по неговото злосторство./крај/хи/ми
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Авиони заглавени на пистите: најголемата американска авиокомпанија ги приземји сите летови
Американ ерлајнс во вторникот ги приземји сите свои летови во САД поради технички проблем, што ги наруши плановите за патување на илјадници патници кои се подготвуваа да летаат на Бадник, пренесуваат светските медиуми.
Масовните прекини на летовите претходно ги нарушија плановите на многу патници. Во 2022 година, Southwest Airlines доживеа целосен системски колапс кој траеше со денови.
Според написите од компанијата немаат дадено временска рамка за решавање на проблемот, но ги советуваше патниците на социјалната мрежа Х да им испратат директни пораки за да ги решат проблемите со билетите и трансферите.
„Технички проблем влијае на американските летови утринава. Нашите тимови работат на решавање на проблемот што е можно побрзо и им се извинуваме на нашите клиенти за непријатностите“, се вели во соопштението на компанијата за Ројтерс.
Многу патници објавија на социјалните мрежи дека нивните авиони се заглавени на пистите на различни аеродроми и дека сега се вратени на капијата.
Американ ерлајнс оперира илјадници дневни летови до повеќе од 350 дестинации во над 60 земји и се смета за најголема американска авиокомпанија по бројот на патници.
Американската федерална управа за авијација (ФАА) во изјава за Ројтерс укажа на авиокомпанијата, повторувајќи дека пријавила технички проблем.
Свет
Гладот се шири во Судан, 10 области загрозени до мај
Акутниот глад во Судан се прошири во пет области и, најверојатно, ќе се прошири на уште пет до мај бидејќи завојуваните страни продолжуваат да ја попречуваат хуманитарната помош потребна за ублажување на една од најтешките кризи на глад во модерното време, соопшти денеска глобалниот Комитет за преглед на гладот (ИПЦ).
Комитетот идентификува уште 17 области во Судан во опасност од глад.
ИПЦ проценува дека речиси 24,6 милиони луѓе, околу половина од Суданците, имаат итна потреба од помош во храна до февруари, што е нагло зголемување од првично проектираните 21,1 милион во јуни за истиот период.
Свет
Украина доби милијарда долари од Велика Британија и Јапонија како дел од програмата на Светската банка
Украина доби една милијарда долари од Велика Британија и Јапонија, а траншата се одвиваше под гаранции на владите на овие земји во рамките на програмата DPL на Светската банка, соопшти денеска премиерот на Украина, Денис Шмихал.
„Собраните средства ќе бидат искористени за зајакнување на нашата економија и финансирање на приоритетните расходи во социјалната и хуманитарната сфера“, рече Шмихал во објавата на „Телеграм“.
Тој им се заблагодари на Светската банка и на владите на Јапонија и Велика Британија за силната поддршка на Украина и нивниот придонес во зајакнувањето на стабилноста на Украина, пренесува „Укринформ“.