Свет
Отворање на Шангај експо 2010

Светската изложба Шангај Експо 2010, денеска се отвора за јавноста, по вчерашното свечено отворање.
Светската изложба Шангај Експо 2010, денеска се отвора за јавноста, по вчерашното свечено отворање.
На Шангај Експо 2010 во наредните шест месеци се очекуваат 70 милиони посетители.
Македонија на Шангај експо, ќе се претстави во павилјон во форма на пчелино гнездо, каде ќе одржи многубројни дигитални презентации на кои ќе ги покаже економијата, културата и технолошкиот развој.
Темата на македонското претставување ќе биде урбаниот континуитет, односно хармонијата меѓу урбаното живеење и природата. Секој месец ќе има различна тематска целина, мај ќе биде месец на традиционалните храна и вино, јуни на традиционалните занаети и на руралниот туризам и на економијата, во јули ќе се презентираат карактеристиките на Македонија. Август ќе биде посветен на животната средина, септември на културната ризница, а октомври на образованието и на технологијата.
На „Шангај експо 2010“ ќе се претстават 192 земји, 50 меѓународни организации.
Светските изложби се одржуваат од 1851 година. Следната треба да се одржи во 2015 година во Милано./крај/бт/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Хамас ги ослободи првите заложници

Првите седум заложници се предадени на Црвениот крст во Појасот Газа.
Меѓу ослободените се Гали Берман, Зив Берман, Матан Ангрест, Алон Охел, Омри Миран, Еитан Мор и Гај Гилбоа-Далал.
Објавата предизвика овации меѓу толпата на Плоштадот на заложниците во Тел Авив. Возилата на Црвениот крст сега ќе се упатат кон деловите од Газа под израелска контрола, каде што заложниците ќе им бидат предадени на израелските сили.
Потоа тие ќе бидат префрлени во воената база Реим во јужен Израел, каде што ќе бидат повторно обединети со своите семејства.
Свет
Нетанјаху им испрати порака на заложниците

Бенjамин Нетанјаху и неговата сопруга Сара додадоа лична порака на пакетите за добредојде што ќе им бидат дадени на заложниците по нивното враќање во Израел.
Црвениот крст моментално е на пат кон северниот дел од Појасот Газа, каде што ќе земе неколку израелски заложници, потврди израелската војска.
Црвениот крст потоа ќе ги транспортира до делот од Газа што е под израелска контрола.
Заложниците потоа ќе бидат префрлени во воената база Реим во јужен Израел, каде што ќе ги пречекаат нивните семејства.
По средбата, сите ќе бидат однесени во болници. Хеликоптерите на израелските воздухопловни сили се подготвени веднаш да ги префрлат сите заложници на кои им е потребна итна медицинска помош.
фото: принтскрин
Свет
(Видео) Трамп на пат кон Израел, Белата куќа објави снимка од авионот

Трамп е на лет за Израел, каде што треба да се обрати пред израелскиот парламент по ослободувањето на заложниците од Газа.
Портпаролката на Белата куќа објави видео од авионот со пораката: „Нова зора на Блискиот Исток“.
The view aboard Air Force One, as President Trump will soon be landing in Israel.
It’s a new dawn in the Middle East… ☀️🕊️ pic.twitter.com/DzMCf1dS39
— Karoline Leavitt (@PressSec) October 13, 2025