Свет
Мичел чека одговор од Палестинците за индиректните преговори со Израел

Американскиот пратеник за Блискиот исток Џорџ Мичел денеска треба да го добие одговорот од палестинската страна, околу иницијативата за започнување на индиректни мировни преговори меѓу Израел и Палестинците.
Американскиот пратеник за Блискиот исток Џорџ Мичел денеска треба да го добие одговорот од палестинската страна, околу иницијативата за започнување на индиректни мировни преговори меѓу Израел и Палестинците.
Палестинците бараат целосен прекин на изградбата на израелски населби на окупираниот Западен брег, како и во источниот дел на Ерусалим во текот на преговорите.
Директните израелско-палестински преговори беа прекинати кон крајот на 2008. година, кога Израелците започнаа со подготовка на избори на кои победи Ликуд на премиерот Бенјамин Нетанјаху.
Палестинците бараат од Нетанјаху целосно да ја замрзне градбата на еврејски населби, но тој јавно одби да запре со градењето во источен Ерусалим. /крај/хн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Брисел: Почестени сме од желбата на Канаѓаните да влезат во ЕУ, но тоа не е остварливо

Брисел е почестен од резултатите од истражувањето кое покажа интерес на Канаѓаните за влез во Европската унија, изјави денеска Пола Пињо, портпарол на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, но нагласи дека идејата не е остварлива.
Истражувањето, спроведено на крајот на февруари од истражувачката компанија „Абакус Дата“, покажа дека 44 отсто од канадските испитаници веруваат дека нивната земја треба да се приклучи на ЕУ, додека само 34 отсто се против идејата, објави Политико.
Прашањето за општа поддршка за пристапување во европскиот блок наиде на одобрување од 46 отсто од испитаниците.
Свет
Поранешен советник на Путин: Русија стравува од едно сценарио во прекинот на огнот

Владимир Путин најверојатно планира да одговори на предлогот за прекин на огнот со свое барање, изјави неговиот поранешен советник Сергеј Марков.
Зборувајќи за SkyNews, Марков рече: „Русија стравува дека периодот на прекин на огнот ќе се искористи за целосна милитаризација на украинското општество од страна на НАТО“.
Поради ова, тврди тој, Путин најверојатно ќе бара ембарго за испорака на оружје на украинската армија од други земји.
Но, кога еден новинар го прашал за можноста за испраќање мировници од европските земји, Марков се насмеал.
„Британските и француските трупи се дел од војната“, рече тој, додавајќи дека мировниците обично се од неутрални земји.
„Сите војници од европските земји би се сметале за окупатори, а руските војници би ги убиле сите бидејќи дошле да ја ослободат Украина.
Тензиите се зголемија кога беше прашан дали Русија ќе ги смета британските мировници за непријатели и учесници во војната.
„Да, затоа што Британија е учесник во војната“, одговори Марков, мислејќи на воената помош што Обединетото Кралство и ја дава на Украина.
Свет
Трамп: Никој нема да ги протера Палестинците од Газа

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека ниту еден Палестинец нема да биде протеран од опколениот Појас Газа, иако тој продолжува со својот план за преземање и обнова на палестинската енклава.
„Никој не ги протерува Палестинците“, рече Трамп одговарајќи на новинарско прашање додека беше домаќин на ирскиот премиер Мајкл Мартин во Овалната соба.
Коментарите на американскиот претседател доаѓаат откако израелскиот екстремно десничарски министер за финансии Безалел Смотрич во неделата изјави дека Тел Авив ќе отвори нова канцеларија за „администрација за емиграција“ во Министерството за одбрана за да управува со принудното раселување на Палестинците од Газа, според повеќе медиумски извештаи.