Свет
ФБИ претресе неколку куќи, за неуспешниот атентат на Тајмс Сквер
ФБИ денеска претресе неколку домови во североисточниот дел на САД, во рамките на истражувањето за неуспешниот атентат на Тајмс Сквер во Њујорк.
ФБИ денеска претресе неколку домови во североисточниот дел на САД, во рамките на истражувањето за неуспешниот атентат на Тајмс Сквер во Њујорк.
„Неколку претреси се извршени во североисточниот дел на САД“, соопшти портпаролката на ФБИ, Гејл Марчинкувиц.
Таа не сакаше да ги соопшти другите детали околу истрагата и претресите но, американските медиуми објавија дека станува збор за куќа во Ватертаун во сојузната држава Масачусетс.
Портпаролката истакна дека во текот на претресот две лица се уапсени и сместени во притвор поради нивниот иселенички статус.
Осомничениот за неуспешниот атентат кој се случи на 1 мај , Фаисал Шахзад американец со пакистанско потекло беше уапсен два дена по нападот во авион кој требаше да одлета за Дубаи.
Американскиот министер за правда Ерик Холдер во неделата рече дека САД поседуваат докази, според кои зад овој напад стои талибанска група./крај/хи/ин
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп вели дека Америка треба да се повлече од војната во Украина
Републиканскиот претседателски кандидат, Доналд Трамп, изјави дека САД треба да се повлечат од војната во Украина и дека демократската потпретседателка, Камала Харис и претседателот Џо Бајден немаат намера да го сторат тоа.
„Бајден и Камала не’ воведоа во војната во Украина и сега не можат да не’ извлечат. Не можат да не’ извлечат“, рече Трамп во својот говор во Џорџија.
САД немаат војска во Украина, но обезбедија воена и хуманитарна помош вредна милијарди долари.
„Мислам дека сме заглавени во таа војна, освен ако не станам претседател. Ќе ја прекинам. Ќе преговарам и ќе излеземе. Мораме да излеземе“, рече Трамп.
Свет
Зеленски: Војната со Русија е поблиску до крајот отколку што мислат луѓето
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска изјави дека војната со Русија е поблиску до крајот отколку што се мисли.
„Мислам дека сме поблиску до мир отколку што мислиме. Само треба да бидеме многу силни“, изјави Зеленски за ABC News.
Тој додаде дека победничкиот план што ќе му го претстави на американскиот претседател Џо Бајден оваа недела ќе бара од сојузниците да „помогнат за зајакнување“ на украинската армија.
Регион
Словенија го повика на разговор израелскиот амбасадор: „Израел го ескалира насилството“
Словенечкото Министерство за надворешни работи денеска го повика на разговор израелскиот амбасадор поради нападите во Либан кои веќе однесоа повеќе од 500 животи, изјави министерката за надворешни работи Тања Фајон на маргините на Генералното собрание на Обединетите Нации во Њујорк.
Според извори во словенечкото Министерство за надворешни работи, разговорот е закажан за утре, пренесува агенцијата СТА.
Како што рече министерката Фајон, се чини дека Либан станува новата Газа, а ситуацијата ја оцени како загрижувачка. Таа рече дека Израел го „ескалира насилството“ во Либан, Газа и Западниот Брег.
„Словенија ќе направи се што е во нејзина моќ, истовремено почитувајќи го меѓународното право и, се разбира, Повелбата на Обединетите нации“, најави таа.
Таа, исто така, најави дека наскоро ќе се сретне со либанскиот министер за надворешни работи за да разговара што друго може да се направи.
Франција, постојана членка на Советот за безбедност на ОН, побара итен состанок на тоа тело денеска откако Израел го започна најсилниот бран воздушни напади против Хезболах во Либан во последните децении, во кои загинаа стотици луѓе, меѓу кои и деца.