Контакт

Свет

Пронајдена црната кутија од урнатиот авион во Авганистан

Објавено пред

Спасувачите денеска ја пронајдоа црната кутија од патничкиот авион кој на 17. мај се урна во Авганистан со 38 патници и пет членови на екипажот.

dobivaj vesti na viber

Спасувачите денеска ја пронајдоа црната кутија од патничкиот авион кој на 17. мај се урна во Авганистан со 38 патници и пет членови на екипажот.

Црната кутија е пронајдена но од авганистанското министерство за собраќај и цивилната авијација велат дека е рано да се зборува за причините кои довеле до несреќата.

Спасувачките денеска ја продолжија потрагата по преостанатите жртви од несреќата која се случи во планинската област на околу дваесетина километри од Кабул, откако вчера беа принудени да ја прекината потрагата поради силниот снег и ветер.

Пред два дена беа пронајдени остатоците од авионот и телата на повеќе жртви.

Авионот на Памир ервејз од типот Антонов-24 леташе од северниот авганистански град Кундуз до престолнината Кабул со 44 патници, вклучувајќи тројца Британци и еден Американец.

Контролата на летање ги изгубила контактот со авионот, во моментот кога се наоѓал на околу 85 километри северно од Кабул.

Компанијата Памир Ервејз,го носи името по планинскиот масив во централна Азија и со работа започна 1995 година.

Памир Ервејз секојдневно сообраќа до најголемите авганистански градови, како и за Дубаи и Саудиска Арабија.

Директорот на компанијата соопшти дека авионот последен пат детално е прегледан пред три месеци во Бугарија./крај/бе/ми



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Снимена планета оддалечена 110 светлосни години

Објавено пред

Вселенскиот телескоп „Џејмс Веб“ за прв пат сними планета надвор од Сончевиот систем, од која е оддалечена 110 светлосни години, објавија научниците.

dobivaj vesti na viber

„Веб“ направил директна фотографија од млада планета, тип на гасен џин со големина на Сатурн, која орбитира околу ѕвезда помала од Сонцето, оддалечена околу 110 светлосни години од Земјата во соѕвездието Антил, велат истражувачите.

Планетата орбитира околу својата ѕвезда, наречена TWA 7, на растојание од околу 52 пати поголемо од орбиталното растојание на Земјата од Сонцето, а за споредба, Нептун орбитира околу 30 пати подалеку од Сонцето отколку Земјата, објавува Ројтерс.

Новооткриената планета и нејзината ѕвезда се екстремно млади – стари околу шест милиони години, во споредба со возраста на Сонцето и нашиот Сончев систем од приближно 4,5 милијарди години.

Повеќето од приближно 5.900 егзопланети откриени од 1990-тите години наваму се откриени со индиректни методи, како што е набљудување на мало затемнување на светлината на ѕвездата кога планета поминува пред неа, наречен метод на транзит.

Помалку од два проценти од планетите надвор од Сончевиот систем се директно фотографирани, како што направи „Веб“ со новоидентификуваната планета.

Иако оваа планета е голема кога се гледа во контекст на нашиот Сончев систем, таа е всушност најмалку масивната планета откриена со директно снимање и 10 пати помала од планетата за која претходно се сметаше дека е најмала.

Прикажи повеќе...

Свет

Кремљ: Путин нема да оди во Бразил на самитот на БРИКС поради потерницата

Објавено пред

Рускиот претседател Владимир Путин нема да патува на самитот на БРИКС во Бразил следната недела поради важечка потерница издадена против него од Меѓународниот кривичен суд (МКС), изјави денес помошникот за надворешна политика на Кремљ, Јуриј Ушаков.

dobivaj vesti na viber

МКС ја издаде потерницата во 2023 година, нешто повеќе од една година, откако Русија започна тотална војна против Украина, обвинувајќи го Путин за воен злостор за депортирање стотици деца од Украина.

Русија ги отфрла обвиненијата за воени злосторства, а Кремљ, кој не го потпиша основачкиот договор на МКС, ја прогласи наредбата за ништовна. Но, ова значи дека Путин мора да го процени ризикот од евентуално апсење ако патува во една од државите потписнички на статутот на МКС, според светските медиуми.

Ушаков рече дека Путин ќе присуствува на самитот на БРИКС во Бразил на 6 и 7 јули преку видео врска. „Ова се должи на одредени тешкотии во контекст на барањето за МКС. Во овој контекст, бразилската влада не можеше да заземе јасен став што би му дозволил на нашиот претседател да учествува на овој состанок“, рече Ушаков.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ќе отпатува на самитот и ќе ја претставува Русија. Кинескиот претседател Шји Џјинпинг, исто така, ќе го прескокне самитот, според извештаите на медиумите.

Прикажи повеќе...

Свет

Израелски пратеник: Не разбирам за што се бориме во Газа

Објавено пред

Моше Гафни, израелски пратеник и лидер на ултраортодоксната фракција Дегел Хатора, рече дека не разбира за што се бори Израел во Газа.

dobivaj vesti na viber

Отворајќи го состанокот на Комитетот за финансии на Кнесетот, Гафни рече дека е благодарен на Бога и на американскиот претседател Доналд Трамп за завршувањето на војната со Иран, пред да изрази сочувство за смртта на седум израелски војници во Газа вчера.

„Но, до овој момент не разбирам за што се бориме таму. Не разбирам каква е потребата. Што ќе правиме таму кога војници постојано се убиваат? Не го разбирам ова. Ни треба Трамп да дојде тука и да каже дека ги враќаме заложниците, да ги запреме сите овие работи и да се вратиме во нормала. Но, очигледно сè уште не сме го заслужиле тоа“, забележа тој.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион5 часа

Бугарскиот премиер: Целта на Северна Македонија е членство во ЕУ, а не освојувaње на Вавилон

Бугарскиот премиер Росен Жељазков разговараше со претседателката на Република Македонија Гордана Силјановска за време на самитот на НАТО во Хаг,...

Македонија9 часа

Сиљановска-Давкова: Куса средба со Трамп – симболичен гест на почит и партнерство

Претседателктата Гордана Сиљановска-Давкова на маргините на самитот на НАТО во Хаг се сретнала со американскиот претседател Доналд Трамп. „Кратка средба...

Македонија10 часа

Институциите до работодавачите: Да се работи од далечина каде што е изводливо, работниците да не бидат надвор од 11 до 17 часот

Министерството за економија соопшти дека во согласност со усвоената Информација за спроведување на мерки од Фаза 3 на Акцискиот план...

Македонија11 часа

Адвокатот на Ѓорчевски: Нема одговор зошто беше киднапирана и убиена Вања, и зошто се инсистираше татко и’ да е дел од постапката

Владимир Туфегџиќ – адвокатот на таткото на убиената Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски ја коментираше денешната ослободителна пресуда за неговиот клиент,...

Македонија12 часа

Обвинителството ќе се жали на ослободителната пресуда за таткото на Вања

Обвинителството ќе се жали на ослободителната пресуда за Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања Ѓорчевска, кој беше обвинет дека помагал...

Свет13 часа

Трамп: Ако не ги уништeвме нуклеарните комплекси на Иран, тие никогаш немаше да се согласат на мир

Претседателот на САД, Доналд Трамп, на прес-конференција за време на самитот на НАТО во Хаг изјави дека американските воздушни напади...

Македонија14 часа

Доживотен затвор за убиството на Вања и Панче, таткото ослободен од обвинение

Кривичниот суд пресуди доживотен затвор за Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов за грабнување и за убиството  на 14-годишната Вања...

Свет14 часа

Белата куќа: Извештајот за нападот врз Иран на „Си-ен-ен“ му го даде анонимен губитник од низок ранг

Американските медиуми објавуваат дека првичната проценка направена од Агенцијата за разузнавање на Министерството за одбрана на САД (DIA) покажала дека...

Свет15 часа

Американски разузнавачки служби го открија извештајот: Нападите не ја уништија нуклеарната програма на Иран

Нападите на американската војска врз три ирански нуклеарни објекти минатиот викенд не ги уништија клучните компоненти на нуклеарната програма на...

Македонија15 часа

Евакуирани македонски државјани од Израел, мајка и три деца слетаа во Атина

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека вчера беше реализирана евакуација на четири македонски државјани, односно едно семејство...

Македонија15 часа

Филипче до Мицкоски: Најлошото допрва доаѓа

Во рамки на теренските активности, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, беше во Кавадарци каде што оствари средби со граѓани и...

Македонија16 часа

Изгаснат пожарот во Трубарево што ги труеше жителите на Гази Баба и Аеродром

По девет часа интензивна работа и посипување на повеќе од 40 камиони земја на локацијата во Трубарево, повеќе нема бел...

Македонија17 часа

Во Кривичниот суд ќе биде изречена пресуда за убиството на Вања и Панче

Во Кривичниот суд денеска треба да биде изречена пресудата за убиството  на 14-годишната Вања Ѓоревска и 74-годишниот Панче Жежовски, случај...

Свет1 ден

Иран објави крај на војната

Иранскиот претседател, Масуд Песекијан, денес објави крај на 12-дневната војна со Израел во порака до нацијата и рече дека не...

Свет1 ден

Лавров: Неправедно е да се каже дека конфликтот меѓу Израел и Иран е сличен на нашиот со Украина

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека е погрешно да се споредува израелскиот напад врз Иран со конфликтот...

Свет1 ден

Нетанјаху му ветил на Трамп дека ќе се воздржи од понатамошни напади врз Иран

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, денеска му рече на американскиот претседател, Доналд Трамп, во телефонски разговор, дека ќе се воздржи од...

Македонија1 ден

Меџити: Вработувањата на Албанците станаа законска обврска за државата

Вработувањата на Албанците станаа законска обврска за државата, изјави вицепремиерот, Изет Меџити и додаде дека Владата на денешната седница го...

Македонија1 ден

Работа од дома и ослободување на бремените жени препорача Владата поради топлотниот бран

Владата ја разгледа и усвои информацијата за спроведување на мерки за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на...

Македонија1 ден

(Видео) Усвоен предлог-законот за правична застапеност, Мицкоски очекува администрацијата да биде вистински сервис на граѓаните

Од првиот ден на мандатот, Владата што ја предводам е посветена на унапредувањето на добрите меѓуетнички односи како еден од...

Македонија2 дена

Историски шамар за ВМРО-ДПМНЕ од сопствените сојузници во европскиот парламент, велат од СДСМ

СДСМ оценува дека денешното однесување на Европската народна партија (ЕПП), сестринската партија на ВМРО-ДПМНЕ, е директен историски дипломатски пораз за...