Свет
ЦИА планирала Садам Хусеин да го претстави како хомосексуалец
Американската централна разузнавачка агенција (ЦИА) настојувала што повеќе да го оцрни името на поранешниот ирачки лидер Садам Хусеин, пред нападот на Ирак во 2003 година. Имала идеја да го прикаже како хомосексуалец, пренесува Вашингтон Пост.
Американската централна разузнавачка агенција (ЦИА) настојувала што повеќе да го оцрни името на поранешниот ирачки лидер Садам Хусеин, пред нападот на Ирак во 2003 година. Имала идеја да го прикаже како хомосексуалец, пренесува Вашингтон Пост.
Предлогот бил дел од ирачката операциона група, специјалните ќелии на ЦИА, да направи лажна снимка во која ирачкиот диктатор има сексуален однос со некој млад човек и таа снимка да ја пушти на ирачкиот народ.
Еден поранешен вработен во ЦИА кој сака да остане анонимен, изјави дека филмот би требало да изгледа како да е снимен со скриена камера, како да се работи за тајна снимка.
Останатите предлози на ЦИА биле и да се изврши напад во ирачкиот телевизиски програм со лажни информативни емисии во кој Садам им соопштува на граѓаните дека се повлекува од власта во корист на својот син Удаја.
Американската агенција имала геј планови и за водачот на терористичката мрежа Ал Каеда, Осама бин Ладен, во која на снимката двојникот на Бин Ладен се фали со голем број на љубовници додека пие алкохол.
„Не дошло до реализација на овие проекти затоа што не му се допаднале на Џејмс Павит директор на операциите на ЦИА.
Прикажување на Садам како се забавува со млад човек не би го вознемириле Блискиот исток затоа што никој не се грижи за тоа“, тврди анонимен пензионер од агенцијата.
ЦИА засега не ги потврдува ниту ги демантира информациите.
Според мислењето на повеќе поранешни вработени во ЦИА, агенцијата се откажала од овие проекти затоа што немала доволно средства и експерти./крај/блиц/мт
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

