Свет
Украина се откажа од членството во НАТО
Украина службено се откажа од членството во НАТО алијансата со изјавата на министерот за внатрешни работи, Констјантин Гришенко дека тоа прашање не е повеќе на дневен ред, јавува Интерфакс.
Украина службено се откажа од членството во НАТО алијансата со изјавата на министерот за внатрешни работи, Констјантин Гришенко дека тоа прашање не е повеќе на дневен ред, јавува Интерфакс.
Ова е најконкретно изјаснување од страна на администрацијата на претседателот Виктор Јанукович дека прашањето за членството на Украина во НАТО алијансата за кое неговиот претходник Виктор Јушченско силно се залагаше, во поблиска иднина за Украина е неважно.
„Украина и понатаму ќе ги развива односите со Алијансата но прашањето за членство е симнато од дневен ред“, изјави за Интерфакс Гришенко.
Руската агенција ја пренесува изјавата на Гришенко во која тој вели дека членството во НАТО ја нема поддршката на жителите на Украина и има „разорна моќ“ врз државната политика.
Украинскиот парламент неодамна и го продолжи престојот на руската црноморска флота во базите во Крим до 2042. година./крај/хи/ми
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Децата кои беа ранети во училиштето во Загреб се пуштени од болница, празниците ќе ги поминат со своите семејства
Двете момчиња, ранети во страотниот напад во петокот во основното училиште „Пречко“ во Загреб, денеска се пуштени на домашно лекување од Детската болница.
Лекарите процениле дека момчињата на возраст од седум и 11 години се опоравиле доволно за да ги поминат Бадник и Божиќ дома со своите семејства.
„Најдобрата можна вест денеска од болницата Клаиќ е дека децата се добро. Чекаме психолошкиот тим да развие план за натамошно следење на нашите пациенти, а очекуваме да бидат отпуштени во текот на денот, што сите не радува многу – изјави Фран Штампалија, специјалист за детска хирургија за ХРТ.
Тој нагласи дека на родителите и на децата им олеснало кога дознале дека дошол овој момент.
„Ги пречекав, бев на должност во саботата, но целата екипа, вклучувајќи ги и нашите медицински сестри, кои особено морам да ги пофалам, завршија одлична работа, како и анестезиолозите, другите хирурзи и ургентното одделение“, рече Штапалија.
Тој додаде дека планот е да се следи закрепнувањето на децата откако ќе бидат отпуштени од болница.
„На сите им е јасно дека физичките рани ќе зараснат, но психолошките рани треба да се следат подолго време и на тој начин да нема опаѓање. Засега сме на нагорна патека и сакаме така да остане“, заклучи Штампалија.
Наставничката повредена во истиот напад е во стабилна состојба и и’ е укажана психолошка помош.
Свет
Претседателката на Молдавија: Ни претстои тешка зима без рускиот гас
На Молдавија ѝ претстои тешка зима, но ќе го надмине овој предизвик, изјави денеска претседателката Маја Санду на инаугурацијата на нејзиниот втор мандат.
Санду, која тесно победи на изборите во ноември, се соочува со потенцијална енергетска криза поради заканата дека Русија ќе го прекине снабдувањето со гас за малата источноевропска земја.
„Не е тајна дека зимата ќе биде тешка. Но, драги луѓе, ќе ја поминеме“, рече Санду на церемонијата во главниот град Кишињев.
„Бевме уценувани со гас, а сега со темнина, ова не е прв пат. Но светлината ќе надвладее, ние ќе победиме“, додаде таа.
Во нејзиниот прв мандат, Санду го сврте кормилото на Молдавија кон Европската унија и НАТО и подалеку од Москва, која управуваше со земјата за време на советската ера.
Санду постојано се залагаше за влез на Молдавија во ЕУ.
Се очекува Русија да ја прекине испораката на гас за Молдавија и нејзиниот отцепен регион Придњестровје од 1 јануари, кога истекува постоечкиот договор. Како резултат на тоа, Кишињев прогласи вонредна состојба на почетокот на овој месец.
Санду, која постојано се залагаше за влез на Молдавија во ЕУ, го доби својот втор мандат со помала разлика од нејзината прва изборна победа во 2020 година.
Овој пат таа го победи поранешниот главен обвинител кој беше поддржан од традиционално проруската партија, а изборите беа проследени со полемики за мешањето на Москва, што партијата го негира. Санду, која на крајот освои 55,33 отсто од вкупните гласови, победи само благодарение на силната поддршка од дијаспората. Во границите на земјата таа би загубила со мала разлика.
Свет
(Видео) Запалена новогодишна елка во Сирија, веднаш избија протести
Во Сирија избувнаа протести поради палењето на новогодишна елка, што ги поттикна повиците до новите исламистички власти да преземат чекори за заштита на малцинствата, јавува Би-Би-Си.
Видеото објавено на социјалните мрежи покажува запалена елка на главниот плоштад во Ал-Сукајлабија, претежно христијански град во централна Сирија. Дрвото е опкружено со маскирани луѓе.
Christians marched through Syria’s Damascus to demand protection for minorities after a Christmas tree was seen burning near Hama. pic.twitter.com/TSX1rrVIN4
— Al Jazeera English (@AJEnglish) December 24, 2024
Хајат Тахрир ал-Шам (ХТС), главната исламистичка фракција што го предводеше бунтот против претседателот Башар ал-Асад, рече дека сторителите се казнети. Безбедносен извор во провинцијата Хама, на која и припаѓа Ал-Сукајлабија, изјави дека две лица го запалиле дрвото и дека едното од нив е уапсено. Претставниците на ХТС ветија дека ќе ги заштитат правата и слободите на верските и етничките малцинства во Сирија.
Демонстрантите излегоа на улиците
Инцидентот доведе до тоа демонстрантите да излезат на улиците во Дамаск и другите градови. Луѓето извикуваа слогани против секташкото насилство, кое има за цел да го дестабилизира општеството, објави Сириската опсерваторија за човекови права.
„Сите скандираа, барајќи заштита на христијаните во Сирија“, рече Самер Елиас, кој вчеравечер се приклучи на протестот во Дамаск.
Граѓанската војна во Сирија избувна во 2011 година по продемократските протести против режимот на претседателот Башар ал Асад. Претходно овој месец, бунтовниците предводени од исламистичката група Хајат Тахрир ал-Шам (ХТС) почнаа брза офанзива во која остварија големи територијални придобивки и го зазедоа главниот град Дамаск.
„Имаме право да се плашиме“
Водачот на ХТС Ахмед ал Шара вети умереност и почитување на верските малцинства. Но, свештеникот Ендру Бахи во Дамаск изрази загриженост за тоа како ќе се постапува со христијаните во Сирија по соборувањето на Ал Асад.
„Имаме право да се плашиме. меѓу зборовите и делата“, рече Бахи.
„Изјавите на новото раководство во Дамаск се охрабрувачки и го истакнаа почитувањето на сите секти и религии, но некои акции и слогани се извор на загриженост за нас, а следните денови ќе го испитаат тоа“, додаде тој.