Свет
Триесет и осум загинати во невреме во Кина

Најмалку 38 лица загинаа во лизгање на земјиште предизвикано од поројните дождови во Јужна Кина а повеќе од 80.000 лица се евакуирани во текот на минатата недела, пренесе кинеската новинска агенција Sinhua.
Најмалку 38 лица загинаа во лизгање на земјиште предизвикано од поројните дождови во Јужна Кина а повеќе од 80.000 лица се евакуирани во текот на минатата недела, пренесе кинеската новинска агенција Sinhua.
Спасувачите откриле 18 тела во регионот Гуанкси каде што обилните врнежи го парализираа сообраќајот и оштетија повеќе куќи.
Ројтерс извести дека 23 лица го загубија животот во поплавите во областа Ронгсјан и 12 лица во областа Ченсји која е најмногу погодена од поплавите.
Синхуа извести дека спасувачите денеска трагаат по уште 14 лица./ми/см/ми
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Во Словенија пристигнаа двајца повредени пациенти од несреќата во Кочани

Вчера вечер во Љубљана пристигна првиот воен авион на Војската на Словенија, со двајца повредени пациенти од несреќата во Кочани.
Пациентите се успешно транспортирани и згрижени во Универзитетскиот клинички центар во Љубљана, известија од македонската амбасада во Словенија.
Регион
За неколку часа над 120 Бугари даруваа крв за повредените во пожарот во Кочани

Само во првите два часа над 120 луѓе дарувале крв за повредените во трагедијата во градот Кочани, објави БГНЕС.
Бугарскиот Црвен крст, Националната болница за превенција и контрола на заразни болести „Н.И. Пирогов“ и Националниот центар за трансфузиона хематологија започнаа крводарителска акција за повредените млади од Македонија во трагичниот настан во градот Кочани.
До крајот на неделата на паркингот на болницата Пирогов ќе има шатор каде медицинските лица од Пирогов и волонтери ќе ги пречекаат оние кои сакаат да даруваат крв за повредените млади.
Роднините на жртвите ќе добијат психосоцијална поддршка доколку е потребно и друга помош по потреба на терен, известуваат бугарските медиуми.
На 16 март во пожар во дискотеката „Пулс“ во градот Кочани загинаа 59 лица, а 155 беа повредени. 14 од жртвите во трагедијата моментално се сместени во бугарските болници.
„Во Бугарија денеска е прогласен Ден на национална жалост во знак на солидарност со нашите браќа Македонци“, објави БГНЕС.
Свет
Хамас: Новиот израелски напад е смртна казна за преостанатите заложници

Лидерот на Хамас рече дека новите израелски воздушни напади врз Газа претставуваат смртна казна за преостанатите израелски заложници.
„Одлуката на Нетанјаху да се врати во војна е одлука за жртвување на затворениците од окупацијата и смртна казна за нив“, рече Езат ал Ришк, лидер на Хамас и член на политичкото биро на палестинската група.
Како што додаде, „непријателот нема да го постигне со војна она што не успеа да го постигне со преговори“.
Во израелските напади загинаа повеќе од 320 луѓе, според Министерството за здравство на Газа.
Прекинот на огнот дојде по неколкунеделни напнати преговори и носи ново страдање за жителите на Појасот Газа, откако Израел го прекина снабдувањето со електрична енергија и ја блокираше хуманитарната помош.
Цивилната одбрана во Газа соопшти дека голем број луѓе се заробени под урнатините на домовите кои биле бомбардирани во различни области и дека меѓу загинатите има голем број деца.