Свет
БП го купи терминот „нафтена дамка“ на интернет пребарувачите
По инцидентот со истекување на нафтата во Мексиканскиот залив компанијата „Бритиш Петролеум“ одлучи да се погрижи за својот имиџ.
По инцидентот со истекување на нафтата во Мексиканскиот залив компанијата „Бритиш Петролеум“ одлучи да се погрижи за својот имиџ.
Нафтената компанија го купи терминот „нафтена дамка“ на „Гугл“ и „Јаху“, со што ќе може да „управува“ со својот имиџ и ќе го избегне бранот критики, пишува хрватски Дневник.хр.
Сега кога корисниците на интернет ќе го внесат во пребарувачите терминот „нафтена дамка“ (oil spill), ќе ги доведе до страницата „Дознајте повеќе за помошта на БП“, пренесува „Дејли меил“.
„Го купивме терминот на пребарувачите за да им олесниме на луѓето да се информираат за нашите напори во заливот“, изјавил портпаролот на БП.
Оваа еколошка катастрофа ја намали популарноста дури и на претседателот Барак Обама. Претседателот на БП Тони Хауард, беше подложен на критики откако изјави дека „влијанието на излеаната нафта врз околината е многу мало“./крај/нова/см
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Се роди бебе во такси во Црна Гора
Бебе во Никшиќ, Црна Гора, се роди во такси. Мајката почувствувала болка и тргнала на породување, но не дочекала да стигне до болницата, јавуваат црногорските медиуми.
Мајката и бебето по невообичаеното породување веднаш биле згрижени во болницата во Никшиќ.
„И мајката и бебето пристигнаа во болница со такси. Веднаш по приемот беше пресечена папочната врвца и беа завршени сите други постпородилни процедури. Бебето е одлично, тешко 2.330 грама при раѓањето“, потврдија во болницата во Никшиќ.
Храбрата мајка од Никшиќ, која на необичен начин го донесе на свет своето бебе, има 27 години.
Сличен случај имаше и во Македонија пред четири години, кога велешанка се породи во такси пред да влезе во болницата.
Според тогашните натписи во медиумите, кога стигнале пред болницата, таксистот ја отворил вратата од автомобилот и повикал помош од медицинските сестри. Папочната врвка беше пресечена во возилото.
Свет
Медведев: Директен конфликт меѓу Русија и САД ќе доведе до светска нуклеарна војна
Доколку се случи директен конфликт меѓу Русија и САД, ќе ескалира во светска нуклеарна војна, смета заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност Дмитриј Медведев, пренесува Танјуг.
„Скапо е да се бориш против Америка. Директен конфликт очигледно би ескалирал во глобална нуклеарна војна“, напиша Медведев на Телеграм, пренесува РИА Новости.
Во публикацијата тој исто така изрази уверување дека Русија и САД дефинитивно нема да станат пријатели во следниот век и дека по завршувањето на хибридната војна на Западот против Русија, Руската Федерација „може да ги игнорира Обединетите држави“, наведува агенцијата.
РЕ-Дигитал
Сондата на НАСА сè уште работи по најблиското приближување до Сонцето
НАСА денеска објави дека нејзината соларна сонда Паркер е безбедна и работи нормално, откако успешно го заврши најблиското приближување до Сонцето во историјата од вештачки објект.
Леталото помина на само 6,1 милиони километри од површината на Сонцето на 24 декември, летајќи низ надворешната атмосфера на Сонцето, наречена корона, во мисија што треба да им помогне на научниците да дознаат повеќе за ѕвездата најблиску до Земјата.
НАСА соопшти дека оперативниот тим во лабораторијата за применета физика Џон Хопкинс во Мериленд добил сигнал од сондата непосредно пред полноќ во четвртокот.
Се очекува леталото да испрати детални телеметриски податоци за неговиот статус на 1 јануари, додаде НАСА.
Патувајќи со брзина до 692.000 километри на час, леталото издржа температури до 982 степени Целзиусови, се наведува на веб-страницата на НАСА.
„Оваа студија одблиску на Сонцето и овозможува на Соларната сонда Паркер да направи мерења кои им помагаат на научниците подобро да разберат како материјалот во овој регион се загрева на милиони степени, потеклото на сончевиот ветер и како енергетските честички се забрзуваат до брзини блиску до брзината на светлината“, додава агенцијата.
Соларната сонда Паркер беше лансирана во 2018 година и постепено влегува во сè поблиски орбити околу Сонцето, користејќи ја гравитацијата на Венера за време на нејзиното прелетување на таа планета.