Свет
Ердоган со повик за прекин на блокадата на Појасот Газа
Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган ги повика денеска арапските нации на обединување и зголемување на напорите за прекин на израелската блокада на Појасот Газа и разрешувањето на блискоисточниот конфликт.
Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган ги повика денеска арапските нации на обединување и зголемување на напорите за прекин на израелската блокада на Појасот Газа и разрешувањето на блискоисточниот конфликт.
Ердоган, како што пренесува Франс Прес, се обрати до претставниците на 21 арапска земја, кои се собраа на преговори во Истанбул во врска со израелскиот напад врз хуманитарен конвој што доведе до влошување на турско-израелските односи.
„Мирот и стабилноста нема да дојдат во регионот, додека постои блокадата на Појасот Газа“, рече Ердоган на третиот турско-арапски форум. /крај/фк/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Метеоролозите во Велика Британија издадоа повеќе од 180 предупредувања за поплави
Британската метеоролошка служба издаде повеќе од 180 предупредувања за обилни врнежи и поплави во целата земја, а во тек е операција за спасување на возачите заглавени на поплавениот автопат М5, објавија денеска британските медиуми.
Како што јави „Скај њуз“, поплавен е и стадионот на локален фудбалски клуб, кој апелира за помош за санирање на последиците од невремето.
Дождот, кој паѓа со денови, најтешко ги погоди северните и централните делови на Англија и Велс предизвикувајќи голем прекин на сообраќајот во Милтон Кејнс, Оксфордшир, Кембриџшир, Лестершир и Западен Мидлендс.
Свет
На светот му требаат лидери кои не се за војна, изјави Орбан за поддршката за Трамп во Охрид
Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, смета дека поранешниот претседател и актуелен кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп се залага за мир во светот.
Одговарајќи на новинарско прашање во Охрид за поддршката за Трамп, Орбан изјави дека ако САД сакаат да имаат претседател кој е за војна, тогаш во светот ќе има војна, а ако сакаат да има мир, треба на чело на САД да биле политичар кој е за мир, а Доналд Трамп е за мир.
Тој рече дека Унгарија уште на изборите во 2016 година била поддржувач на Трамп, без намера да се меша во американските избори, иако постои мешање во унгарските избори.
Според него, политиката на Западот денес е во рацете на еден тесен круг политичари, на една елита.
„Ако се прашаме зошто како како Запад и како ЕУ губиме, тоа е поради тој елитистички круг на застарени политичари. Тие не можат да се справат со светските предизвици, па затоа треба да поддржиме енергични политичари. Западната елита нема свежа крв, таа е стегната во тесен круг и ги губи позициите на светската политичка сцена“, изјави Орбан.
Свет
Јапонија подготвува авион на своите вооружени сили за евентуална евакуација на граѓаните од Либан
Јапонската влада има намера да испрати авион на вооружените сили (SDF) во Јордан за да биде сè подготвено за евентуална евакуација на јапонските граѓани во Либан поради страв од ескалација на конфликтот меѓу Израел и милитантната група Хезболах, беше речено денеска на прес-конференција на јапонското Министерство за одбрана.
Министерот за одбрана, Минору Кихара, рече дека авионите на СДФ, вклучително и транспортниот авион „Ц2“, веќе се во подготвеност во Јапонија во случај нејзините граѓани да бидат евакуирани од Израел и дека владата соодветно ќе се справи со ситуацијата во зависност од тоа како ќе се одвиваат работите, пренесува „Кјодо“.
Тој додаде дека владата ја разгледува можноста за испраќање авиони „Ц2“ на вооружените сили во Јордан.