Свет
Објавено тајно досие на Едвард Кенеди

Американското федерално истражно биро (ФБИ) објави поголем број документи од тајното досие на покојниот сенатор Едвард Кенеди, јави би-би-си
Американското федерално истражно биро (ФБИ) објави поголем број документи од тајното досие на покојниот сенатор Едвард Кенеди, јави би-би-си.
Објавените документи, како што се наведува, главно се поврзани со смртните закани до сенаторот од Масачусетс Едвард Кенеди, кој почина лани во август на возраст од 77 години, од рак на мозокот.
Досието за сенаторот е особено интересно поради деталите за контроверзната сообраќајна несреќа на Чапаквидик, кога загина сопатничката на Кенеди Мери Џо Копечни.
Документите покажуваат дека ФБИ ги знаел деталите на несреќата, која фрлаше сенка врз политичката кариера на Едвард Кенеди, но го чувал идентитетот на сенаторот во тајност.
Едвард Кенеди беше последен преживеан брат на прочуеното американско политичко семејство, кој 47 години беше сенатор. Џон Кенеди – 35-тиот претседател на САД загина во атентат во Далас во 1963 година, а сенаторот од Њујорк Роберт Кенеди беше убиен во Калифорнија за време на претседателската кампања./крај/блиц/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Швајцарија му нуди имунитет на Путин ако дојде на мировна конференција

Швајцарија ќе му понуди имунитет на рускиот претседател Владимир Путин, и покрај неговото обвинение во Меѓународниот кривичен суд, под услов да присуствува на мировна конференција, изјави швајцарскиот министер за надворешни работи Игнацио Касис.
Минатата година, федералната влада дефинираше правила за давање имунитет на лице за кое е издадена меѓународна потерница.
„Ако тоа лице дојде на мировната конференција, а не од приватни причини“, рече Касис на прес-конференција со италијанскиот колега Антонио Тајани во Берн.
Францускиот претседател Емануел Макрон ја спомена можноста за мировен самит меѓу Владимир Путин и неговиот украински колега Володимир Зеленски да се одржи во Европа, и тоа би била една од неутралните земји, можеби Швајцарија. Тој додава дека се залага тоа да биде Женева, инаку и европското седиште на ОН.
Касис е целосно подготвен да организира таков состанок, истакнувајќи ја швајцарската експертиза во оваа област. Сепак, тој додава дека Русија е навредена од Швајцарија.
Имено, таа инаку неутрална европска земја одлучи да воведе санкции кон Москва во согласност со Европската Унија по руската инвазија на Украина во 2022 година.
„Постојано потсетував на мојата подготвеност (да организирам состаноци) за време на контактите со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во последните месеци (…) Ми беше кажано дека откако Швајцарија усвои европски санкции, тие природно изгубија дел од желбата да го сторат тоа во Швајцарија“, призна шефот на швајцарската дипломатија.
Свет
Меланија ми рече дека е апсолутно прекрасно – Трамп за писмото што му го предаде Зеленски

Претседателот на САД, Доналд Трамп, во интервју за „Фокс њуз“ изјави дека намерно не го прочитал писмото што му го предаде украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера.
Зеленски за време на состанокот во Овалната соба му даде на Трамп писмо од неговата сопруга, адресирано до Меланија Трамп.
Ова се случи откако првата дама на Соединетите Американски Држави му напиша писмо на Путин.
Зборувајќи за писмото на Олена Зеленска, Трамп изјави за „Фокс њуз“ дека било запечатено. „Меланија ми рече дека е апсолутно прекрасно писмо“, рече тој.
„Сигурен сум дека е прекрасно писмо“.
Свет
Дизајнерот кој го облече Зеленски откри што се крие зад оделото што го носеше во Белата куќа

Украинскиот моден дизајнер Виктор Анисимов, кој работеше на оделото за претседателот Володимир Зеленски, истакнува дека поформалниот стил што Зеленски го одбра за посетата на Белата куќа бил однапред планиран и не е само реакција на критиките што ги добил по февруарската средба во Овалниот кабинет.
Анисимов објаснува дека на новиот изглед работеле уште од јануари, пред да се појават критиките за претходниот избор.
Иако Зеленски е познат по својот едноставен и воен стил, дизајнерот вели дека претседателот одлучил да го развива својот имиџ со формална комбинација.
Оделото што Зеленски го носеше во Белата куќа, во сини и црни тонови, првично било дизајнирано за Денот на независноста на Украина.
„Не размислувавме за политичката симболика на облеката, туку како ќе изгледа и како ќе се чувствува претседателот во тоа одело“, рече Анисимов.
Според него, формалниот стил бил дел од поширока стратегија која го вклучуваше имиџот на Зеленски на светската политичка сцена, особено во светло на неговите напори да го заврши конфликтот во Украина без територијални отстапки и без одземање на членството во НАТО.
Иако модата стана централна тема на дискусија, Анисимов нагласува дека не бил загрижен за политичкото внимание што го предизвикала одлуката на Зеленски за облеката.
„Повеќе ме интересира кој ќе биде со нас како земја отколку што Зеленски носел“, рече дизајнерот, потенцирајќи дека за него многу поважен е исходот од состанокот и иднината на Украина.
Одлуката за поформален стил била дел од поширока стратегија на Зеленски да ја прикаже Украина како одлучна и сериозна нација на глобалната политичка сцена.
Прочитај повеќе: По критиките на претходната средба со Трамп, Зеленски овојпат доби комплименти за облеката