Свет
Иранскиот Врховен совет ги обвини ОН за двојни стандарди
Иранскиот Врховен совет за национална безбедност денеска ги критикуваше последните санкции на Обединетите нации(ОН) против Иран, наведувајќи дека станува збор за двојни стандарди на светските сили.
Иранскиот Врховен совет за национална безбедност денеска ги критикуваше последните санкции на Обединетите нации(ОН) против Иран, наведувајќи дека станува збор за двојни стандарди на светските сили. Советот укажа дека САД и другите нуклеарни сили го казнуваат Иран со санкции, иако Техеран не поседува нуклеарно оружје, додека истовремено го поддржуваат Израел, за кој се верува дека има „поприличен нуклеарен арсенал“. „Светот никогаш досега не виде резолуција на Советот за безбедност на ОН за нуклеарното вооружување на ционистичкиот режим. ОН никогаш не сакаа да истражуваат кој му го обезбеди нуклеарното вооружување на тој режим“, порача Советот.на Советот за безбедност на ОН на почетокот на месецот воведе четврт построг пакет санкции на Иран, со кој се предвидува замрзнување на имотот на 40 ирански компании и организации, поврзани со производството на балистички проектили. Со санкциите се забранува и ирански инвестиции како ископување на ураниум, како и можноста Иран да купи некој вид тешко вооружување, како што се напаѓачки хеликоптери и проектили. САД и Европската унија(ЕУ), независно од ОН, претходните два дена усвоија дополнителни санкции против Иран, кои, меѓу другото, подразбираат казни против поединци и институции кои „му помагаат на Техеран да развие своја нуклеарна програма и ракетна програма и да ги избегне меѓународните санкции“. Иран збогатува ураниум до ниво од 20 отсто, додека за производство на атомско оружје се потребни 95 отсто. Техеран најавува дека ќе продолжи со обогатувањето на ураниум на повисоко ниво, за да произведе гориво за истражувачкиот реактор за производство на медицински изотопи. Западот го обвинува Иран дека производството на медицински изотопи или струја е само покритие за подготовка за производство на атомско оружје, што, според меѓународната заедница, е вистинска причина за нуклеарната програма на Техеран. /крај/б/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп: Можеби имам лоши луѓе за односи со јавноста
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска, една година по враќањето на власт, на долга прес-конференција ги пофали своите постигнувања, ги критикуваше илегалните имигранти и изрази разочараност што неговата економска порака „не стигнува до Американците“.
Говорот го започна во преполна сала за новинари во Белата куќа, покажувајќи фотографии од, како што ги нарече, „пореметени убијци“ кои, според него, биле уапсени и депортирани од страна на Имиграциската и царинска служба (ICE), особено од Минесота — каде што се одржуваат протести против имграциската политика на владата.
Говорејќи за економијата, рече дека го „исчистил“ федералниот апарат и ги намалил бројките што, според него, биле високи под администрацијата на Џо Бајден. „Ги намаливме значително. Не разбирам… можеби имам лоши луѓе за ПР. Не успеваме да ја пренесеме пораката“, изјави Трамп.
Трамп ја спомена и венецуелската опозициска лидерка и добитничка на Нобелова награда за мир, Марија Корина Мачадо, за која рече дека е „неверојатно љубезна жена“. Иако претходно беше исклучена од неговата стратегија, рече дека повторно се водат разговори со неа: „Многу би сакал да можеме некако да ја вклучиме.“
Трамп се обрати од Белата куќа непосредно пред заминување за Давос, каде што ќе учествува на Светскиот економски форум, каде што се очекува фокусот да биде ставен на неговите пораки и закани поврзани со Гренланд.
Свет
Каја Калас: Додека некои сојузници ѝ вртат грб на Европа, Европа бара нови партнери
Шефицата на европската дипломатија, Каја Калас, денес во Европскиот парламент го бранеше неодамна потпишаниот трговски договор со Меркосур, нарекувајќи го „геостратешка одлука“.
Во расправата посветена на потребата од мирна демократска транзиција во Венецуела, Калас се осврна на потпишувањето на договорот со Бразил, Аргентина, Парагвај и Уругвај, земји членки на Меркосур. Членството на Венецуела во овој трговски блок е суспендирано од 2016 година.
„Во момент кога некои сојузници ѝ свртуваат грб на Европа, Европа бара нови сојузници“, рече Калас во Стразбур, пред зградата на Европскиот парламент, каде што денес се одржа голем протест против договорот.
Во саботата, Европската унија и земјите од Меркосур го потпишаа историскиот договор за слободна трговија, кој опфаќа 700 милиони граѓани. Следниот чекор е да се обезбеди поддршка од Европскиот парламент.
Утре пратениците ќе гласаат дали да побараат мислење од Судот на ЕУ за тоа дали договорот е усогласен со европските договори. Доколку предлогот помине, гласањето за потврдување на договорот ќе се одложи сè додека Судот не се изјасни – што може да потрае и до две години. Ако предлогот не помине, Европскиот парламент би можел да гласа уште во февруари.
Свет
САД веќе купиле острови од Данска – меѓу нив и озлогласениот остров на Епстин
Откако Доналд Трамп повторно ја актуелизираше идејата за купување на Гренланд, во јавноста се појави информација за последната голема територија што САД ја купиле од Данска во 1917 година. Станува збор за Данските Западни Индии, денес познати како Американски Девствени Острови, пишува „Њузвик“.
На социјалните мрежи се посочува дека во рамки на таа територија се наоѓа и островот Литл Сент Џејмс, познат како озлогласениот „остров на Епстин“.
САД ѝ платиле на Данска 25 милиони долари во злато за овие територии, стекнувајќи контрола врз островите Сент Томас, Сент Џон и Сент Кроа. Островот Литл Сент Џејмс бил дел од оваа аквизиција. Подоцна, во 1998 година, го купил починатиот финансиер и педофил Џефри Епстин.
Островот стекна лоша репутација како приватен имот на кој Епстин наводно извршувал сексуални злосторства. Тој стана централна точка во истрагите и граѓанските постапки што следеа по неговото апсење и смрт.
И денес островот е предмет на јавни расправи, а многумина повикуваат на објавување на детални информации за тоа кој и кога го посетувал. Тоа е особено нагласено по неодамнешното објавување на делови од „досиејата на Епстин“, кои фрлија ново светло врз неговата мрежа на контакти и тековните судски постапки.

