Свет
ОН: Криминалните банди добиваат милијарди од трговијата со луѓе
Криминални групи заработуваат 2,5 милијарди евра годишно од трговијата со луѓе во Европа.Поголемиот дел од околу 140 000 жртви на насилство се експлоатирани сексуално, покажуваат податоците од новиот извештај на ОН.
Криминални групи заработуваат 2,5 милијарди евра годишно од трговијата со луѓе во Европа.Поголемиот дел од околу 140 000 жртви на насилство се експлоатирани сексуално, покажуваат податоците од новиот извештај на ОН.
„Трговијата со луѓе е еден од најголемите нелегални бизниси во Европа”, соопшти канцеларијата на ОН за дрога и криминал (UNODC) во новиот извештај објавен денеска.
„Во секое време над 140 000 жртви се наоѓаат приклештени во кругот на насилството, злоупотребите и деградациите во Европа, без јасни знаци дека вкупниот број се намалува. Вкупно 84 отсто од жртвите се жртви сексуално експлоатирани”.
„Жртвите обично се лековерни, заблудени луѓе или свесно се впуштаат во криминални бизниси “, истакнува UNODC.
Над половина од жртвите потекнуваат од Балканот и Русија,
„Европејците сметаат дека ропството е укинато пред векови. Но, ако се погледне внимателно, ќе видите дека робовите се меѓу нас “, вели началникот на канцеларијата на ОН, Антонио Марија Коча.
„Треба да се направи повеќе за намалување на побарувачката за продукти произведени од робовски труд или експлоатацијата”, вели тој.
Прогонот на трговците со луѓе се уште останува ограничен во Европа, велат од UNODC.
„Необичен факт во тие случи е што жените сочинуваат голем дел од прекршителите на законот . Тие дејствуваат како посреднички и помагаат за намамување на жртвите, за да може самите да го избегнат ропството. Повеќето жртви стануваат жртви во нивната земја, се вели во извештајот“, крај/апф/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Грабежи низ Лос Анџелес: крадци се облекуваат како пожарникари за да упаднат во напуштени домови
Полицијата уапси голем број разбојници облечени како пожарникари кои упаднаа во напуштени домови во Лос Анџелес, каде околу 35.000 домови и деловни објекти се уште се без струја поради разорните пожари.
Пожарите ги оштетија далноводите низ Калифорнија, пишува Sky News. Во меѓувреме, силниот ветер придонесува за брзо ширење на пожарот и го оневозможува работењето на авионите за гаснење на пожарот.
Palisades Fire in Los Angeles.
Videos by: Sam Dubin pic.twitter.com/jN3XHThEEQ— Chris (@christophergia) January 8, 2025
Еден од големите проблеми со кои се соочува целата област е разбојниците кои провалуваат во напуштените празни куќи. Евидентирани се голем број случаи на разбојништва, а дел од разбојниците се облечени како пожарникари за полесно да влезат на туѓ имот.
Портпаролот на полицискиот оддел во Лос Анџелес изјави дека голем број луѓе биле уапсени.
– Уапсивме две лица кои се претставуваа како пожарникари и кои влегуваа во напуштени куќи и ги ограбуваа – рече тој.
PALISADES FIRE UPDATE – 1/11, 11:30 a.m.
The Palisades Fire has burned 22,660 acres, with 11% containment, 5,000+ structures damaged/destroyed, 426 homes confirmed destroyed (Malibu and Pacific Palisades).
Read the full update: https://t.co/8Ey2YYCL16. pic.twitter.com/iPicZpclpo
— City of Malibu (@CityMalibu) January 11, 2025
Според досегашните информации, во пожарите кои почнаа да се шират на 7 јануари загинале 16 лица, а повеќе од 150.000 биле евакуирани.
Свет
Хорор во Италија: 3 лица загинаа во лавина во областа Пиемонт
Три лица загинаа денеска во лавина во областа Пиемонт во северозападна Италија, а две лица се спасени, соопштија спасувачите.
Спасувачите изјавија дека две повредени лица се пренесени со хеликоптер во блиските болници, пренесе АНСА.
Агенцијата наведува дека не е јасно дали жртвите скијале надвор од патеката.
Регион
(Видео) Невреме во Црна Гора: урагански ветрови и снег во Улцињ
Црвено-портокалова метеоролошка тревога е на сила во Црна Гора поради предвидените силни налети на ветер.
Утринава во Улцињ се забележани најсилни налети слични на урагани со над 100 километри на час, додека во Подгорица дува ветер со интензитет од 95 до 100 километри на час.
Во некои делови од градот отежнато е снабдувањето со електрична енергија.
Ветерот урна дрво на мостот на браќата Златичани во Подгорица и ја оштети оградата на мостот, а надлежните служби на главниот град го отстранија дрвото и обезбедија непречено функционирање.
Службата за заштита и спасување на главниот град апелира до граѓаните што помалку да ги напуштаат домовите при силни налети на ветер.