Свет
Нарко бандите во Мексико прв пат нападнаа со автомобил бомба
Припадници на нарко група во напад со автомобил бомба на полициски возила во пограничниот мексикански град Сиудад Хуарес, убија двајца припадници на силите за безбедност и еден цивил, а повредија уште девет луѓе
Припадници на нарко група во напад со автомобил бомба на полициски возила во пограничниот мексикански град Сиудад Хуарес, убија двајца припадници на силите за безбедност и еден цивил, а повредија уште девет луѓе.
Мексиканската полиција соопшти дека во вчерашниот напад нарко бандите за прв пат употребиле автомобил бомба, а експлозијата се толкува како одмазда за апсењето на босот на Ла Линеа, Хесус Акоста Гереро, пренесува белградски Блиц.
Акоста Гереро (35) е лидер на операциите на бандата Линеа, која работи за нарко картелот Хуарес и се смета одговорен за најмалку 25 убиства, претежно на припадници на ривалски нарко банди но издавал и наредби за напади на полицијата.
На југот на мексиканската држава Чихуахуа, во која се наоѓа и градот Сиудад Хуарес пред два дена е убиен роднина на гувернерот во обид да им избега на киднаперите.
Според американски податоци само во државата Чихуахуа над 1.400 лица биле убиени во насилствата на нарко бандите , најмногу во градот Сиудад Хуарес.
Во цело Мексико од крајот на 2006 година регистрирани се над 23 илјади убиства кои се поврзуваат со трговијата со дрога, а претседателот на државата Фелипе Калдерон издаде наредба на „жешките точки“ да бидат распоредени илјадници војници и федерални агенти./крај/блиц/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Белгија издвојува девет милиони евра за украинската енергетска инфраструктура
Белгија ќе додели дополнителна помош од девет милиони евра за да придонесе за поправка на оштетената енергетска инфраструктура во Украина, најави белгиската министерка за развојна соработка, Каролин Генез.
„Преку ОН, Белгија ќе придонесе за поправка на енергетската инфраструктура околу градот Харков, кој сега секојдневно трпи бомбардирање од руската армија. Со воена поддршка, овие средства ќе помогнат да се изгради отпорноста на Украина“, рече министерот, пренесува RTBF.
Според неа, Белгија ќе одвои средства за поддршка на проекти во рамките на Програмата за развој на Обединетите нации, која е специјализирана за економски развој.
Свет
Генералното собрание на ОН го повика Советот за безбедност да ја прими Палестина за членка
Генералното собрание на Обединетите нации ги зајакна правата на Палестина во рамките на организацијата и повика таа да биде прифатена како членка, пренесува Би-Би-Си.
Палестина има статус на земја-набљудувач не-членка од 2012 година, што дозволува некои права помалку од полноправна членка.
За членството може да одлучува само Советот за безбедност на ОН.
САД неодамна ставија вето на кандидатурата за полноправно членство, но гласањето денска може да се смета како гест на поддршка за Палестинците.
Палестинскиот претседател Махмуд Абас ја поздрави резолуцијата, велејќи дека таа ги поддржува палестинските напори за уште едно гласање за ова прашање од страна на Советот за безбедност.
Свет
Шпанија, Ирска и Словенија ќе ја признаат Палестина на 21 мај
Шпанија, Ирска и Словенија планираат симболично да ја признаат Палестинската држава на 21 мај, изјави шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел.
Тој го потврди датумот во интервју за шпанското јавно радио, откако ирскиот јавен радиодифузен сервис РТЕ објави дека тоа е моментот кога сите три земји планирале да дејствуваат.
Словенечката влада вчера соопшти дека донела декрет за признавање на палестинска држава, што ќе биде внесен во нејзиниот парламент до средината на јуни.
Потоа, најверојатно ќе има повеќе нации што ќе го следат примерот бидејќи и Белгија одлучи да го стори тоа, додаде Борел.