Контакт

Свет

Анализа на СТРАТФОР: Шанса за Африканците сами да си ги решат своите проблеми

Објавено пред

Деновите по бомбашките напади на 11 јули во престолнината на Уганда, Кампала, кои ги изврши екстремно исламистичката организација од Сомалија, Ал Шабааб и во која загинаа 74 цивили, африканските влади размислуваат за координирање на одмаздничките напади врз групата џихадисти

dobivaj vesti na viber

Деновите по бомбашките напади на 11 јули во престолнината на Уганда, Кампала, кои ги изврши екстремно исламистичката организација од Сомалија, Ал Шабааб и во која загинаа 74 цивили, африканските влади размислуваат за координирање на одмаздничките напади врз групата џихадисти. Како резултат на нападите, мое да дојде до промена во трендот на однесување на африканските земји и тие да ги координираат напорите да се изгради една политички и воено робусна локална иницијатива, со кои би се решавале и најкомлицираните конфликти.

Нападите на Ал Шабааб во Кампала се првите нивни напади надвор од Сомалија. Ал Шабааб се бореше против повеќе сомалиски влади откако се појави во 2008 година како радикално, милитантно исламистичко крило, кое се бори да се врати контролата врз државата која радикалните исламисти ја имаа до 2006 година. Таа година, исламистите се здружија под закрила на Унијата на исламски судови (ИЦУ), што подоцна стана познато под називот Врховен совет на исламските судови (СИЦЦ) и ја презема контролата врз поголемиот дел на Сомалија. Таа година исламистичкото востание во Сомалија беше игнорирано од повеќето африкански држави, освен од Етиопија: нејзината интервенција на крајот на 2006 година ги разби, иако не ги порази, исламистите и ги присили да се сокријат во безбедните куќи во подземјето на престолнината Могадишу и во други краишта на Африка. Пред интервенцијата на Етиопија, африканските држави се потпираа на ограничените контратерористички напори на САД, кој се сведуваа на финансирање на сојуз на сомалиски господари на војната за да ги избркаат исламистите од Могадишу. По поразот во Могадишу на сојузот финансиран од САД во јуни 2006 година, САД се координираа со Етиопија во обид да им се спротивстават на исламистите, соработка произлезена од заедничкиот интерес да се намали влијанието на џихадистите во Сомалија.

Сомалиските исламисти се прегрупираа во 2009 година, по оставката на тогашниот претседател Абдулаи Јусуф и повлекувањето на етиопските сили, кои сочинуваа лавовски дел од безбедносниот систем во Могадишу и во неколку други сомалиски градови. Етиопјанците, на кои им дојде преку глава од постојаните напади, сфатија дека им е потребна поинаква тактика. Адис Абеба бараше нов пристап, различен од нејзината унилатерална интервенција и регионалните влади дојдоа до заклучок дека за сомалискиот проблем потребно е политичко решение. За постигнат политичко решение за кое се надеваа дека ќе стави крај на конфликтот, регионалните влади се согласија да го инсталираат шеикот Шариф Ахмед за претседател на Сомалија. Шариф беше избран поради довербата што ја уживаше кај исламистите како поранешен шеф на политичката секција на СИЦЦ, но со углед на умерен политичар кој може да исти такви исламисти во владата на Сомалија. Оттаму, тој можеше да ги побие поплаките против поранешниот претседател Јусуф дека тој и неговата влада се секуларисти и слуги на Етиопија и да ги изолира радикалните струи до таа мерка што ќе станат небитни. Владата требаше да ја бранат африкански мировници од неутралните африкански земји, па така Уганда и Бурунду заеднички распоредија 6.000 во9јници во Могадишу.

Последните 18 месеци од владеењето на администрацијата на Шариф покажа дека не е ништо поспособна да му стави крај на исламистичкото востание отколку претходната влада. Ал Шабааб се бореше против владата на Шариф со иста жестина како и против владата на Јусуф, кого исламистите го обвинуваа дека е закоравен секуларист. Мировниците од Африканската унија (АУ) распоредени во Могадишу, чија бројност од 6.000 одвај ја надминуваше бројката од 5.000 борци на Ал Шабааб, беа ограничени и од правилата за ангажирање, кои од нив бараа да бидат претежно одбранбена сила со статични позиции, што на Ал Шабааб и даде голем маневарски простор. Џихадистичката група ја втера сомалиската влада во еден агол на Могадишу, а контролираат и огромни делови на саваните во централна и јужна Сомалија.  Другите сомалиски милиции, како Алу Суна Валџамаа и Хизбул Ислам повремено ја напаѓаат Ал Шабааб, но тоа се небитни напади  чија цел е пљачкосувањето.

Неспособноста на владата на Шариф да ги исполни регионални политички очекувања, заедно со нападот во Уганда, ги присили регионалните влади повторно да ги пресметаат своите опции за Сомалија, при што ниту една не најави дека ќе се откаже. Она што сега се зема предвид е промена на однесувањето: повеќе да не се гледа на проблемот како на нешто што треба да го средат слабо поддржаните интервенциски сили (без оглед дали се само етиопски или и припаѓаат на Африканската унија), туку да се размислува за робустен ангажман, кој би бил мултилатерален во своите воени и политички можности.

На пример, Уганда се подготвува да организира самит на Африканската унија на 19 јули и владата на угандскиот претседател, генерал-потполковник Јовери Кагута Мусевени во Кампала очекува да се расчисти дилемата околу потребата не само да се подржат мировните сили на Африканската унија во Сомалија, позната како АМИСОМ, туку и да се зголеми тековната бројност од 6.000 војници на 20.000 војници. Мусавени го поткрепи својот повик со додавање на уште 2.000 угандски војници во составот на АМИСОМ, згора на постоечките 3.500. АУ и истата таква источноафриканска организација Меѓувладина организација за развој (ИГАД) веќе ги почнаа консултациите за промена на правилата за ангажман на мировниците во Сомалија. Тие сакаат мировниците да можат да покренуваат напади пред тоа да го сторат востаниците и да се дозволи мировниците да доаѓаат и од држави кои се директни соседи на Сомалија. Овие промени ќе значат дека Кенија, Етиопија и Џибути можат многу подиректно да се вклучат во целиот процес иако тоа ќе биде многу контроверзно за некои Сомалијци, промените ќе послужат за неутрализирање на пропагандната машинерија која се очекува да ја покрене Ал Шабааб веднаш по ваквиот потег на регионалните влади. Овие три земји размислуваат за пружање на директна воена помош на Привремената федерална влада, што би вклучило испраќање на мировници и воена помош или изведување на ограничени самостојни офанзивни операции против позициите на Ал Шабааб во близина на нивните граници со Сомалија. Источноафриканците, исто така, се обидуваат да ги исправат политичките слабости кои беа типични за интервенцијата на Етиопија од 2006 – 2008 година.

Резултатот на таквиот ангажман ќе го преобликува начинот на кој Африканците и не-Африканците гледаат на решавањето на конфликтите во Африка. Ова не значи дека африканските влади кои се засегнати од востанието во Сомалија сакаат ова да го решат самите. Тие веќе побараа странска помош, САД прифати да достави додатна помош за АМИСОМ (и досегашната и идната помош најверојатно ќе се сведе на достава на мали огнени оружја, финансиска помош и помош во логистиката и транспортот. САД ќе ја задржи можноста за едностран напад но само против цели на Ал Каеда во Сомалија од висока важност). Но африканските влади, особено оние во Источна Африка каде што заканата од Ал Шабааб е најкритична, повеќе не чекаат другите да одлучат за нив како да ги решаваат своите конфликти. Без оглед на тоа дали Ал Шабааб ќе биде поразена или не (а востаниците секако веќе ги планираат своите наредни потези, кои би можеле да вклучуваат нови напади во регионот  или обиди повеќе странски џихадисти да му се приклучат на нивниот напор) веќе не главната поента, туку тоа е фактот дека африканските влади координираат робусна и домородна политичка и воена опција за решавање на нивните сопствени конфликти.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Шефот на НАТО: Кина сака добри односи со Западот и и помага на Русија, не може да ги има и двете

Објавено пред

Кина мора да престане да ја поддржува руската војна во Украина ако сака да ужива во добри односи со Западот, изјави денеска генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, предупредувајќи го Пекинг со невообичаено остри зборови дека не може да ги има и двете. За време на посетата на Берлин, шефот на западната воена алијанса рече дека помошта на Пекинг е од витално значење за воените напори на Москва бидејќи ја зајакнува воената економија на Русија со споделување на врвна технологија, како што се полупроводниците.

dobivaj vesti na viber

„Минатата година Русија увезе 90 отсто од својата микроелектроника од Кина, која се користи за производство на проектили, тенкови и авиони. Кина исто така работи на Русија да и обезбеди подобрени сателитски способности“, рече Столтенберг. „Кина вели дека сака добри односи со Западот. Во исто време, Пекинг продолжува да го поттикнува најголемиот вооружен конфликт во Европа од Втората светска војна. Не може да ги има и двете“, предупреди тој.

Столтенберг ги предупреди западните сојузници да не станат зависни од Кина како што беа од Русија. „Во минатото направивме грешка што станавме зависни од руската нафта и гас. Не смееме да ја повториме таа грешка со Кина и да зависиме од нејзините пари, суровини и технологии. Зависноста не прави ранливи“, додаде тој.

Кина ги зајакна трговските и воените врски со Русија во последниве години, бидејќи САД и нивните сојузници воведоа санкции и на двете, но особено на Москва, поради нејзината инвазија на Украина. Рускиот претседател Владимир Путин изјави во четвртокот дека планира да отпатува за Кина во мај, но не прецизираше точно кога.

Прикажи повеќе...

Свет

САД градат привремено пристаниште во близина на Газа за испраќање хуманитарна помош

Објавено пред

Соединетите Држави почнаа да градат пристаниште во Газа, соопшти денеска Пентагон, проект кој треба да ја олесни испораката на хуманитарна помош на палестинската територија. Пристаништето треба да профункционира на почетокот на мај.

dobivaj vesti na viber

Во март, претседателот Џо Бајден објави дека американската војска ќе изгради привремено пристаниште на медитеранскиот брег на Газа за да добива хуманитарна помош по море.

Изградбата е дел од напорите да се спречи гладувањето во палестинската енклава, која веќе пет месеци се наоѓа во средината на израелската воена кампања против Хамас, која го опустоши Појас Газа и ги потопи нејзините 2,3 милиони луѓе во хуманитарна катастрофа.

„Можам да потврдам дека американските воени бродови, вклучително и УСНС Бенавидез, почнаа да градат привремено пристаниште…“ изјави за новинарите портпаролот на Пентагон, Патрик Рајдер.

ОН предупредија дека Газа е во опасност од глад и се пожалија на „огромни пречки“ при добивањето помош и нејзино дистрибуирање низ енклавата.

Агенциите за помош и администрацијата на Бајден го молеа Израел да ја олесни испораката на помош во Газа и да им дозволи на нивните конвои безбедно поминување на територијата.

Рајдер рече дека Пентагон следи некој вид минофрлачки напад во Газа што предизвика минимална штета во близина на областа каде што се гради пристаништето, но додаде дека американските сили сè уште не почнале да преместуваат ништо во областа и дека нема американски сили на теренот.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Големи поплави во Танзанија, загинаа 155 луѓе

Објавено пред

Во поплавите во Танзанија загинаа 155 луѓе, а најмалку 236 се повредени, изјави денеска премиерот Касим Мајалива. Во поплавите оштетени се повеќе од 10.000 куќи.

dobivaj vesti na viber

Премиерот додаде дека обилните дождови предизвикани од Ел Нино и придружени со силен ветер доведоа до поплави и лизгање на земјиштето во различни делови на земјата.

„Многу луѓе загинаа. Имаше штета на посевите, куќите, инфраструктурата како патишта, мостови и железници“, рече Мајалива.

Поплави ја погодија и Кенија, која се граничи со Танзанија на истокот на Африка, при што загинаа повеќе од 30 луѓе, пишува Си-ен-ен.

Во Кенија врне силен дожд од средината на март, а врнежите се интензивираа минатата недела. Кенискиот Црвен крст изврши повеќе од 188 спасувачки операции од март. Властите вчера затворија некои патишта во главниот град на Кенија, а неколку населби беа поплавени.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 часа

Ковачевски: Ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин и за европската иднина на Македонија

„Вчера граѓаните нѝ пратија силна порака и ние таа порака ја слушнавме. Но, се лажат сите кои мислат дека ќе...

Македонија9 часа

Јакимовски до Муцунски: Прв излегов и го признав поразот, а тие во алкохолизирана состојба едвај го прочитаа тоа што го напишале

„Колегата Тимчо Муцунски се подбивал со мојот резултат на овие претседателски избори, притоа обидувајќи се малку да биде вицкаст. Иако...

Македонија10 часа

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Мириса на промени, бранот започна и нема запирање. Она што го говорев кога дојдов тука пред некоја недела, стана вистина....

Македонија12 часа

Позитивна оценка за првиот круг од претседателските избори, забелешки за острата и негативна реторика од страна на ОБСЕ/ОДИХР

Првиот круг од претседателските избори беше конкурентен и гласачите можеа да направат информиран избор. Меѓународната набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР во...

Македонија15 часа

Во прв круг за претседател е избран само Киро Глигоров со освоени 715.087 гласа, Силјановска-Давкова и Пендаровски вторпат одат во втор круг

По вчерашниот прв круг од седмите претседателски избори, Киро Глигоров остана единствениот претседател избран во прв круг од осамостојувањето до...

Топ15 часа

Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче

Радовишанец со месеци силувал малолетничка Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од...

Македонија17 часа

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Врховниот суд ја уважи жалбата на таткото на убиената Вања Ѓорчевска. Со тоа укинат му е притворот и определени се...

Македонија18 часа

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на...

Македонија18 часа

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи

Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските...

Македонија19 часа

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

На 75 години денеска почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро по кусо боледување, потврди семејството. Тој важи за еден од најпознатите менаџери на...

Македонија19 часа

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините во кои се градоначалници

Кандидатите за претседател Гордана Силјановска-Давкова и Бујар Османи освоија најмногу гласови на претседателските избори по број на општини. Според податоците...

Македонија19 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Народот избра промени, да излеземе уште помасовно на 8 мај

Огромната поддршка обврзува за промени и брзи резултати, да излеземе уште помасовно на 8-ми мај, а потоа следува економска трансформација...

Македонија20 часа

Силјановска убедливо пред Пендаровски во првиот круг со 40 наспроти 19,93 отсто од гласовите

Кандидатката за претседател поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Гордана Силјановска, со убедливо водство влегува во вториот круг од претседателските избори,...

Македонија1 ден

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Денеска, ЗНАМ заедно со сите свои пддржувачи ја испишува новата политичка историја на македонската политичка сцена, рече вечерва претседателскиот кандидат...

Македонија1 ден

Нема да се откажеме и нема да ги наведнеме главите, порача Ковачевски

Денеска е тежок удар за европската перспектива на Македонија, но не е доцна да се смени правецот, откажувањето не е...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: Цунамито се крена, на 8 мај ќе ги потопи целосно, победуваме со над 170.000 разлика

Денеска народот во Македонија покажа дека си ја сака Македонија и дека секој оној кој го потценува народот прваи голема...

Македонија1 ден

Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме, но нема предавање, утре е нов ден

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски....

Македонија1 ден

Силјановска за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова по завршување на првиот круг гласање од изборот за претседател на државата рече дека денешниот...

Македонија1 ден

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ посака среќа во вториот круг

Лидерот на ГРОМ и претседателски кандидат, Стевчо Јакимовски, вечерва призна пораз и ѝ честиташе водство на Гордана Сиљановска-Давкова.  Со оглед...

Македонија1 ден

Таравари: Земјотресот почна, се надевам дека на 8 мај ќе дојде промената ДУИ да биде опозиција

Масовниот одѕив на гласачите на овие претседателски избори за Арбен Таравари, претседателски кандидат на коалицијата ВЛЕН, е показател дека промените...