Свет
ЕУ воведе нови санкции кон Иран
Европската унија во понеделник и формално го усвои пакетот нови санкции врз Иран, кои се упатени кон иранската надворешна трговија, банкарството и енергетскиот сектор, пренесува Асошиејтед прес.
Европската унија во понеделник и формално го усвои пакетот нови санкции врз Иран, кои се упатени кон иранската надворешна трговија, банкарството и енергетскиот сектор, пренесува Асошиејтед прес.Потегот на ЕУ, кој во принцип беше договорен на лидерската средба на ЕУ во јуни е последна во серијата мерки преземени од меѓународната заедница во обид да се сопре иранската нуклеарна програма. Министрите за надворешни работи на ЕУ ја усвоија одлуката за донесување на пакет на рестриктивни мерки во областа на трговијата, финансиските услуги, енергијата и транспортот. Новите мерки ќе стапат во сила во наредните неколку недели, откако ќе бидат објавени во Службениот весник на Унијата.Според начелата договорени во јуни, санкциите ќе се однесуваат најмногу на нештата кои имаат двојна употреба, т.е. можат да се употребуваат во нуклеарна та програма и на иранската индустрија за нафта и гас, а ќе вклучуваат и забрана за нови инвестиции, техничка помош и трансфер на технологија. Иранските компании за пренос на товар ќе бидат ставени на црната листа и ќе им биде забрането да оперираат на територијата на ЕУ, а нови забрани за издавање на визи и заплена на имоти ќе бидат применети врз членовите на Револуционерната гарда на Иран. Санкциите го вклучуваат и осигурувањето и финансиските трансакции. Новите европски санкции ќе дојдат како додаток на четвртата рунда санкции кои на Иран му беа наметнати минатиот месец од Советот за безбедност на ОН , откако Техеран го отфрли планот за прекин на збогатувањето на ураниумот и размена на незбогатен ураниум за готово гориво од западните земји. /крај/ап/ссе/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Врховниот лидер на Иран: Ова е предупредување до Америка
Врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, им честиташе на социјалните мрежи на учесниците на денешните провладини собири.
Во серија објави на X, ајатолахот сподели фотографии од провладини демонстранти и рече дека тие „одлично ја завршиле работата“ и „го спречиле планот на странските непријатели, кој требало да го спроведат домашни платеници“.
„Големата нација Иран им се покажа на своите непријатели, заедно со својата решителност и идентитет“, додаде Хамнеи.
„Ова беше предупредување до американските политичари да престанат да бидат измамници и да не се потпираат на предавнички платеници“, додаде тој.
Свет
Украинската војска објави видео: Го освоивме градското собрание во Купјанск
Украинските одбранбени сили ја вратија контролата врз зградата на Градскиот совет на Купјанск, објави Вториот корпус на Националната гарда на Украина (НГУ), познат како Хартија.
„Хартија воспостави контрола врз зградата на Градскиот совет на Купјанск. Единицата за пребарување и уништување на Хартија и тактичката група Купјанск ги завршуваат операциите за расчистување во градот, кој беше деблокиран за време на успешната операција предводена од командата на Вториот корпус на НГУ“, се вели во соопштението.
Корпусот објави снимка од GoPro камера за која тврди дека е направена од борци од 4-тиот баталјон Хартија за време на упадот во зградата на Градскиот совет на Купјанск. Војниците од извидувачката и ударна група на баталјонот го кренаа украинското знаме над градскиот совет во центарот на Купјанск.
„Операцијата во Купјанск докажува дека благодарение на планирањето, стручноста на командантот и штабот и висококвалитетната подготовка на единиците – сето тоа го нарекуваме метод на Хартија – е можно успешно да се запре и уништи непријателот“, рече полковник Ихор Оболенски, командант на Вториот корпус.
Свет
Белата куќа: Трамп не се плаши да употреби воена сила против Иран
Портпаролката на Белата куќа, Каролина Ливит, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп „покажал дека не се плаши да употреби воени опции“ кога смета дека е потребно.
„Мислам дека едно нешто во што претседателот Трамп е многу добар е тоа што секогаш ги држи сите опции на маса, а воздушните напади би биле една од многуте, многу опции што се на маса“, изјави Ливит пред новинарите.
Во исто време, таа додаде дека „дипломатијата е секогаш првата опција“ за Трамп.
„Претседателот ви кажа на сите синоќа дека она што јавно го слушате од иранскиот режим е многу различно од пораките што администрацијата ги добива приватно“, рече Ливит.
„Претседателот покажа дека не се плаши да користи воени опции ако и кога смета дека е потребно, а никој не го знае ова подобро од Иран“, заклучи таа.
фото/депозитфотос

