Свет
Последиците од поплавите во Пакистан најголеми во историјата
Бројот на луѓето кои ќе настрадаат од последиците од катастрофалните поплави во Пакистан може да го надмине збирот на настраданите од трите најскорешни мегакатастрофи, пренесе Асошиејтед прес
Бројот на загинатите во секоја од овие три катастрофи, цунамито на Индискиот океан во 2004 година, земјотресот во Кашмир во 20005 година и земјотресот на Хаити во 2010 година, беше неспоредливо поголем од 1.500-те загинати во пакистанските поплави, но пакистанската влада проценила дека преку 13 милиони луѓе се засегнати од поплавите – два милиона повеќе отколку во сите три претходни катастрофи заедно. Обединетите нации, од своја страна, излегоа со многу пониска бројка од шест милиони засегнати, но сепак не ги оспоруваат бројките на владата во Исламабад. Портпаролот на Канцеларијата на ОН за хуманитарни прашања, Маурицио Џилијано, вели дека светската организација не ја зела предвид јужната провинција Синд, која беше погодена последна, а владата на Пакистан и ОН исто така имаат и различни дефиниции за тоа што значи засегнато подрачје. Вкупниот број на засегнати во трите другите катастрофи е 11 милиони – пет милиони во цунамито и по три милиони во секој од двата земјотреса. Згора на сето ова, голем број од засегнати се наоѓа отсечен во провинцијата Кибер Пактунква , каде што спасувачите не можат да допрат до околу 600.000 луѓе заглавени долината Сват. Жителите на долината се уште се обидуваат да заздрават од интензивните борби помеѓу пакистанската армија и талибаните минатата пролет. Поради лошото време, хеликоптерите не можат да летаат во таа област, која за сега е пристапна по копно. „На сите овие луѓе итно им е потребна помош и ние сме сериозно загрижени за нивната судбина“, вели Џилијано. Стотици илјади луѓе беа присилени да ги напуштат своите домови во провинциите Пунџаб и Синд, во центарот и на југот на земјата. Многумина од нив велат дека, поради целосната незаинтересираност на централната влада да им помогне, подобро ќе било да загинеле во поплавите. „Подобро ќе беше да загиневме во поплавите затоа што нашиот моментален живот многу повеќе боли. Многу боли да ги гледате луѓето како умираат поради недостиг од храна и засолништа“, вели Манзур Ахмед. Илјадници луѓе кои побегнаа од поплавите сега живеат на отворено по ливадите и крај патиштата. Репортерот на Асошиејтед прес, кој известува од теренот, во изминативе денови го минал целиот засегнат регион, но никаде не видел знаци на организирана владин а помош, како кампови или полски болници. Владата, покрај со катастрофата, мора да се справува и со последиците од глобалната криза и опаднатата економија, како и со бруталната војна со талибаните во која досега, исто така, загинаа илјадници луѓе. Владите на САД и на другите богати нации веќе доставија помош во вредност од десетици милиони долари, но според експертите на ОН, Пакистан ќе има потреба од повеќе милијарди долари во помош. Ова е многу малку веројатно, сметаат експертите, бидејќи повеќето богати држави драстично ги намалија фондовите за хуманитарната помош во борбата со последиците од економската криза. /крај/ап/ссе/Copyright 2010 makfax. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со makfax.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
16-годишно момче избодено во училиште во Германија
16-годишно момче е тешко повредено кога утрово околу 8 часот било избодено од тинејџер (17) во училиште во Нојкирхен-Влуин.
На нападот наводно му претходела вербална расправија.
Постариот ученик наеднаш извадил нож и го ранил 16-годишникот во горниот дел од телото.
Момчето итно било пренесено во болница, а лекарите велат дека неговата состојба е стабилна.
По прободувањето напаѓачот побегнал од училиштето, но полицијата брзо го лоцирала и го уапсила.
Според инспекторот, немало опасност по безбедноста на другите деца во училиштето.
Европа
Во Англија извикал „Алах Акбар“ и убил случаен минувач: „Го направив тоа за луѓето од Газа“
45-годишниот Ахмед Алид вчера беше прогласен за виновен за убиство и обид за убиство. На 15 октомври минатата година, барател на азил од Мароко со нож го уби 70-годишниот Теренс Карни во центарот на англискиот град Хартлпул. Тој претходно го избодел со нож својот заспан цимер Џавед Нури додека викал „Алах Акбар“.
Алид и рекол на полицијата дека сето тоа го направил „за луѓето од Газа“. Само осум дена пред да убие случаен минувач и да го рани својот цимер, милитантите на Хамас го нападнаа Израел. Алид се заколнал дека ќе убиел повеќе луѓе доколку имал митралез и друго оружје, изјави обвинителот Џонатан Сендифорд во Судот во Тесајд.
Алид делел куќа со други баратели на азил во североисточна Англија. Тој бил вознемирен што Нури го прифатил христијанството. Цимерите рекле дека Алид почнал да носи нож откако на телевизија видел прилог за настаните во Газа.
Европа
Крим главна цел: Пентагон откри за што Украина ќе ги користи моќните ракети АТАКМС
Министерството за одбрана на САД ја појасни целта за испорака на ракети со долг дострел во Украина, кои неодамна беа испорачани во тајност. Како што објави „Њујорк тајмс“, целта на испораката на американските ракети АТАКМС е да се зголеми притисокот врз Крим, кој беше анектиран од Русија по референдумот во 2014 година.
Крим го претставува центарот во кој се лоцирани голем број руски воздушни и копнени сили и кој досега, како што пишува американскиот дневен весник, „за нив бил релативно безбедно засолниште“. Ова го тврди анонимен американски функционер. Сепак, Пентагон одби да каже колку точно од овие проектили со дострел од 300 километри се испорачани на украинската страна.
Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, претходно ја потврди испораката на овие ракети без да прецизира дали тие се модифицирани и имаат зголемен дострел.
Украинските сили веќе употребија АТАКМС, што претседателот Володимир Зеленски го потврди на 17 април, објавувајќи дека бил извршен напад врз воздухопловната база Џанкој, која се наоѓа на 165 километри од линијата на фронтот. Министерството за одбрана на Руската Федерација не ги коментираше овие наводи.
Pentagon reveals Ukraine’s targets for ATACMS missiles – NYT — (the usual baffling lack of retaliation threats from #Putin– instead just the usual bleating that ‘it’s impossible to justify’..Bring Stalin back to life please, Russia) https://t.co/8pi0Lx8tbt #CapeTown #SouthAfrica pic.twitter.com/ZtI5cG3r2m
— Peter Mayson (@theforeverman) April 26, 2024
Американскиот дневен весник потсетува дека Украина првпат добила ракети АТАКМС во септември минатата година, но дека станува збор за верзија со половина дострел. Се шпекулираше дека Украина можеби користела американски ракети за да го урне кримскиот мост, што на почетокот на месецов го потврди и самиот претседател Зеленски, велејќи дека неговата влада „навистина сака да го уништи мостот на Крим“.
Тој е симбол на руската окупација и преку овој мост Русија испорачува воена опрема и ги снабдува војниците во Украина. Во неколку наврати досега мостот беше цел на украински напади.
– Мислам дека е вистинското време, а шефот (Бајден) донесе одлука дека е вистинско време да и го обезбеди на Украина оружјето неопходно за тековната борба. Тоа е добро осмислена и многу конструктивна одлука – изјави адмирал Кристофер Грејди, заменик командант на Здружениот генералштаб на американската армија.
Руската страна го осуди потегот на САД, а рускиот амбасадор во Вашингтон Анатолиј Антонов рече дека тоа „ја зголемува заканата за безбедноста на Крим, вклучително и Севастопол и другите руски градови“.