Свет
Половина милион луѓе на Амстердам геј прајд
Околу 500.000 луѓе и покрај дождот се собраа во саботата на геј прајд парада во Амстердам, пренесе Ројтерс.
Околу 500.000 луѓе и покрај дождот се собраа во саботата на геј прајд парада во Амстердам, пренесе Ројтерс. Парадата ја отвори бродот „Европска гордост“ (Europe Pride) на кој присуствуваа пратеници од Европскиот парламент. Во текот на 15-тата амстердамска парада низ градскиот канал Принсенграхт, пројдоа околу 80 бродови преполни со луѓе. Геј прајд парадата се одржува во екот на дебатата во Холандија за тоа колку е добредојдена геј заедницата во сите сегменти на холандското општествo. Mинатиот месец пратениците во холандскиот парламент бараа да се покрене истрага по повод одредени извештаи дека од геј имигрантите е барано да ја кријат својата хомосексуалност од своите колеги муслимани на курсевите по интеграција, кои се спонзорирани од владата на Холандија. Еберхард ван дер Лан, новиот градоначалник на Амстердам, во интервју за локален весник изјавил дека и дава силна поддршка на геј заедницата и дека е „прилично фанатичен“ во поддржувањето на ставот дека треба да има предавања за хомосексуалноста во основните училишта. Холандија ја има декриминализирано хомосексуалноста пред 200 години./крај/ро/гса/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

