Свет
Филипини: Во заложништво дваесетина туристи од Хонгконг
Киднапер на туристичкиот автобус во Манила ослободил седум заложници по три часа откако го извршил грабнување на автобусот, пренесе агенцијата Синхуа, повикувајќи се на локалните медиуми.
Киднапер на туристичкиот автобус во Манила ослободил седум заложници по три часа откако го извршил грабнување на автобусот, пренесе агенцијата Синхуа, повикувајќи се на локалните медиуми. Во понеделник наутро полицаец кој добил отказ идентификуван како Роландо Мендоза вооружен со автомат М-16 киднапирал туристички автобус во центарот на главниот град на Филипини, барајќи да биде вратен во службата. Во автобусот имало 21 турист од Хонгконг, потврдила за кинеската агенција, компанијата Хонгтаи Травел (Hongthai Travel) – туроператорот кој го организирал туристичкото патување на кинеските граѓани на Филипините, меѓу кои најмногу се жители на Хонгконг. Според последните податоци од филипинската полиција, грабнувачот ослободил седум заложници, три деца, водичот и три возрасни лица. Според агенцијата Синхуа, операцијата за ослободување на заложниците е следена и од претставници на амбасадата на Кина во Манила. Ова бил последен ден од престојот на кинеските туристи во Манила, чија возраст се движи од четири до 72 години, и тие во понеделник навечер требало да отпатуваат за Хонгконг. Според началникот на полицијата во Манила, Леокадио Сантијаго, се уште траат преговорите со грабнувачот. Тој во 1986 г. бил одликуван како еден од десетмината најдобри полицајци на Филипините, а во јануари годинава добил отказ откако бил осомничен дека помагал во изнуда и фалсификување докази. Инаку ова не е прво масовно киднапирање во филипинската престолнина. Во март 2007 г., сопственик на интернат од сиромашно предградие на Манила, Армандо Дукат грабна автобус со повеќе од 30 од неговите воспитаници сакајќи да го привлече вниманието на јавноста врз проблемите во образованието и сместувањето, како и на корупцијата на Филипините. Заложниците тогаш беа ослободени истата вечер, откако властите ветија дека ќе обезбедат бесплатно образование за сите ученици на Дукат. Две седмици пред овој инцидент, група припадници на специјалната филипинска полиција извршија упад во судот во предградие на Манила, ослободувајќи група заложници. За време на операцијата, беа убиени грабнувачот каскадерот Алмар Виљегас и неговата девојка, додека заложниците биел ослободени без жртви. Причина за таа заложничка драма беше долгогодишното нерешавање на имотно-правен спор за сопственост врз земјиште./крај/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп: Сè што е помалку од контролата на САД врз Гренланд е неприфатливо
Американскиот претседател Доналд Трамп ја засили својата реторика за повторно преземање на контролата врз Гренланд, инсистирајќи дека островот им е потребен на САД „заради национална безбедност“. Во објава на социјалните мрежи, тој тврди дека „НАТО треба да ни го отвори патот за да го добиеме“ и предупреди: „Ако ние не го сториме тоа, Русија или Кина ќе го сторат тоа, а тоа нема да се случи!“, пишува Гардијан.
„Воено, без огромната моќ на САД, од која голем дел изградив за време на мојот прв мандат, а сега ја подигам на ново и уште повисоко ниво, НАТО не би бил ефикасна сила или средство за одвраќање, ни приближно! Тие го знаат тоа, и јас го знам тоа“, рече Трамп.
🇺🇸 TRUMP TRUTH / Greenland pic.twitter.com/7srpvSXjhD
— Biff Smallberries (@B_Smallberries) January 14, 2026
Тој додаде дека НАТО станува посилен со Гренланд под американска контрола. „НАТО станува многу помоќен и поефикасен со Гренланд во рацете на САД. Сè што е помалку од тоа е неприфатливо“, рече тој.
Овие коментари веројатно ќе ги налутат данските и гренландските лидери, а доаѓаат само неколку часа пред нивните клучни разговори со потпретседателот Џ.Д. Венс и американскиот државен секретар Марко Рубио во Белата куќа.
Свет
Германскиот министер за надворешни работи: Иранскиот режим е на крајот, само користи сила за потиснување на протестите
Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул користи остри зборови кога коментира за бруталниот третман на иранскиот режим кон демонстрантите. Тој, исто така, најави конкретни мерки, објави Дојче веле.
Вадефул ги поддржа изјавите на германскиот канцелар Фридрих Мерц за односот со иранскиот режим и неговиот третман на демонстрантите.
„Ако еден режим може да ги потисне протестите само со употреба на вооружена сила, тогаш е јасно дека режимот е на крајот“, изјави Вадефул за јавниот радиодифузен сервис АРД. Тој додаде дека ако бројот на жртвите биде барем приближно потврден, би било јасно дека режимот навистина ги презема сите мерки за да остане на власт по секоја цена, и со тоа режимот ја губи целата легитимност и право да управува со земјата.
Повеќе од две недели, иранските мажи и жени протестираат против тешката економска криза и авторитарниот и теократски систем на владеење на Исламската Република. Безбедносните сили брутално се справуваат со демонстрантите. Веројатно е дека многумина загинале, но точните бројки сè уште не се достапни, според написите.
Таков нечовечки начин на дејствување од страна на еден режим не е виден долго време, рече германскиот шеф на дипломатијата Вадефул, осврнувајќи се на бруталната репресија врз демонстрантите. „Повеќе не може да се надмине во однос на подлоста. Затоа се обидуваме да ги преземеме сите можни мерки на кој било начин за да ставиме крај на овој режим.“
Изразите на солидарност се минимум, но мора да се направи повеќе политички, рече Вадефул. Тој предложи повторно да се воведат санкции кои силно го погодуваат режимот и да се забрза наведувањето на Иранската револуционерна гарда како терористичка организација. Тој, исто така, објави дека разговарал за ова со високата претставничка на ЕУ за надворешни работи, Каја Калас, и други европски колеги.
Германскиот министер за надворешни работи повеќе не сака да води формални разговори со режимот за ситуацијата во Иран или за нуклеарното оружје и јасно става до знаење: „Го осудуваме овој режим, овој режим мора јасно да биде изолиран. Соработката меѓу Иран, Русија и Кина претставува „триаголник кој е одговорен за многу несреќи во светот“, рече Вадефул.
Свет
Лекот за третман на рак веќе почна да се користи во болниците во Русија
Рускиот лек „Ракурс 223Ра“ за третман на рак веќе се појави во болниците, објави денес Руската федерална медицинска и биолошка агенција.
Како што е наведено, лекот веќе е регистриран и одобрен за употреба во клиничката онкологија, а првата серија е доставена до медицинските установи, пренесува РИА Новости.
Лекот е развиен во Димитровград и е базиран на радионуклидот радиум-223, кој првенствено се користи за контрола на коскените метастази.
Се вели дека неговото зрачење влијае на метастазите со намалување на болката кај пациентите, пренесува Танјуг.

