Свет
Иран се дистанцираше од навредите за Карла Бруни
Официјален Иран се дистанцираше од пишувањето на тврдокорниот ирански дневен весник „Кајхан“, кој француската прва дама ја нарече „проститутка“ поради осудата за строгата казна изречена на иранска жена осудена за брачна измама, пренесува Асошиејтед прес
Официјален Иран се дистанцираше од пишувањето на тврдокорниот ирански дневен весник „Кајхан“, кој француската прва дама ја нарече „проститутка“ поради осудата за строгата казна изречена на иранска жена осудена за брачна измама, пренесува Асошиејтед прес Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи Рамин Меманпараст истакна дека навредувањето на странски видни личности, како што е Карла Бруни Саркози е некоректно и владата не го одобрила тоа. „Кајхан“ ја нарече Бруни „проститутка“ во саботата, повторувајќи ги навредите првично објавени минатиот вторник, кога весникот напиша дека француската прва дама исто така заслужува да умре. Весникот во својот напис оди до таму, што изнесува податоци за неколку нејзини љубовни врски и пред и по свадбата со францускиот претседател Никола Саркози и кои, според весникот, спаѓаат во категоријата на брачна измама. Карла Бруни Саркози ги изнервира иранските конзервативци кога ја осуди казната на каменување за Саккине Мохамади Аштиани, која Иран привремено ја суспендираше, но не ја отфрли целосно. Аштиани, 43-годишна мајка на две деца, се уште се соочува со егзекуција со каменување или со бесење по конечната ревизија на нејзиниот случај. Според иранскиот закон, жените се соочуваат со смртна казна ако се докаже дека извршиле брачна измама. /крај/ап/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Лукашенко: Следува нуклеарна апокалипса, третата светска војна мора да се спречи
Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко изјави дека не треба да се дозволи да избие трета светска војна, бидејќи во спротивно нуклеарна апокалипса е неизбежна.
„Треба да направиме се за да ја спречиме третата светска војна. Во спротивно, нуклеарна апокалипса е неизбежна. Затоа сите треба да се обединиме“, рече Лукашенко на церемонијата на положување цвеќе на Споменикот на победата како дел од патриотската кампања „Белорусија се сеќава“ во Минск.
Тој посочи дека човештвото веќе еднаш во својата историја успеа да се обедини против општото зло, што доведе до победа.
Во исто време, Лукашенко додаде дека колективниот Запад, исто како и пред почетокот на Втората светска војна, е подготвен да се реши од секое зло заради зачувување на доминацијата и личниот профит.
По повод заедничките воени вежби меѓу Москва и Минск за употреба на тактичко нуклеарно оружје, Лукашенко изјави дека Русија и Белорусија немаат намера никого да нападнат.
Претходно рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Белорусија ќе и се придружи на Русија во втората фаза од вежбите за тестирање на употреба на нестратешко нуклеарно оружје.
Регион
Земјотрес во Србија
Жителите на Нови Пазар утрово ги разбуди слаб земјотрес, известуваат медиумите во Србија.
Јачината на земјотресот е 2,5 степена според Рихтеровата скала, а е регистриран во 7.37 часот.
Се проценува дека интензитетот на ударот во епицентарот е III-IV од Меркалиевата скала.
Свет
Генералното собрание на ОН би требало да ја поддржи кандидатурата на Палестина за членство
Генералното собрание на Обединетите нации денеска треба да ја поддржи палестинската кандидатура за полноправно членство во ОН со тоа што ќе ја признае како квалификувана за членство и ќе го испрати барањето назад до Советот за безбедност на ОН „да го преиспита прашањето во корист на Палестинците“.
Палестинците ја оживуваат својата кандидатура за полноправно членство во ОН, кое декларативно би ја признало палестинската држава, откако САД ставија вето во 15-члениот Совет за безбедност на ОН минатиот месец.
Гласањето на Генералното собрание од 193 члена се смета за испитување на светското мислење за палестинското прашање. Барањето за полноправно членство во ОН прво мора да биде одобрено од Советот за безбедност, а потоа и од Генералното собрание.
Но, иако самото Генерално собрание не може да даде полноправно членство во ОН, нацрт-резолуцијата за која се гласа денеска ќе им даде на Палестинците некои дополнителни права и привилегии од септември 2024 година, како што е место меѓу членките на ОН во собраниската сала, но тие нема да имаат право на глас во телото.
Дипломатите велат дека нацрт-текстот најверојатно ќе ја добие поддршката потребна за усвојување.