Свет
Израел ќе им даде на Палестинците делови од Ерусалим?
Израелскиот министер за одбрана, Ехуд Барак денеска во очи на директните блискоисточни мировни преговори во Вашингтон, изјави дека Израел е подготвен да им даде на Палестинците делови од Ерусалим во рамките на мировниот договор.
Израелскиот министер за одбрана, Ехуд Барак денеска во очи на директните блискоисточни мировни преговори во Вашингтон, изјави дека Израел е подготвен да им даде на Палестинците делови од Ерусалим во рамките на мировниот договор.
Барак прецизираше дека поделбата на Ерусалим, едно од најчувствителните прашања во дневниот ред на преговорите, го вклучува специјалниот режим за управување на најсветите места во градот.
Израелскиот министер нагласи дека синоќешното убиство на четворица Израелци во нападот на вооружени Палестинци на Западниот брег, не би требало да го запре почетокот на преговорите.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој утре на состанок со палестинскиот претседател Махмуд Абас ќе ја означи обновата на преговорите, јавно се противеше на поделбата на Ерусалим.
Затоа изјавата на Барак навестува дека владата на Нетанјаху е подготвена да попушти и дека се размислува за договор за стариот град во Ерусалим каде се наоѓа џамијата Ал Акса, трета по значење во исламот, над Ѕидот на плачот, едно од најсветите места во јудaизмот.
„Западен Ерусалим и 12 еврејски квартови, кои се дом за 200.000 жители, ќе биде наш. Арапските квартови, каде живеат околу четврт милион Палестинци, ќе бидат нивни“ рече Барак, најавувајќи дека ќе важи посебен режим со договорените аранжмани во стариот град, Маслиновата гора и градот на Давид.
Израел го освои источниот дел од Ерусалим од Јордан во шестдневната војна во 1967 година. Палестинците сакаат источен Ерусалим да биде главен град на нивната држава, која ќе го опфати Западниот брег и појасот Газа.
Визијата која денеска ја обелодени Барак и специјалниот режим над светите места потсетува на дискусијата меѓу поранешниот израелски премиер Ехуд Олмерт и Абас, водена пред скоро две години./крај/бл/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Украина ги повлекува тенковите Абрамс од борба: Пет од нив веќе се уништени во руските напади
Украина ги повлече од борбата тенковите Абрамс М1А1 испратени до неа од САД, делумно затоа што нападите со руски беспилотни летала ја попречија работата на тие тенкови и затоа што тие се цел на напади, изјавија за АП двајца американски воени претставници.
Засега, тенковите се преместени од првите линии на фронтот, а САД ќе соработуваат со Украинците за да најдат нова тактика за користење на тие тенкови, изјавија заменик-претседателот на Здружениот генералштаб, адмирал Кристофер Грејди и неименуван претставник на одбраната.
САД одобрија испраќање 31 тенк Абрамс во Украина во јануари 2023 година, откако украинските власти побараа нивна испорака, тврдејќи дека тенковите, кои чинат по околу 10 милиони долари, се од витално значење за пробивање на руските борбени линии.
Оттогаш фронтот значително се промени, особено поради употребата на руски извидувачки беспилотни летала, што им отежна на украинските сили да ги заштитат тенковите Абрамс од руски напади, бидејќи беспилотните летала брзо ги откриваат, наведува АП.
Агенцијата додава дека пет од 31 тенк Абрамс веќе се уништени во руските напади.
Свет
Јенс Столтенберг: Украина се уште може да ја добие војната против Русија
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Украина се уште може да победи во војната против Русија, но дека сојузниците ќе мора повеќе да се ангажираат за Киев да ја добие поддршката што ја вети Алијансата.
Во четвртокот, на состанокот на непрофитната организација „Атлантски мост“ во Берлин, Столтенберг рече дека членките на НАТО сега треба да го претворат она што и го ветија и обврзаа на Украина во итна испорака на оружје и муниција, објави Киев Индипендент.
„Во последните месеци, членките на НАТО не ја дадоа поддршката што ја ветија“, рече Столтенберг.
Свет
Во Аргентина откриен нов вид диносаурус
Аргентинските палеонтолози објавија дека откриле нов вид диносаурус, наречен Chakisaurus nekul, кој живеел пред околу 90 милиони години во областа на денешна Патагонија.
Chakisaurus nekula е тревојаден диносаурус со средна големина, а фосилот е пронајден во природниот резерват Пуебло Бланко, во јужната провинција Рио Негро, каде што претходно биле пронајдени бројни остатоци од други диносауруси, цицачи и риби.
Се смета дека најголемиот чакисаурус достигнал големина од три метри во должина и 70 сантиметри во висина, а новите студии покажуваат дека овој тип на диносаурус трчал брзо и имал невообичаено закривена опашка, наведува Ројтерс.