Свет
Шведска бира нов Парламент, премиерот Реинфелт фаворит
Околу седум милиони Швеѓани ќе излезат денеска на гласање за нов Парламент. На изборите, според анкетите, повторно предност има десниот центар, но сепак, изборите можат да донесат историски промени за ултра десничарите, пренесуваат шведските медиуми.
Околу седум милиони Швеѓани ќе излезат денеска на гласање за нов Парламент. На изборите, според анкетите, повторно предност има десниот центар, но сепак, изборите можат да донесат историски промени за ултра десничарите, пренесуваат шведските медиуми.
Солиден економски раст е адутот на сегашниот премиер Фредерик Реинфелт кој и покрај кризата успеа да го сочува познатиот “шведски модел“ за благосостојба.
Кампањата помина мирно меѓу двата традиционални политички блока, владејачкиот Центристички сојуз кои беа на власт во изминатите четири години и црвено-зелената коалиција предводена од социјалдемократите на Моно Салин.
Новост за изборите е растот на популарноста на демократите кои го нарекуваат Реинфелт “популист и ксенофоб“
За да влезат демократите во Парламентот потребни им се четири отсто од гласовите.
Анкетите предвидуваат дека ултра десницата ќе добие 7,5 отсто од гласовите, а тој резултат е тројно подобар од 2,9 отсто од изборите во 2006 година.
Сојузот на десниот центар во кој спаѓаат Умерената партија на премиерот Реинфелт, либералите и Христијанско-демократската партија се очекува да освојат 49,8 отсто од гласовите.
На левицата анкетите и предвидуваат 40,9 проценти од гласовите.
Ако ниту еден блок не освои 175 од вкупно 349 места во Парламентот, Шведска ќе има нови избори.
Социјалдемократите кои владееја 63 од изминативе 80 години, за првпат беа присилени да ги здружат силите со други партии и влегоа во коалиција со Зелените и Левицата (поранешни комунисти)
Социјалдемократите го осмислија и долго време го одржуваа светски познатиот “шведски модел“ за одржливост на економијата. Моделот одлично ги комбинира социјалистичките и претприемачките вредности . Овој модел го следи секој Швеѓанец од раѓање па се до смртта, ги покрива сите здравствени потреби, породилно боледување подолго од една година и нуди многу поволности./крај/сар/ит
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Стари книги обложени со отров отстранети од Француската национална библиотека
Властите отстранија четири книги од Француската национална библиотека поради можноста нивните корици да содржат отровен арсен. Имено, некои книги од 19 век, печатени во Британија, имаат смарагдно зелени корици. Арсенот често се користел за боење книги во тоа време.
Научниците од Универзитетот во Делавер во САД ги класифицираа отстранетите томови како потенцијално опасни, но библиотеката вели дека ракувањето со овие книги би предизвикало само мала штета на здравјето. „Ги ставивме во карантин овие дела. Ќе ги анализираме во лабораторија за да можеме да процениме колку арсен е присутен во секој том“, рече портпаролот на Француската национална библиотека, а пренесе Би-би-си.
Списокот на потенцијално опасни книги е составен од „Poison Book Proect“ , иницијатива покрената од научници од Универзитетот во Делавер во соработка со музејот Винтертур во Делавер. Од 2019 година, тимот тестираше стотици корици книги за тешки метали и состави листа на наслови кои се потенцијално опасни.
Издавачите од викторијанската ера користеле арсен за да ги обојат кориците. Светската здравствена организација (СЗО) предупреди на долгорочна изложеност на арсен во водата за пиење и храната, велејќи дека супстанцијата е многу токсична. Сепак, таа не дала никакви упатства за ракување со предмети што го содржат овој отров.
Во 2022 година, библиотекарите во Лидс, Англија открија ретка книга со арсен. Библиотекар ја открил потенцијално отровната книга додека ја споредувал збирката на библиотеката со базата на податоци на проектот „Poison Book“.
Свет
Мигранти плаќале 18.000 евра за превоз преку Ла Манш, биле сексуално експлоатирани
Виетнамска криминална мрежа беше пресечена со акција на полициите на Франција и Англија, со поддршка на Европол.
Оваа група шверцувала мигранти преку Ла Манш и организирала нивна сексуална и трудова експлоатација како и перење пари.
Главниот организатор, идентификуван како десна рака на водачот на оваа банда, го организирал шверцот, додека друг нивни соучесник бил задолжен за собирање пари и организирање на транспортот на мигрантите, кои плаќале од 15.000 до 18.000 евра за превоз преку каналот , соопшти Европол.
На пат од Полска за Франција, некои од мигрантите шверцувале метамфетамин во парискиот регион, снабдувајќи ги азиските групи за шверц на дрога со седиште во областа во замена за намалена цена на патувањето.
Уапсени се 16 членови на оваа група и одземени се разновидна луксузна стока, 100.000 евра во кеш и уште 298.000 евра на банкарски сметки.
Свет
(Видео) Израелски министер доживеа сообраќајка: автомобилот превртен
Автомобилот на министерот за национална безбедност на Израел, Итамар Бен Гвир се превртел при сообраќајна несреќа.
Полицијата соопшти дека во судирот учествувале две возила и дека три лица се пренесени во болница откако биле полесно повредени, додека службениот автомобил на министерот завршил на неговиот покрив.
השר בן גביר היה מעורב בתאונת דרכים סמוך לזירת הפיגוע ברמלה, מצבו קל
(אורלי אלקלעי) @OferHalfonKan pic.twitter.com/iDT6Aq0OIo
— כאן חדשות (@kann_news) April 26, 2024
Од кабинетот на Бен Гвир велат дека министерот е во добра состојба и свесен, но е префрлен на понатамошно лекување во блискиот медицински центар Шамир.
Сликите од местото на настанот покажуваат дека неговото службено возило се превртело, додека друг автомобил бил згмечен напред.
Полицијата соопшти дека ги истражува причините за несреќата.