Контакт

Свет

„Гринпис“ блокираше брод-дупчалка

Објавено пред

Организацијата „Гринпис“ соопшти дека двајца нејзини се качиле на бродот – дупчалка во сопственост на нафтената компанија „Шеврон“, за да го спречат да почне со дупчење во длабоките води во близина на британските Шетландски острови, јавува Асошиејтед прес

Организацијата „Гринпис“ соопшти дека двајца нејзини се качиле на бродот – дупчалка во сопственост на нафтената компанија „Шеврон“, за да го спречат да почне со дупчење во длабоките води во близина на британските Шетландски острови, јавува Асошиејтед прес Активистите на „Гринпис“ употребиле чамци за да стигнат до 228 метри долгиот брод и се закачиле за синџирот на бродот.. Од „Гринпис“  велат дека бродот бил упатен кон нафтените полиња „Легавулин,  каде што требал да започне со дупчењето. „Гринпис“ неодамна испрати свои активисти на Арктикот, каде што се искачија на нафтената платформа со која оперира шкотската нафтена компанија „Керн Енерџи“. /крај/ап/сс/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Почина актерката Мира Фурлан

Објавено пред

Синоќа во САД почина славната југословенска актерка Мира Фурлан на 65 годишна возраст. Фурлан е родена во Загреб на 7 септември 1955 година.

Отпрвин, таа беше истакната актерка во Хрватскиот народен театар во Загреб, но во 1980-тите стана една од најпрепознатливите и најавтентични југословенски филмски актерки. Во тој период од нејзината работа, таа постигна исклучително успешни филмски улоги како оние во филмовите „Киклоп“ (1982) на Антун Врдоjак, „За среќа се потребни тројца“ (1986) на Рајко Грлиќ, филмот „Убавината на порокот“ (1986) на Живко Николиќ и други.

На почетокот на распадот на Југославија, Фурлан замина во Америка, каде што исто така продолжи да игра значајни улоги. Најзначајните и секако најпопуларните достигнувања во кои таа играше улоги се планетарно популарните телевизиски серии „Babylon 5“ и „Изгубени“.

Фурлан беше интелектуалец кој го искажа својот критички став кон лудилото што се случи на нашите простори во 90-тите години на минатиот век, укажа на опасностите на национализмот и омразата што произлегува од него, но исто така прецизно ги демаскираше сите ужаси што се случуваат во светот околу нас.

„Ова е ноќ на голема тага, бидејќи нашата пријателка тргна по патот каде не можеме да ја достигнеме. Но, како и за сите работи, ние ќе го стигнеме тоа со текот на времето и верувам дека ќе има многу приказни и многу нови улоги што треба да ги споделиме со универзумот “, рече Мајкл Страчински, автор на научно-фантастичната серија Babylon 5.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Бајден: Ќе ги поместиме небото и земјата за да вакцинираме што е можно повеќе луѓе

Објавено пред

Новиот американски претседател Џо Бајден ѝ се обрати на американската јавност по повод презентацијата на планот за борба против пандемијата со коронавирус.

„Ќе ги поместиме небото и земјата за да вакцинираме што е можно повеќе Американци бесплатно. Оваа пандемија не е од вчера, но ќе ја победиме. Доаѓа помош. Мојот план се заснова на наука, а не на политика“, рече Бајден на почетокот.

„Досега не можевме да се потпреме на федералната влада, таа не беше со фокус и координација потребни за да се бориме против пандемијата, а потоа ја плативме цената“, рече претседателот, додавајќи дека Америка во последните неколку недели забележува смртност меѓу 3.000 до 4.000. случаи дневно.

„Ситуацијата ќе биде многу полоша пред да се подобри. 20% од смртните случаи ширум светот се во САД, иако нашата земја чини само 4% од светската популација“, кажа тој.

Бајден апелираше до Американците да носат маски во следните 99 дена. „Носењето маски за жал стана партиско прашање, но тоа е патриотски чин“.

Новиот американски претседател додаде дека носењето маски ќе биде задолжително на секое патување меѓу сојузните држави и сите патници кои пристигнуваат во САД од други земји ќе треба да бидат ставени во карантин по пристигнувањето.

Тој предупреди дека до следниот месец, бројот на смртни случаи од ковид во САД ќе надмине половина милион.

Прикажи повеќе...

Регион

Словенец загинал од топовска граната од Првата светска војна

Објавено пред

Топовска граната останата од Првата светска војна убила 64-годишен маж во селото Воглар кај Нова Горица во западна Словенија, во близина на границата со Италија.

Според локалната полиција, несреќата се случила вчера околу 14:30 часот при неконтролирана експлозија на топовска граната 75 милиметри, од француско производство, од периодот на Првата светска војна.

Полицијата продолжува со истрагата, а досега собрала податоци и извршила увид на местото на несреќата која се случила пред влез во гаража на станбена зграда.

Експлозијата веднаш го убила 64-годишниот жител, а истрагата за околностите на инцидентот продолжува, соопшти полицијата од Нова Горица.

Експлозијата и шрапнелите од гранатата предизвикале материјална штета во станбената зграда, а полицијата за сè го известила државното правобранителство.

На тој дел од словенечката територија, кој до 1918 година бил дел од Австро-Унгарија, имало фронт во конфликтот меѓу австро-унгарските и италијанските сили откако Италија влегла во војна на страната на Антантата.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион2 минути

Почина актерката Мира Фурлан

Синоќа во САД почина славната југословенска актерка Мира Фурлан на 65 годишна возраст. Фурлан е родена во Загреб на 7...

Свет11 час

(Видео) Бајден: Ќе ги поместиме небото и земјата за да вакцинираме што е можно повеќе луѓе

Новиот американски претседател Џо Бајден ѝ се обрати на американската јавност по повод презентацијата на планот за борба против пандемијата...

Европа12 часа

Холандија воведува полициски час, луѓето веќе смислуваат начини како да го избегнат

Предлогот на холандската влада да воведе полициски час, прв по Втората светска војна, помина во парламентот, пренесува АФП. #BREAKING Dutch...

Македонија13 часа

Филипче: Попис во време на пандемија е голем предизвик, но може да се спроведе

Спроведувањето на пописот во време на пандемија е голем предизвик, но процесот може да се спроведе и заврши по сите...

Македонија15 часа

15 починати и 356 новозаразени од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.906 тестирања, а регистрирани се 356 нови случаи на...

Свет15 часа

(Видео) Најмалку петмина мртви во пожарот што ја зафати зградата на најголемиот светски производител на вакцини

Голем пожар избувна денес во Индискиот институт за серуми (SII), фабрика за производство на вакцини во градот Пуна. Пожарот го...

Македонија17 часа

Фетаи: Oд доказите произлегува дека изборот на жртвите е да се Македонци

Обвинетите Алил Демири, Африм Исмаиловиќ, Агим Исмаиловиќ да бидат осудени на доживатна казна затвор, на Фејзи Азири да му биде...

Македонија19 часа

Собранието го изгласа законот за попис

По 19 години, во април ќе се одржи попис на населението во земјата. Собрането денеска со 62 гласа „за“, без...

Македонија20 часа

Брнабиќ: Ќе помогнеме вакцините на „Фајзер“ да се регистрираат во Северна Македонија

Српската премиерка Ана Брнабиќ за ТВ „Хепи“ изјави дека земјата е подготвена да испрати 8.000 вакцини во Северна Македонија и...

Македонија20 часа

Фетаи за „Монструм“: Овој чин не заслужува ништо помалку од доживотен затвор

Обвинителката Фатиме Фетаи, која го застапува случајот „Монструм“, преку анализа на доказите, односно вештачењата и сведочењата, му докажуваше на судот...

Македонија21 час

Матурантите ја бојкотираат наставата

Матурантите го бојкотираат почетокот на второто поллугодие. Тие бараат да полагаат два наместо четири предмети од државната матура. „Сојузот на...

Македонија22 часа

Обвинение за двајцата насилници што во автобус на ЈСП се закануваа дека ќе стават патници во киселина

Скопското Обвинителство поднесе обвинение за двајцата насилници што во автобус на ЈСП се закануваа дека ќе стават патници во киселина....

Македонија22 часа

Министерството за здравство: Состојбата со коронавирусот е стабилна

Во согласност со неделните извештаи на Институтот за јавно здравје за изминатиот месец се бележи стабилизација на епидемијата во земјата,...

Европа22 часа

Научниците од „Оксфорд“ подготвуваат вакцина против новите видови коронавирус

Научниците од Универзитетот „Оксфорд“ се подготвуваат што побргу да произведат нови верзии на вакцина, кои ќе може да се борат...

Свет23 часа

По 10 години, демократите ја презедоа контролата и над Сенатот на САД

Тројца нови американски сенатори вчера положија заклетва непосредно по преземањето на претседателската функција на Џозеф Бајден давајќи ѝ на Демократската...

Македонија1 ден

Угостителските објекти од денеска ќе работат до 21 часот

Рестораните и другите угостителски објекти од денеска, наместо до 18, ќе работат до 21 часот. Во согласност со одлуката на...

Свет1 ден

Кина воведе санкции кон 28 лица од администрацијата на Трамп

Кина воведе санкции за 28 лица од Америка, вклучително и официјални лица од поранешната администрација на Трамп, обвинувајќи ги за...

Свет2 дена

(Видео) По силната експлозија во Мадрид, една зграда е уништена, три лица загинаа

Една зграда е уништена, а околните згради се оштетени од силната експлозија којашто се случи недалеку од туристичката атракција Пуерта...

Свет2 дена

(Видео) Бајден положи заклетва: Победи демократијата

„Ова е ден на Америка, ден на демократија. Денес го славиме триумфот не на кандидатот, туку на пораката. Се слушна...

Македонија2 дена

Заев: Пописот е статистички процес неопходен за креирање на долгорочни развојни економски политики

„Остануваме целосно посветени на успешното спроведување на пописот, на неговата афирмација во делот на спроведување и поддршка на самиот попис....

Досие