Свет
Жестоки нереди во Ерусалим, загрозени мировните преговори
Толпа млади Палестинци тргнаа во насилен поход низ источен Ерусалим, при што каменувале автобуси, превртувале автомобили и се судриле со израелската полиција за нереди пред најчувствителното религиозно место во светиот град, јавува Асошиејтед прес
Толпа млади Палестинци тргнаа во насилен поход низ источен Ерусалим, при што каменувале автобуси, превртувале автомобили и се судриле со израелската полиција за нереди пред најчувствителното религиозно место во светиот град, јавува Асошиејтед пресПричина за беснеењето на Палестинците, кое ги стави под знак на прашање чувствителните мировни преговори, е смртта на еден локален 32-годишен Палестинец, кој е убиен од приватно израелско обезбедување на еврејските семејства во населбата Силван. Во оваа населба живеат околу 70 ултранационалистички еврејски семејства , опкружени со преку 50.000 Палестинци. Насилството е јасен показател за тоа колку чувствителна и експлозивна и експлозивна е ситуацијата во Источен Ерусалим. И Израелците и Палестинците тврдат дека областа, во која се сместени клучните еврејски, муслимански и христијански свети места, треба да им припаѓа ним, Според израелската полиција, убиениот Самир Сирхан, имал криминално досие и бил убиен откако група младинци фрлале камења врз обезбедувањето. Но, локалните палестински жители тврдат дека Сирхан, татко на пет малолетни деца, не учествувал во каменувањето. Во еден момент полицијата навлегла и во областа на врвот на таканаречениот Свет рид, која Евреите ја нарекуваат и Планина на храмот, а муслиманите Благородното светилиште. Ова место е едно од најексплозивните во израелско-палестинскиот конфликт и во минатото дури и помали инциденти предизвикувале судири и протести низ целиот регион.Полицијата тврди дека реагирала откако насилните младинци нападнале група еврејски верници крај Западниот ѕид или „Ѕидот на плачот“, најсветото еврејско место за молење на светот. Во нередите се повредени и 10 Израелци, вклучувајќи и една жртва на напад со нож, кој е во критична состојба. Палестинските медицински лица, пак, тврдат дека 14 луѓе се полесно повредени.Немирите кон крајот на денот почнале да се смируваат. /крај/ап/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Македонец нападнат со нож во Косово пред минувачи
Во петокот вечерта во швајцарскиот град Ембрах (кантон Цирих) се случи сериозен инцидент во кој 24-годишен државјанин на Косово со нож повреди 30-годишен маж од Македонија. Нападот се случил пред очите на минувачите на железничката станица.
Драмата започнала околу 17:50 часот кога, според првичните информации од полицијата, избувнала жестока вербална расправија меѓу две жени и еден маж. Ситуацијата ескалирала кога друг маж се вмешал во конфликтот. Во тој момент, 24-годишниот осомничен извадил нож и го повредил 30-годишникот.
Повредениот бил итно префрлен во блиска болница со брза помош. Иако степенот на повредите не е официјално објавен, полицијата потврди дека мажот бил хоспитализиран веднаш по нападот.
По крвавиот инцидент, сторителот успеал да избега од местото на настанот, што предизвикало итна полициска потрага низ целиот кантон. Сепак, слободата била краткотрајна. Благодарение на брзата координација на безбедносните служби, осомничениот бил пронајден и уапсен приближно два часа подоцна во кантонот Швиц.
Кантонската полиција во Цирих и надлежното јавно обвинителство отворија истрага за да се утврди точниот мотив за нападот, како и хронологијата на настаните што довеле до повредувањето на Македонецот.
Поради полициската истрага, пристапот до железничката станица во Ембрах беше привремено ограничен во петокот вечерта, предизвикувајќи помали прекини во сообраќајот.
Свет
За иранскиот претседател убиството на Хамнеи е „објава на војна против муслиманите“
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави дека убиството на врховниот водач ајатолахот Али Хамнеи во американските и израелските напади претставува „објава на војна против муслиманите“.
„Атентатот на највисокиот политички авторитет на Исламската Република Иран и истакнат водач на шиитизмот ширум светот … се доживува како отворена објава на војна против муслиманите, а особено против Шиитите, насекаде во светот“, вели Пезешкијан во изјавата пренесена од државната телевизија.
Тој додава дека одмаздата за убиството на Хамнеи е право и обврска на Исламската Република.
„Исламската Република Иран го смета за своја легитимна должност и право да им се одмазди на сторителите и на мозоците на ова историско злосторство“, вели Пезешкијан, пренесе Тајмс оф Израел.
Свет
Унгарија ги осуди иранските напади врз заливските држави
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Унгарија, Петер Сијарто, изјави дека Будимпешта најостро ги осудува иранските напади врз суверенитетот и територијалниот интегритет на заливските држави.
Како што наведе, нападите насочени кон Обединетите Арапски Емирати, Катар, Бахреин, Кувајт и Саудиска Арабија претставуваат сериозна закана за регионалната безбедност.
„Секој чекор што води кон ескалација на конфликтот е неприфатлив и дополнително ја зголемува нестабилноста на Блискиот Исток. Безбедноста и стабилноста на регионот се од глобален интерес, а Унгарија поддржува деескалација“, порача Сијарто во објава на социјалната мрежа Икс.
Тој додаде дека Унгарија изразува солидарност со своите партнери во регионот, кои, според него, се изложени на континуирани напади.

