Свет
Рускиот неонацист Даџик уапсен во Норвешка
Норвешката полиција во Осло вчер уапсила тројца неонацисти, меѓу кои и е рускиот државјанин Вјачеслав Дацик, јавува денеска електронското издание на норвешкиот весник „Афкенпостен“
Норвешката полиција во Осло вчер уапсила тројца неонацисти, меѓу кои и е рускиот државјанин Вјачеслав Дацик, јавува денеска електронското издание на норвешкиот весник „Афкенпостен“Како што пренесуваат руските агенции повикувајќи се на весникот, норвешката имиграциска полиција била изненадена кога во вторникот попладне во една од имиграцискити канцеларии во Осло, каде што странски државјани поднесуваат барања за азил, се појавил голем мускулест маж. Тој кај себе имал пиштол кој го предал на полицијата.Мажот се претставил како Вјачеслав Дацик, име кое го носи припадник на ултранационалистичка партија Славјанска унија. Во Русија Дацик е баран со потерница откако побегнал од психијатриска болница, пишува „Афкенпостен“..„Како што дознавме вчера (вторник) утрото дојде еден човек, кој имаше кај себе пиштол“, изјавил претставникот за односи со јавноста на полицискиот оддел за имиграција, Роар Хансен.Во прилогот на норвешкиот весник, пренесува РИА Новости, е дополнето и дека покрај Дацик биле уапсени уште две друг лица кои се осомничени дека се поврзани со руското нео-нацистичко движење.На видео-материјалите објавени на интернет издание, норвешките власти соопштиле дека руските неонацисти пристигнале во Норвешка на брод натоварен со оружје. Случајот е доделен на претставници на норвешката Служба за борба против организиран криминал, пишува весникот.Началникот на одделот за организиран криминал во Осло, Еинар Аас, за Aftenposten потврдил дека еден оц уапсените е Русин, но рекол дека другите двајца уапсени доаѓаат од балтичките земји.За колкав шверц на оружје точно станува збор, норвешката полиција не соопштила, пишува РИА Новости. Агенцијата пренесува дека по Дацик трага полицијата на Санкт Петербург од крајот на август кога тој побегнал од психијатриска болница во Ленинградкиот регион. Вјачеслав Дацик инаку е светски првак во една од верзиите на борби без правила во тешка категорија. /крај/риа/сн/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Прво огласување на кралот Чарлс по апсењето на Ендру
Британскиот крал Чарлс се огласи по апсењето на својот брат и поранешен принц Ендру.
„Со најдлабока загриженост ја примив веста за поранешниот принц Ендру Маунтбатен Виндзор и сомневањето за злоупотреба на јавна функција. Она што сега следи е целосен, фер и правилен процес за соодветно истражување на ова прашање и од страна на надлежните органи. Во ова, како што реков, тие ја имаат нашата целосна и безусловна поддршка и соработка. Да бидам јасен: законот мора да си го направи своето. Додека овој процес продолжува, не би било соодветно да коментирам понатаму. Во меѓувреме, моето семејство и јас ќе продолжиме да ја извршуваме нашата должност и да ви служиме на сите вас. Чарлс Р.“, изјави тој.
Свет
Стармер: Никој не е над законот
Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека уапсениот Ендру Маунтбатен-Виндзор треба да разговара со властите во Велика Британија и САД во врска со „скандалот“ околу осудениот сексуален престапник Џефри Епстин, нагласувајќи дека „никој не е над законот“.
Во интервју за Би-Би-Си, Стармер рече дека секој што има релевантни информации има обврска да се јави кај властите.
„Секој што има какви било информации треба да сведочи. Без разлика дали е Ендру или некој друг, секој што има релевантни информации треба да контактира со надлежниот орган“, истакна британскиот премиер, додавајќи дека ова важи не само за случајот Епстин, туку и за сите други случаи на насилство врз жени и девојчиња.
Стармер истакна дека еден од основните принципи на британскиот систем е дека сите се еднакви пред законот.
„Никој не е над законот. Тоа е долгогодишен и многу важен принцип на нашето општество и мора да се примени во овој случај на ист начин како и во секој друг“, рече тој.
Ендру Маунтбатен-Виндзор беше уапсен денес во неговиот имот Вуд Фарм во Сандрингам, на неговиот 66-ти роденден, објави британскиот „Телеграф“, повикувајќи се на неименувани извори.
Ендру беше уапсен под сомнение за злоупотреба на јавна функција.
Регион
Пленковиќ: Разговарав со Вучиќ, Сојузот е „технички“
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денес во Њу Делхи изјави дека за време на разговорот со српскиот претседател Александар Вучиќ, тој „ги отфрлил стравувањата на Србија во врска со одбранбената соработка меѓу Хрватска, Албанија и Косово“.
„Ги отстранивме стравувањата што, според нас, постојат во Србија во врска со соработката меѓу министерствата за одбрана на Хрватска, Косово и Албанија.“ Објаснив дека оваа соработка е насочена кон техничка соработка на нашите оддели и дека на никаков начин не е насочена против Србија“, рече Пленковиќ.
„Значи, сега, колку што видов од неговата изјава, таа е прифатена“, им рече Пленковиќ на новинарите на маргините на самитот за вештачка интелигенција во Њу Делхи, пренесува „Хина“.
Според написите, минатата година, Хрватска, Албанија и Косово потпишаа Декларација за соработка во областа на одбраната и безбедноста, која, според толкувањето на експертите, не е исто што и договор за воено-техничка соработка,.

