Свет
Министерството за земјоделство трошело пари без налози и одобрување
Паушали, превоз на државен трошок, нефактурирани сметки во ресторани и во луксузни хотели, набавка на мобилни телефони, мебел и компјутерска опрема.
ДРЖАВЕН ЗАВОД ЗА РЕВИЗИЈА
Паушали, превоз на државен трошок, нефактурирани сметки во ресторани и во луксузни хотели, набавка на мобилни телефони, мебел и компјутерска опрема. За ова биле потрошени 11.000 евра, кои воопшто не се предвидени во буџетот, и претставуваат само дел од неправилностите што ги утврдил државниот ревизор во Министерството за земјоделство.
“За основни плати, наемнини и за придонеси од плати и персонален данок се исплатени 90.000 денари за месечни паушали на државниот секретар на министерството од ноември 2002 година до истиот месец 2003 година, што е спротивно на Законот за плата, и за другите надоместоци на пратениците во Собранието. За превоз до работно место се исплатени 85.000 денари повеќе од износот пропишан во Законот за буџетите, а 470.000 денари за купување мобилни телефони, мебел, печатачи, трошоци што не биле предвидени во буџетот.
Министерството му исплатило 169.000 денари на хотелот “Александар палас” за ресторански услуги без одобрение на извршената услуга.
Во извештајот пишува дека не е продолжен договорот за закуп на деловниот простор за кои на “Македонија табак” годишно и се плаќале 6 милиони денари за Ветеринарната управа, а договорот е склучен без постапка за јавни набавки.
Спротивно на законот се работело и при печатарските услуги во 2000 и 2001 година, за што биле потрошени 228.000 денари, без документи.
Ревизијата не била во можност да утврди за што биле потрошени 21,5 милиони денари државни пари одобрени на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството од Битола зашто целата документација била недостапна за ревизорите. Ревизорот не можел да го утврди ни трошењето на парите наменети за ревитализација на селата.
Инспекторите утврдиле дека за авторски хонорари за превод на закони му биле исплатени 106.000 денари на едно лице, без документација за поевтини понуди, иако Министерството е обврзано на таква постапка.
Вчера никој од ресорот не го коментираше извештајот, зашто сите одговорни биле на службен пат или биле презафатени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Руте: Новата арктичка мисија на НАТО е многу значајна
Отфрлајќи ги критиките дека новата арктичка мисија на НАТО е само ребрендирање на постојните активности, генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, рече дека тоа е „многу значајна“ иницијатива.
НАТО предложи нова операција „Арктички стражар“ завчера, која би ги консолидирала заедничките вежби во областа под команда на алијансата.
Сепак, дипломатите и експертите веруваат дека ова е главно комуникациски потег насочен кон смирување на Доналд Трамп, како и одговор на заканата што ја оценуваат како во голема мера претерана.
Руте објасни дека мисијата ќе има „чекор-по-чекор пристап“ и ќе започне со обединување на „постојните вежби и активности“ на алијансата во регионот под една команда за да се утврди „што друго ни треба“.
Врховниот командант на сојузничките сили за трансформација, адмирал Пјер Вандиер, исто така ќе биде замолен да испита како „најновите иновативни технологии“ можат да се користат на Арктикот.
фото/Depositphotos
Свет
Макрон: Русија е значително ослабена од конфликтот
Францускиот претседател, Емануел Макрон, тврди дека Русија всушност е значително ослабена од конфликтот.
Според него, Русија влегла во рецесија, станала целосно зависна од Кина, има демографски проблем и се соочува со воен неуспех.
Макрон нагласи дека Европејците сега станаа „единствениот извор на воено финансирање“ за Киев, алудирајќи на Соединетите Американски Држави, кои побараа од Европа да ги засили своите напори.
Тој верува дека не може да се постигне мировен договор меѓу Украина и Русија без учество на Европејците.
„Ние ќе бидеме дел од решението и треба да бидеме дел од решението“, рече Макрон. Тој додаде дека токму тоа е причината зошто неговата канцеларија неодамна воспостави контакт со Москва.
foto/Depositphotos
Свет
Тројца скијачи загинаа во лавина на француските Алпи
Тројца скијачи загинаа откако беа однесени од лавина во луксузниот француски алпски скијачки центар Вал д’Изер, изјави за новинарите Седрик Боневие, задолжен за патеките на одморалиштето.
Боневие рече дека една жртва е француски државјанин, додека другите се странци.
Тој додаде дека инцидентот се истражува.
Медиумските извештаи велат дека инцидентот се случил надвор од пистата.
Се чини дека една од жртвите била зафатена од лавина високо на планинската падина, додека другите двајца биле во група од пет скијачи, вклучувајќи и професионален водич, пониско од планината каде што не можеле да ја видат катастрофата што се приближува.
Не е познато што ја предизвикало лавината, рече Боневие.
Метео Франс, националната метеоролошка служба, во четвртокот го стави подрачјето под црвена тревога поради ризик од лавини.
фото/Depositphotos

